Ослободување на Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ослободување на Велес
Дел од Завршни операции за ослободување на Вардарска Македонија

Парада организирана од Македонски партизани во 10 ноември 1944 после ослободувањето на Велес, парадата беше низ Центар, Хотел Македонија и еден од старите слаткарници
Датум 9 ноември 1944
Место Велес и нејзината околина
Исход Победа на Македонските партизани
Завојувани страни
НОВМ
НОВЈ
Царство Бугарија[1][2][3]
Третиот Рајх
Команданти и водачи
Боро Чушкар[4]
Михајло Апостолски
Александар Лер[5]
Вклучени единици
Непознато, претпоставено околу 2.000 војници[6] 300 војници[7]
2 топови[7]
50 болни војници[8][7]
Жртви и загуби
~24 убиени[9][10]
~15 повредени[7]
~12 цивилни жители убиени[5]
~30 убиени[7]
~100―250 заробени и повредени[7]

Битката за ослободување на Велес ― воена битка од страна на Народноослободителна војска на Македонија која што соработуваше со Југословенските партизани против војската на Третиот Рајх кој што во нејзиниот состав содржи војници од војската на Бугарија кој што биле против Татковинскиот фронт. Битката почнала во надворешниот дел од градот околу Црквино, Горно Оризари и Лисиче но после се прошири кон внатрешниот дел во Велес, во населби како Којник, Тунелот, С'рмаале и многу други места.[11]

Битката беше победа на НОВМ и НОВЈ, заради тоа после битката германската армија почнала да се привлекува од градот и почнала да патува кон Скопје користејќи ги железничките пруги помеѓу градевите, каде што неколку дена од ослободувањето на Велес почна битката за ослободувањето на Скопје. Главни учесници на битката биле 3та Македонска ударна бригада којашто се бореше во западниот дел од Велес покрај Лисиче-Раштани, 12та Македонска ударна бригада која што организирала брз марш од Бањица кон Раштани, 8та Македонска ударна бригада, позната и како Велешката ударна бригда беше покрај јужно-западниот дел од општина Велес со тивок организиран марш од Отиштино до Горно Оризари и после кон Вршник.[12] 41та Македонска дивизија на НОВЈ од јужниот дел од Велес преку Градско активно ја следише германската армија откако ја поразиле во Егејска Македонија и во градот Гевгелија каде што после го ослободиле. 50та Македонска дивизија на НОВЈ исто ја следише германската војска преку северно-источниот дел од Велес од Штип.[13]

Позадина[уреди | уреди извор]

При евакувацијата на Германската дивизија „Е“ и 50та пешадиска германска дивизија од Егејска Македонија кон Велес тие уништувале мостови како обид на спречување на македонските и југословенските партизани да достигнат до Велес.

Заради местоположбата на градот Велес и заради нејзината развиена железничка пруга поврзувајќи Гевгелија и Скопје таа беше користена како редовен центар за пренесувајќи војници и материјали. Заради тоа Михајло Апостолски планирал да го користи градот како центар на комуникација помеѓу партизански единици и заради тоа предложил на главниот штаб на НОБ и ПОМ да се ослободи градот и да се користи како начин на пренесување војници и дивизии.[14]

Германската војска во тој период беше во проблематична состојба заради нивната местоположба, во тоа време најголемата дивизија од Третиот рајх во Македонија беше армиската група „Е“ и 50та пешадиска германска дивизија. Двете дивизии биле заглавени длабоко во територијата на Егејска Македонија, јужните делови во Грција и јужниот дел од Албанија. Заради тоа под команда на германскиот генерал Александар Лер почнале да организираат евакуација од Грција кон Велес. Михајло Апостолски, посакувал процесот на ослободувајќи на Велес да биде едноставен без водејќи битка со германската армија, заради тоа неговиот главен план беше да ја спречи евакуацијата на Александар Лер.[15] Армиската група „Е“ според нејзината местоположба имаше три можни патишта за корист, тие биле црвениот, зелениот и синиот пат. Зелениот пат беше патиште кој што минуваше низ Мечово-Дескат-Кожани-Битола-Прилеп-Градско-Велес, беше именувано како „зеленото“ во германската армија заради тоа што беше најбезбедниот пат за евакувација, 11та полска воздухопловна дивизија беше еден од единиците којшто успешно евакуирале користејќи го зелениот пат.[16]

Слика од германската армија околу Егејска Македонија при нивната евакуација.

Следниот главен пат беше „Црвениот“ кој што минувал низ Волос-Лариса-Тирнавос-Кожани-Бер-Топчиево-Ругуновец-Гевгелија-Валандово-Бистренци-Градско-Велес, црвениот пат бил познат заради колку небезбеден бил при евакуацијата, тој исто бил најдолгиот пат и заради тоа бил многу ретко користен при нивниот план. 4та СС полициска околинска дивизија под команда на Фриц Шмедес[5] се обидувала да евакувира кон Велес користејќи го патот но само достигнале до Гевгелија пред да бидат поразени од страна на 41та Македонска дивизија на НОВЈ.[16] Следниот пат бил „Синиот“ кој што минувал низ Солун-Кукуш-Дојран-Валандово-Струмица-Радовиш-Кадрифаково-Куманово-Велес, бил именуван како синиот заради колку ладен патот беше при евакувација, 22та германска пешадиска дивизија под команда на Ернест Лајсер успешно евакувирала, но 104та и 112та германска пешадиска дивизија се обидувале да евакуираат но биле поразени во Струмица.[16]

Фортификација[уреди | уреди извор]

Мапа за ослободувањето на Велес, прикажува фортификацијата на германската армија и на македонските партизани.[17]

Откако германските сили достигнале до Велес почнале да се спремаат за битка помеѓу македонските партизани, тие почнале да организираат три главни фортификации во градот Велес и нејзината околина, нивната прва главна, најдолга и најглавната фортификација беше линија поставена во околината на Велес која што поминувала низ Гроот-Баир (точка во Облаковската Планина)-Вршник (точка во Градешката Планина), втората главна линија зафаќаше железничката пруга пред градот со точката Вршник. Третата главна линија беше во центарот на градот Велес, зафаќајќи железничкиот мост, центарот на градот, голем мост и јужен дел од Велес.[18] Кон источниот дел на Велес кој што се наоѓаше на другата страна на брегот на реката Вардар било слабо фортификувано со само мал дел од војници сместени покрај патишта помеѓу Штип и Велес.[18]

Македонските партизани и дивизии исто почнале да се организираат за нападот на Велес, 42та Македонска дивизија на НОВЈ организираше брз марш каде што поминувале низ Седларево-Црвена вода-Боро поле-Караџица-Солунски пат-Демирова ливада-Горно Јаболчиште-Дреново-Лисиче и почнале да организираат и групираат, истовремено почнале да поставуваат артилери покрај селата Бањица и Отиштино бидејќи се спремале за ослободувањето на Велес.[18] 8та Македонска ударна бригада организирала брз марш од Сува Гора до Велес, 3та Македонска ударна бригада, 12та Македонска ударна бригада биле поставени во другата страна на езерото Лисиче каде што се спремале за борба.

Борбата[уреди | уреди извор]

Марш на 8та В. У. Б.[19]
Крвава зора над Велес грее
народ борци чека крв да лее
Еј за Велес слободен и Вардар!
Еј за светли дни слобода дар

Напред бригадо во крвов поход
за Велес, Вардар и слободен род

Челата наши смртта ги краси
Еј, ропство бега без да се спаси
Еј, пред дигнат нож на вчерашен роб
слобода слета од замрзнат гроб

Напред бригадо во крвов поход
за Велес, Вардар и слободен род

Планот[уреди | уреди извор]

Македонските партизани откако поставиле фортификации почнале да организираат план за како да се ослободи градот. Главниот проблем на партизаните беше структурата на германската армија, германската армија била многу повеќе развиена од македонската армија, Германците исто имале развиени коњовски и артилериски бригада поставени во внатрешниот дел од Велес, заради тоа доведеле до заклучокот дека нападот требаше да се одвива во ноќта.[20] Според планот 42та Македонска дивизија на НОВЈ требаше да го ослободи западниот дел од градот, додека истовремено 50та Македонска дивизија на НОВЈ од Штип требаше да го ослободи источниот и северниот дел од градот. 11та Македонска ударна бригада требаше да помогне обезбевудајќи го приодот на 41та Македонска дивизија на НОВЈ кон Велес од Градско каде што ќе користеле мост што минува низ реката Бабуна.[21] 3та Македонска ударна бригада требаше да го нападне индустрискиот центар на градот и да ги ослободи фабриките околу градот и железничката станица. 8та Македонска ударна бригада била дадена најголемата улога од сите други бригади и дивизии, тие требале да патуваат од западниот дел од градот и од германската касарна на градот до Долно Дуќани и центарот на градот, при тоа требала да ја ослободат маслодајната фабрика во тоа време, истовремено имале поставени артилери покрај Раштани-Велес за германските сили.[22]

Борбата[уреди | уреди извор]

Борбен пат на 3 македонска ударна бригада, прикажувајќи го ослободувањето на Велес.
Македонски партизани од 8-та Македонска ударна бригада во Вршниик
При битката, германските сили почнале постепено да се привлекуваат кон центраниот дел на градот и покрај реката Вардар.

Главниот штаб на НОБ и ПОМ дала наредба за почетокот на нападот, 8та Македонска ударна бригада во 3-те часот наутро во 9-ти Ноември почнале долг и суров марш каде што се качувале на Градешката Планина и ја постигнале највисоката точка позната како Вршник за околу еден час. Во 4-те часот почна битката. 8та Македонска ударна бригада почнала да се симнува од планината кон градот, при тоа убиле еден германски стражар покрај Стар мост. Германците заради времето на нападот не биле спремни, заради тоа како обид на спречување на ослободувањето на градот тие ги уништиле сите мостови присутни во градот. Околу 3-те часот 3та Македонска ударна бригада ги нападнала германските и бугарските сили и достигнала до железничката станица и после тоа за кратко време успешно ја ослободиле населбата Тунел. Околу 8 часот Германските сили изгубиле контрола на Којник, Мегдан, Центарот на градот и реката Бабуна. Почнале да водат сурови борби покрај улиците, каде што некој граѓани почнале исто така да учествуваат.[23]

Германската армија беше во проблематична состојба, почнале да организираат евакувација од градот покрај 9-те часот, но проблем беше главната улица за излез од градот беше окупирана од 50та Македонска дивизија на НОВЈ, заради тоа требаше алтернативен пат да користат, заради тоа евакувацијата траеше неколку часеви, каде што неколку германци биле убиени и многумина заробени. Во 9-те часот главната касарница на германската војска во Велес беше уништена од експлозија од македонските партизани. Околу 10-те часот се привлекле од центарот на градот, главната индустриска зона во Велес во тоа време и од велешката црква Св. Спас. Германската армија успешно повлекле дел од нивната армија покрај 12 часот користејќи го железничкиот мост. Во 15 часот мостот беше уништен од страна на германската армија како обид да ги спречи партизанските дивизии. Во 16 часот градот беше целосно ослободен.[24]

Учество на Бугарската армија[уреди | уреди извор]

Во бугарската историографија која што е позната заради нејзините псевдоисториски гледишта, сметаат дека ослободувањето на Велес беше од страна на 4та бугарска армија која што водела марш од Брегалница-Струмица кон Велес.[25] Вакви оспорени гледишта се појавиле заради пристрасеноста пристуна во бугарската историографија која што имала главна улога да ги подобри гледиштата на нејзината држава после војната. Според Румен Даскалов, познат историчар и професор од Бугарија:

Кога ја пишува историјата на сопствената држава (и нација), историчарот тешко може да избегне националистички пристрасености од овој или оној вид. Предметот и „вредностите“ во овој случај се тесно испреплетени и сосема неразделни; во одредена смисла националната историја може да стане националистичка историја. Дотолку повеќе што националните чувства и ставови се многу живи и историчарот како личност ги споделува овие вредности/ Националистичкото „пристрасеностување“ од посуров тип е едноставно неизбежно кога ниту национализмот е доведен во прашање, ниту се дискутираат целите на пишувањето историја. Потекнува бугарската историографија во епохата на националната преродба кога се сметаше за политичко оружје во народноослободителните борби.Оваа национално-националистичка традиција на историографијата продолжува доста непрекинато до денес и никогаш не била сериозно разбиена.

— Румен Даскалов, [26]

Според сведошти бугарската армија не учествувале во битката и пристигнале во градот после неколку дена кога беше ослободен, тие при битката на ослободувањето на градот биле намерно пацифисти и поставиле фортификација покрај Злетовската река и пристигнале во Велес но брзо почнале да патуваат кон Скопје бидејќи никој во градот не ги почитуваше, на крајот не пристигнале до Скопје заради нивните саботаживни дела.[27] според сеќавањето на Михајло Апостолски, бугарската армија почнале да објавуваат како го ослободиле Велес преку Радио Софија што беше фалсификација заради тоа што кога беше објавено во Радио Софија армијата не пристигнала во Велес туку уште беше во Штип, иста тактика ја користеле при ослободувањето на Штип и ослободувањето на Скопје. Во Бугарската армија беше откриено дека имале привремено спремени весници за ослободувањето на Велес со лажна содржина да се објаваат во бугарските медиуми но со наредба на Михајло Апостолски ги собрале весниците и ги уништиле.[28]

После ослободувањето[уреди | уреди извор]

Извештај од Боро Чушкар до Главниот Штаб на НОВ и ПОМ за нападот на Велес и нејзиното ослободување. (9 ноември 1944).
Слика од говорот на Брашнаров после ослободувањето на Велес

Германската армија беше тешко поразена, биле форсирани да ги уништат железничките пруги што тие ги користеле и нивните локомотиви за да не бидат под контрола на партизани, сите Германски војници, живи и мртви биле прогонувани од градот, тие што биле заробени биле користени како работници на реконструкција на мостовите и железничките пруги уништени од Германија. Според сведошти сите Германци биле прогонувани но еден успеал да се скрие во црквата Св. Спас, но бил откриен и после убиен.[11] Македонците ги пречекале со среќа, денот кога беше ослободен градот имаше голема забава каде што населението играле ора во центарот на градот.[11] Панко Брашнаров биле пречекан како херој на народот и дал говор за градот Велес. Со Брашнаров бил и Методија Андонов-Ченто, Крсте Гермов-Шакир и други истакнати партизани како Страхил Гигов. После ослободувањето на градот беше организирана парада за слава на сите борци кој загинаа за ослободувањето на градот, главните учесници во парадата беше

Со новата формирана влада беше одлучено за прв градоначалник да биде македонскиот револуционерен деец Дончо Мирчевски.

После ослободувањето структура на новата формирана комунистичка влада беше организирано од страна на НООВ (Народниотослободителен одбор на Велес), како градоначалник на новата влада беше одбран Дончо Мирчевски, како секретар бил одбран Благој Васков, Орце Виларов бил прочелник за мобилизација, Сокол Танев бил за финансии, но тој во иднината ќе станел градоначалник на Велес после мандатата на Дончо Мирчевски.[29] Јованче Поп Стефанов бил одбран за просвета, Богдан Гигов за земјоделие, Тодор Боцев за социјални грижи, Тодор Ацев бил одбран за командар на милицијата, Нада Алчева била одговорна по АФЖ и Никола Никушев, Руса Голистојанова, Амди Шех Исмаил и Али Риза биле истакнати членови на АФЖ.[30]

Загинати[уреди | уреди извор]

Слика од внатрешниот дел од спомената костурница во Велес, каде што ги содржи остатоците на сите војници убиени бри битката, во спомената костурница исто содржи коските остатоци на Кочо Рацин.

Лист на имиња и презимиња на сите борци загинати во битката за ослободувањето на Велес, вкупно биле убиени 24 борци, 10 биле партизани во Трета Македонска ударна бригада, 8 биле партизани во Осмата Македонска ударна бригада, 6 биле борци кој што се приклучиле при битката, заради тоа за нив многу малку е познато. Биле исто така ликвидирани 12 цивилни жители при битката но за нив исто не е познато.

Бр. Име и презиме Датум на раѓање Место на раѓање Учество
1 Стоилко Атанасов Алексов[31] 1923 Бистрица, Велешко во 8та Македонска ударна бригада[32]
2 Трајче Јованов Андреев 7 мај, 1925 Богомила, Велешко
3 Тодор Андов Илиев 12 ноември, 1921 Велес
4 Рампо Боризов Милевски 25 јули, 1926 Плетвар, Прилепско
5 Иван Котев Мирчев 1921 Велес
6 Тоде Коцев Наумов 1909 Дреново, Велешко
7 Коце Јорданов Тодоровски 1921 Кичево
8 Јован Борисов Тикваров[33][34] 7 јануари, 1924 Велес во 3та Македонска ударна бригада
9 Јовче Петров Ќучуков[31][35] 9 август, 1911
10 Александар Савов Додевски 1924 Канарево, Кумановско
11 Стојан Јовановски[36] 1926 Старо Нагоричани, Кумановско
12 Николај Ранков Јовановиќ Брзак, Кумановско
13 Витомир Досев Митовски[37] 1907 Клечевце, Кумановско
14 Трајко Василев Николовски 1915 Рамно, Охридско
15 Димче Николов Јорданов 13 март, 1922 Велес во 8та Македонска ударна бригада[32]
16 Илија Бошков Петрушевски 15 февруари, 1924 Скачковце, Кумановско во 3та Македонска ударна бригада
17 Перо Стојановски Непознато
18 Сергеј[38][39] Непознато Русија
Граѓани кој се приклучиле при битката
Бр. Име и презиме Датум на раѓање Место на раѓање Учество
1 Јован Василев Ончев 20 јули, 1926 Извор, Велешко[40] Граѓанин кој се приклучи бри битката
2 Стефан Миланов Бобев 1911 Велес[40]
Цивилни жртви
Бр. Име и презиме Датум на раѓање Место на раѓање Учество
1 Мегди Тефиков Алиев 1 февруари, 1931 Велес[40] Цивилни жртви
2 Стеван Миланов Арсов 1912 Кумарино, Велешко[40]
3 Кирил Петров Јованов 4 април, 1907 Војница, Велешко[40]
4 Донка Костова Панова 1909 Велес[40]
5 Славејко Костов Панов 1944 Велес[40]
6 Демуша Таирова 1900 Мамутчево, Велешко[40]
7 Андира Синанова Џемаилова 1926 Бузалково, Велешко[40]
8 Рафис Синанов Џемаилов 1928

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Спомен костурницата во Велес често се нарекува и „Герника на Македонија“ (2022)
  2. Голем број на бугарски војници биле против татковинскиот фронт заради тоа голем дел се приклучија во германската армија
  3. Niebyl, D. (2018). Spomenik Monument Database. FUEL Publishing, page 1984.
  4. Makedonija od ustanka do slobode, 1941-1945 zbornik radova (1987) од Ристо Џунов, страна 972
  5. 5,0 5,1 5,2 ОДМАЗДНИЧКИ АКЦИИ НА ВЕРМАХТОТ ВО МАКЕДОНИЈА (1943-1944) од Роберт Трајковски
  6. Според бројот на војниците на сите единици кој учествувале во битката
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Pismo od Boro Chushkar do GS, NOV, 1944
  8. При борбата имаше околу 50 германски војници кој биле болни и заради тоа не учествувале во битката, сепак голем дел биле заробени или некој убиени
  9. Малковски 2021, стр. 441.
  10. 10 од нив биле партизани во 3-та М.У.Б, 8 од 8-та М.У.Б и 6 цивили кој што се приклучиле во борбата во време на битката, сите убиени биле македонци освен еден заробен русин со името Сергеј
  11. 11,0 11,1 11,2 Како беше ослободен Велес, 9-ти ноември 1944-та (2014) од Петар Печков
  12. Историја македонског народа, Књига трећа. Период између два светска рата и народна револуција (1918-1945) (1970) од Михајло Апостолски страна 407
  13. Миклош 2021, стр. 52.
  14. Апостолски, Михајло (1980). Pogledi vrz jugoslovensko-bulgarskite odnosi vo Vtorata svetska vojna. Naša kniga. стр. 391.
  15. Апостолски, Михајло (1975). Избор, Том 4. Наша книга. стр. 169.
  16. 16,0 16,1 16,2 Миклош 2020, стр. 45.
  17. NOB Makedonije. Publikacija fotografija, dokumenata i karata sa prigodnim tekstom o narodnooslobodilačkoj borbi makedonskog naroda (1964) од Михајло Апостолски и Јован Поповски (страна 193)
  18. 18,0 18,1 18,2 Миклош 2021, стр. 51.
  19. Малковски 2021, стр. 463.
  20. Малковски 2021, стр. 431.
  21. Малковски 2021, стр. 435.
  22. Малковски 2021, стр. 436.
  23. Малковски 2021, стр. 439.
  24. Малковски 2021, стр. 440 и 441.
  25. Семерџиев, Атанас (1984). История на Отечествената война на България: Резултати, изводи и поуки от войната. Voenno izdatelstvo. стр. 219.
  26. Building up a national identity, the case of Bulgaria (1994) од Румен Даскалов, ст.5
  27. Плусинфо (2022). „ГЕНЕРАЛОТ АПОСТОЛСКИ НЕ ИМ ДОЗВОЛИЛ НА БУГАРИТЕ ДА ПАРАДИРААТ ВО СКОПЈЕ: Не помогнале во ослободувањето, а сакале да дефилираат како победници“. Инфомакс.
  28. Антропол (2020). „Апостолски: Им наредив на бугарските армии да се вратат назад поради нивните саботажи“. Антропол.
  29. Сите градоначалници на Велес (2017) од Општина Велес
  30. Малковски 2021, стр. 447.
  31. 31,0 31,1 Сеќавање: Учеството на едно момче во ослободувањето на Велес (2020) од Љупчо Данов
  32. 32,0 32,1 Малковски 2021, стр. 428 - 430.
  33. Народна и универзитетска библиотека "Климент Охридски" - Скопје (1985). Македонска библиографија, Монографски публикации. 1. серија. Библиотека. стр. 149.
  34. Познат и како Јовче Тикваров или Јованче Тикваров во постари книжевни дела
  35. Во постари комунистички македонски извори беше познат како Јовче Чучук.
  36. Ристовски, Блаже (1980). Makedonskiot stih 1900-1944: istražuvanja i materijali. Мисла. стр. 261.
  37. Народна и универзитетска библиотека "Климент Охридски" - Скопје (1985). Македонска библиографија, Монографски публикации. 1. серија. Библиотека. стр. 150.
  38. Во неговото гробиште во Велешката костурница го име текстот „СЕРГЕЈ“ со ништо друго. гробиштето е оштетено и многу малко е познато за човекот.
  39. Според истражувањето на историчарот Љупчо Данов, Сергеј беше единствениот човек што загинал во битката што не бил Македонец, туку по народност бил Русин, тој бил заробен од страна на НОВЈ, тој многу слабо комуницирал македонски, загинал покрај железничкиот мост. За повеќе детали има статијата Данов: Кој бил русинот Сергеј, минер кој загинал при ослободувањето на Велес? (2021) од Љупчо Данов
  40. 40,0 40,1 40,2 40,3 40,4 40,5 40,6 40,7 40,8 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во народно ослободителната војна 1941 - 1945, спомен книга. Просвета. стр. 88, 112–113, 133, 137, 139–140, 142, 144.

Литература[уреди | уреди извор]