Коце Тодороски
Изглед
Коце Тодороски | ||
Роден | 1921 година Кичево, Македонија под окупација на Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 9 ноември, 1944 година Велес, Македонија | |
Националност | Македонец |
Коце Јорданов Тодороски ( 1921во Кичево — 9 ноември, 1944во Велес) — македонски комунистички партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] Еден од партизаните во Осмата велешка бригада којшто загинал при ослободувањето на Велес.
Животопис
[уреди | уреди извор]По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал можност да го продолжи школувањето, останал да учи занает и станал чевлар. За време на окупацијата живеел и работел во Скопје. Како симпатизер на народно ослободителното движење, активно се вклучил во редовите на Народноослободителната војска на Македонија во летото 1944 година во Скопската бригада. Во борбите за ослободување на Велес, истакнувајќи знаме на градскиот часовник - Саат Кулата во Велес, бил смртно погоден во ноември 1944 година.[1]