Тунел (Велес)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тунел е населба во новиот дел на градот Велес од левата страна на реката Вардар, на северозападните падини на ридот Вршник. Името го добила по тунелот на пругата Велес - Прилеп - Битола која минува низ самата населба. Во целост е населена исклучиво само со Македонци. Составена е од голем број на станбени згради и висококатници но и семејни куќи. Во нејзина близина се наоѓа касарната на АРМ „Алексо Демниевски - Бауман“. Низ неа минува главната велешка улица „Благој Ѓорев“ која потоа продолжува како регионален пат кон Чашка и Богомила.