МРТ 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од МТВ 2)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
МРТ 2
Logo of the Macedonian Television 2012 - second channel.svg
Отпочната6 март 1978
СопственикМакедонија Македонија
ДржаваСкопје, Македонија
Област на емитувањеСкопје
СедиштеБул. Гоце Делчев, Скопје
Веб-странаmtv.com.mk
Старото лого на МТВ 2.

МРТ 2 е вториот канал на Македонската радиотелевизија. Основана е на 6 март 1978 година како втора програма на Телевизија Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

На 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии. Одговорен уредник на Втората програма бил Зоран Вангелов. Инаку, во другите денови и во времето кога не емитувала свои содржини, на вториот канал се преземале директно програми од другите југословенски телевизиски центри.

Од 1994 г. на Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик.

Види исто така[уреди | уреди извор]

Телевизии[уреди | уреди извор]

Радија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]