Прејди на содржината

Список на градови во Црна Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Градови во Црна Гора)
Подгорица
Никшиќ
Плевља
Цетиње
Бар
Херцег Нови

Ова е список на градови во Црна Гора во кој се вклучени сите населби од градски тип, што имаат најмалку 2.000 жители. Сите наведени населби ги исполнуваат барањата за статус на град на црногорското Биро за статистика, кои вклучуваат густина на населението, процент од населението вработено во земјоделство и услуги, инфраструктура итн. Ова им овозможува на населбите, кои всушност според населението се помали од некои села да се нарекуваат градови. Најголем град во Црна Гора е главниот град Подгорица во кој живее 35,6% од градското[1], односно 27,5% од вкупното население во земјата.

Во Црна Гора има 21 општина со 40 урбани и 1216 селски населби.[2]

Реден бројГрадПопис 2003ОпштинаГрб
1Подгорица136,473Подгорица
2Никшиќ58,212Никшиќ
3Плевља21,377Плевља
4Биело Поле15,883Биело Поле
5Цетиње15,137Цетиње
6Бар13,719Бар
7Херцег Нови12,739Херцег Нови
8Беране11,776Беране
9Будва10,918Будва
10Улцињ10,828Улцињ
11Рожае9,567Рожае
12Тиват9,467Тиват
13Доброта8,169Котор
14Котор5,341Котор
15Даниловград5,208Даниловград
16Мојковац4,120Мојковац
17Шкаљари4,002Котор
18Тузи3,789Подгорица
19Игало3,754Херцег Нови
20Биела3,748Херцег Нови
21Плав3,615Плав
22Буртаиши3,013Бар
23Колашин2,989Колашин
24Ибарац2,877Рожае
25Голубовци2,869Подгорица
26Ресник2,739Биело Поле
27Недакуси2,308Биело Поле
28Шушањ2,212Бар
29Рисан2,083Котор
30Озриниќи2,024Никшиќ
  1. Rast gradskog stanovništva, DAN - dnevne novine
  2. „Odrzivi gradovi u Crnoj Gori, Miroslav Doderović, Zdravko Ivanović“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2011-04-05.