Ресник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Eupatorium|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Ресник
Eupatorium cannabinum (xndr).jpg
Ресник во Холандија
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Eupatorium
Вид: Ресник
Биномен назив
Eupatorium cannabinum
L.
Синоними[1]

Ресник или конопљика (латински: Eupatorium cannabinum) — повеќегодишно растение од семејството главоцветни.

Опис[уреди | уреди извор]

Ресникот е повеќегодишно зељесто растение високо до 1,5 метар. Расте на влажни места, покрај шуми, покрај патишта, ниви и потоци. Стеблото е исправено со многу листови и со кратки влакненца, прстесто разгранети, на лице светлозелени, а на опачината темни и со влакненца. Цветовите се ситни и имаат црвенкаво виолетова боја, кои на врвот обликуваат густ цвет кој по прецутувањето се претвора во облик на реса. Ресникот цвета од јуни до септември.[2][3]

Состав[уреди | уреди извор]

Ресникот содржи: есенцијално масло, смола, фосфат, калциум оксалат, калиум нитрат, силициумска киселина, еупаторин и инулин. Се користат: листот, цветот и коренот. Листот и цветот се собираат во мај, јуни, јули во август, а коренот во септември, октомври, ноември.

Употреба[уреди | уреди извор]

Во народната медицина чај од ресник се употребува како билка од која забременуваат жените и како билка против холестеролот во крвта. Исто така, се употребува и за болести на жолчката и црниот дроб, хепатит, жолтица и против грозница, холестерол во крвта, за грип, го скратува траењето на грипот и го намалува бројот на смртни случаи при епидемии. Надворешно, се користи за рани кои тешко се лекуваат и тумори. При користење на ресник се препорачува болниот да биде под контрола на лекар. Кај народот се смета дека жените кои пијат чај од ресник раѓаат многу деца и затоа се користи против женски стерилитет и за внатрешни крвавења од секаков вид.[2][3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Plant List, Eupatorium cannabinum L.
  2. 2,0 2,1 „РЕСНИК – EUPATORIUM CANNABINUM (КОНОПИЉКА)“. Мариово. Посетено на 28 март 2022.
  3. 3,0 3,1 Бошковски, Божидар. Новаци.мк. Отсутно или празно |title= (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)

Литература:[уреди | уреди извор]

  • Драгослав Животиќ и Драгана Животиќ, Прирачник за собирачи на растенија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]