Градови во Малта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Република Малта, како една од најмалите европски држави, има само едностепена поделба на 68 општини, од који 11 имаат статус на град.

Мапа на Малта со градовите и поважните населби
Ла Валета, главниот град во средновековни ѕидини
Мдина, иако град, спаѓа во најмалите населби по бројот на жителите (помалку од 300)

Всушност, државата е мала и многу густо населена (над 1000 жит/км²), па во неа има едно големо урбано подрачје со средиште во главниот град Ла Валета, во кој живее 80% од населението во државата.

Статус на град[уреди | уреди извор]

Статусот на град на Малта не е поврзан со неговата големина, туку со неговото историско значење. Повеќето градови ги сочувале границите од минатите векови, па многу нивни предградија се поголеми од нив самите. На пример, најголемата населба (и општина) на Малта је Биркиркара, која нема статус на град. Таа е приближно три пати поголема од блиската Валета, која останала во средновековните ѕидини.

Список на градови[уреди | уреди извор]

Бр. Назив
на градот
Историски
назив
Површина
(км²)
Население
(31.12.2009)[1]
1. Биргу Città Vittoriosa 0,5 2.633
2. Бормла Città Cospicua 0,9 5.605
3. Валета Città Umillisima 0,8 6.266
4. Викторија Città Victoria 2,9 6.306
5. Забар Città Hompesch 5,3 14.956
6. Зебуџ Città Rohan 8,7 11.485
7. Зејтун Città Beland 7,4 11.360
8. Корми Città Pintò 5,0 16.688
9. Мдина Città Notabile 0,9 236
10. Сенглеја Città Invicta 0,2 8.003
11. Сиџиви Città Ferdinand 19,9 8.053

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]