Прејди на содржината

Кјушу

Координати: 33°N 131°E / 33° СГШ; 131° ИГД / 33; 131
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ќушу)
Кјушу
Познат и како 九州
Регионот Кјушу и неговите префектури во рамките на Јапонија
Географија
Местоисточна Азија
АрхипелагЈапонски Архипелаг
Површина35.640 км2
Подреденост по површина37
Највисоко место1.788 м
Највисока точкаКуџу[1]
Држава
Јапонија
ПрефектуриКагошима, Кумамото, Мијазаки, Нагасаки, Оита, Сага, Фукуока
Најголема населбаФукуока
Демографија
Население13.231.995
Густина332,38 /km2 (86.086 /sq mi)
Етнички групиЈапонци


Кјушу (јап. 九州, букв. „деевет покраини“) е трет остров по големина во Јапонија[2] и традиционален регион. Историското име на подрачјето е Сајкајдо (西海道, „западноморско коло“), што се однесува на Кјушу и околните острови.

Во 2006, Кјушу имал 13.231.995 жители и зафаќал површина од 35.640 км2.

Географија

[уреди | уреди извор]

Островот е планински, со извесни вулкански подрачја. На него се наоѓа најактивниот вулкан во земјата, Асо (1.591 м). Други обележја на тектонска активност се бројните топли извори, од кои најпознатите се во Бепу (источен брег) и кај планината Асо, во средишниот дел на островот.

Името Кјушу доаѓа од деветте стари покраини на областа Сајкајдо: Чикузен, Чикуго, Хизен, Хиго, Бузен, Бунго, Хјуга, Осуми и Сацума.

Денешниот регион Кјушу (九州地方, Кјушу-чихо) е политички утврден (но неадминистративен) регион кој се состои од 7 префектури на самиот остров и Окинава на југ:

Како остров на 37-мо место во светот по површина, Кјушу е помал од Шпицберг, но поголем од Тајван. По население го зазема 13-тото место, помалку населен од Борнео, но повеќе од Куба.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Делови од Кјушу се одликуваат со суптропска клима, особено префектурите Мијазаки и Кагошима. Најважни земјоделски производи се оризот, чајот, тутунот, слаткиот компир и сојата, како и одгледувањето на буба за свила. Покрај ова, островот е познат по разни видови на порцелан, како што се аритскиот, имарскиот, сацумскиот и карацуанскиот. Тешката индустрија е концентрирана на северот околу Фукуока, Китакјуши, Нагасаки и Оита и е застапена со производството на хемикалии, автомобили, полупроводници и обработката на метали.

Во 2010, вработеноста на висококвалификуваната работна сила била најниска во земјата, со 88,9%.[3]

Покрај вулканското подрачје на југот, во северниот дел има значајни топли извори околу Бепу. Во овие извори се живеалиште на извесни екстремофилски микроорганизми, кои опстануваат на крајно високи температури.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Куџу, Јапонија“. Peakbagger.com. (англиски)
  2. Nussbaum, Louis-Frédéric. (2005). "Kyūshū" in Japan Encyclopedia, p. 588, p. 588, при Гугл книги
  3. „Grads landing jobs near all-time low“. The Japan Times. 22 мај 2010. Посетено на 22 октомври 2010.
  4. C.Michael Hogan. 2010. Extremophile. eds. E.Monosson and C.Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment, Washington DC

33°N 131°E / 33° СГШ; 131° ИГД / 33; 131