Региони во Јапонија
Изглед
Регионите во Јапонија не претставуваат административни единици, туку опстанале поради таквата улога која ја имале во минатото. Денес сè уште се користат неслужбено, како во учебници по географија, метеоролошки билтени и во состав на имињата на установите и претпријатијата (на пр. Железница Кинки Нипон, банката Чугоку, Универзитет на Тохоку итн).
Од север кон југ, традиционалните региони се следниве:
- Хокаидо (островот Хокаидо и околните острови, население: 5.507.456, најголем град: Сапоро)
- Тохоку (северно Хоншу, население: 9.335.088, најголем град: Сендај)
- Канто (источно Хоншу, население: 42.607.376, најголем град: Токио)
- Чибу (централно Хоншу, вклучувајќи ја планината Фуџи, население: 21.714.995, најголем град: Нагоја), понекогаш се дели на:
- Кансај (Кинки) (западно-централно Хоншу, население: 22.755.030, најголем град: Осака)
- Чугоку (западно Хоншу, население: 7.561.899, најголем град: Хирошима)
- Шикоку (остров, население: 3.977.205, најголем град: Мацујама)
- Кјушу (остров, население: 14.596.977, најголем град: Фукуока) каде спаѓаат:
Секој регион опфаќа по неколку префектури, освен Хокаидо, кој е сам свој регион.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|