Источен Холштајн
Источен Холштајн Kreis Ostholstein | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Шлезвиг-Холштајн | ||
Седиште | Ојтин | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.391 км2 (537 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 203.606 | ||
• Густина | 150/км2 (380/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | OH | ||
Мреж. место | kreis-oh.de |
Источен Холштајн (германски: Ostholstein) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од југозапад надесно) окрузите Штормарн, Зегеберг и Плен, Балтичкото Море и слободниот град Либек.
Историја
[уреди | уреди извор]Округот бил основан во 1970 година со спојување на поранешните окрузи Ојтин и Олденбург во Холштајн. Овие поранешни окрузи имале различна историја.
Округот Ојтин произлегол од кнежевството, а подоцна Регион Либек, кое пак произлегло од секуларизираната кнежевска епископија Либек. Во 1803 година станало енклава на Војводството Олденбург (кое нема никаква врска со холштајнскиот град Олденбург). Во 1937 година бил предаден на Прусија како округ Ојтин во рамките на пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн.
Регионот Олденбург бил дел од Војводството Холштајн. Во 1864 година, Холштајн станал дел од Прусија, по што наскоро бил создаден округот Олденбург во Холштајн.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот се состои од полуостровот Вагрија, полуостров помеѓу Либечкиот и Килскиот Залив, островот Фемарн, источниот дел на областа наречена Холштајнска Швајцарија и северните предградија на Либек.
Холштајнска Швајцарија е област со бројни езера и пошумени ридови, која е поделена со соседниот округ Плен. Бунгсберг, иако со само 168 метри н.в., е највисоката точка во Шлезвиг-Холштајн. Островот Фемарн е третиот најголем остров во Германија. Од 1963 година е поврзан за копното со висечки мост.
Грб
[уреди | уреди извор]Грбот прикажува:
|
Градови и општини
[уреди | уреди извор]Слободни градови | Слободни општини |
---|---|
Општински заедници | |
---|---|
|
|
1седиште на општинската заедница |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Источен Холштајн на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
- Информации за културата и пејзажот на Источен Холштајн Архивирано на 28 април 2006 г. (германски)
|
54°10′N 10°50′E / 54.17° СГШ; 10.83° ИГД
|