Прејди на содржината

Зоран Јолевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Јолевски
Министер за одбрана
На должноста
25 јуни 2014 – 1 јуни 2017
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Претходник Талат Џафери
Наследник Радмила Шекеринска
Македонски амбасадор во САД
На должноста
март 2007 – 19 јуни 2014
Претседател Бранко Црвенковски
Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Претходник Љупчо Јордановски
Наследник Васко Наумовски
Преговарач во спорот за името
На должноста
30 ноември 2008 – 19 јуни 2014
Претседател Бранко Црвенковски
Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Претходник Никола Димитров
Генерален секретар на Претседателот
На должноста
19 ноември 1999 – 26 февруари 2004
Претседател Борис Трајковски
Наследник Наташа Савова
Лични податоци
Роден(а) 16 јули 1959(1959-07-16)(65 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Сопружник Сузана Јолевска
Установа Св. Кирил и Методиј
Вероисповед православен христијанин

Зоран Јолевски (16 јули 1959 во Скопје) — македонски дипломат, поранешен амбасадор на Македонија во Соединетите Држави, и министер за одбрана на Македонија во периодот 2014–2017. Во ноември 2008 тој бил назначен за главен преговарач во спорот за името помеѓу Македонија и Грција. Тој докторирал меѓународната економија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој бил генерален секретар на претседателот Борис Трајковски во периодот 2000–2004. Јолевски е оженет со Сузана Јолевска и има два сина, Перо и Филип.

Младост и образование

[уреди | уреди извор]

Јолевски е роден во Скопје, Македонија. Тој средно образование посетувал во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, Македонија и завршил во 1978 година. Додека бил средното училиште, има осовено повеќе награди на државните првенства по математика, а бил и капитен на пливачкиот тим. Тој бил шампион во пливање во Македонија. Додипломски студии завршил на Факултетот за економски науки на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј "во Скопје ,со највисоки пофалби и добил диплома за економија. Додека бил во средно училиште и факултет, тој давал часови по математика. Од 1980 работи, по смрта на неговиот татко, со цел финансики да ја потпомогне својата фамилија, работи и како туристички водич.

Во 1990 година, Зоран Јолевски магистратура на Правниот факултет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" Скопје, Македонија. Насловот на неговиот магистраски трус е "Бизнис стратегии на мултинационалните компании ". Исто така има завршено постдипломски студии на Институтот за општествени студии во Хаг, кој е дел од Универзитетот Еразмо во Ротердам, Холандија. Потоа го посетивал курсот за трговски политики на Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ) во 1994 година. Зоран Јолевски има докторат на меѓународната економија на Економскиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Скопје. Насловот на неговиот доктрски труд е " Надворешно-трговскиот режим на Македонија и СТО договорите ". Тој зборува англиски, француски, српско-хрватски, бугарски и неговиот мајчин јазик македонски.

Оженет е со Сузана Јолевска. Имаат два сина, Перо (роден 1988) и Филип Јолевски (роден 1992).

Рана кариера

[уреди | уреди извор]

Од 1983 до 1988 година, Јолевски почнаа бизнис отворајќи туристичка агенција. Покрај ова тој беше член на Претседателството на Туристичкиот сојуз на Скопје и член на Претседателството на пливачки клуб "Вардар". Тој ја започна својата професионална дипломатска кариера во 1988 година во Министерството за надворешни работи на Македонија.

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Министерство за надворешни работи (1988-1994)

[уреди | уреди извор]

Од 1988-1992, Зоран Јолевски, беше референт во Одделението за Западна Европа, надлежен за Велика Британија, Германија и Холандија. Од 1992 до 1994 година, Јолевски беше секретар на делегацијата на Македонија на Меѓународната конференција за сукцесијата на поранешна Југославија, каде што тој играше важна улога во преговорите. Во 1993 и 1994 беше одговорен за изготвување на сите потребни документи за набљудувачки статус на Македонија во ГАТТ. Додека работеше во Министерството, Јолевски стана еден од основачите и член на Претседателството на македонско-јапонската асоцијација за пријателство.

Рана дипломатска кариера (1994-1998)

[уреди | уреди извор]

Во октомври 1994 година, Јолевски стана прв секретар на Постојаната мисија на Република Македонија кон Светската трговска организација (СТО) и Канцеларијата на Обединетите нации во Женева, Швајцарија. Додека таму тој беше заменик-претседател на експертскиот состанок на УНКТАД (United Nations Conference on Trade and Development) на постоечките регионални и мултилатерални инвестициски договори за работа и нивните развојни димензии. Тој бил таму до 1998 година и потоа се вратил во Министерството за надворешни работи.

Министерство за надворешни работи (1998-1999)

[уреди | уреди извор]

По враќањето од Швајцарија, Јолевски беше главен консултант при подготовката на Меморандумот за пристапување во СТО. Кога избувна војната во Косово стана заменик-национален координатор за хуманитарни прашања за косовските бегалци со кризи каде што работел со тогашниот заменик-министер за надворешни работи Борис Трајковски и тие воспоставиле пријателски и професионални односи. Додека во беше во Министерството за надворешни работи, тој го продолжи своето меѓународен ангажман во телеата на ОН во Женева. Имено беше член на Бирото на Комисијата на УНКТАД за инвестиции, технологија и финансиски прашања. Во 2000 година станува потпретседател на Комитетот за трговија на Економската комисија за Европа на Обединетите нации со седиште во Женева.

Генерален секретар на Претседателот на Република Македонија (1999-2004)

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на косовската бегалска криза, Јолевски станува советник на Борис Трајковски, кандидат за претседател на Македонија на изборите во 1999 г. Јолевски заедно со Кент Пато и Џасон Мико ја подготовув претседателската програма и ги подготвува на неговите говори и др. По победата, претседателот Трајковски му понудил на Јолевски да биде генерален секретар на Неговиот Кабинет. Додека беше генерален секретар на претседателот, Јолевски 1999-2004 исто така беше заменик-преговарач и главен советник на министерот за економија за влез во СТО. Во 2000 година, Јолевски беше главниот преговарач во успешните преговори за возобновување на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Народната Република Кина. Јолевски исто така, беше член на комитетот "е-Македонија за сите", под покровителство на Македонија.

Кога Македонија се соочи со конфликтот во 2001 година, додека Зоран Јолевски беше генералниот секретар на претседателот, Македонија се соочи со голем број на жртви. Во овој период имаше неколку обиди за атентат врз претседателот и неговиот најблизок тим кој беше предводен од Јолевски. Со цел да се најде мир, Владата на Република Македонија работеше со владата на САД и на ЕУ на Охридскиот рамковен договор, кој донесе мир на Балканот. Зоран Јолевски беше член на преговарачкиот тим и тој беше претставник на претседателот Трајковски на седницата на Собранието на Република Македонија за уставните измени што се бараат со Охридскиот рамковен договор.

Откако мирот беше основан, Јолевски стана високо вклучен во меѓународното општество, особено во Економската комисија на Обединетите Нации за Европа,додека сѐ уште останува генерален секретар на претседателот. Јолевски беше член на тимот од специјалисти во развој на интернетот на претпријатија, Економската комисија на Обединетите нации за Европа во Женева, откако тој станува претседател на работилницата на тема: приватната сопственост и олеснување на трговијата: "Идентификување на можностите и пречките", "Вториот Меѓународен форум за олеснување на трговијата : 14-15 мај 2003 година во Женева, во организација на Економската комисија на Обединетите нации за Европа. Од 2005 година до денес, Јолевски е заменик-претседател на Комитетот за трговија на Економската комисија на Обединетите нации за Европа во Женева.

Од 2000 до 2001 Јолевски беше член на Управниот одбор на "Скопски саем", Скопје, Македонија и 2001-2002 тој е исто така член на управниот одбор на "Алумина", Скопје, Македонија.

Зоран Јолевски бго напушта Кабинетот на Претседателот Трајковски на 1 февруари, и преминува да работи како директор на проект на реномираната американската консултантска куќа Буз Ален Хамилтон.

Консултант (2004-2007)

[уреди | уреди извор]

Зоран Јолевски беше номиниран да биде македонски амбасадор во Постојаната мисија на Македонија во СТО и на канцеларијата на Обединетите нации во Женева, Швајцарија, но Јолевски одби и ја продолжи кариерата како консуктант за една најпрестижните американски консултантски куќи, Буз Ален Хамилтон. Јолевски паралено како професор на Европскиот универзитет-Република Македонија предава Меѓународни економски односи и надворешна трговија. Покрај тоа што е професор, тој започна кариера работејќи како шеф на проектот од страна на Буз Ален Хамилтон Усогласување со СТО(„WTO Compliance Activity“) финансиран од УСАИД на кој работеше сè до 2006 година. Од 2006 до 2007 година тој беше шеф на уште еден проект на Буз Ален Хамилтон финансирана од УСАИД „Македонското деловно опкружување“ чија задаача беше да ја советува Владата на Република Македонија во создавање на поволна клима за развој на приватниот бизнис.

По завршувањето на ангажманот со Буз Ален Хамилтон, Јолевски станува економски советник и советник за надворешна политика на Никола Гриевски, водач на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е актуелен премиер на Република Македонија и Јолевски. Зоран Јолевски исто така беше специјален советник на Антонио Милошоски,министер за надворешни работи на Македонија. Јолевски во 2005 беше советник на Владата на Република Македонија за подготвувањето на одговорите на Прашалникот на Европската комисија чија цел беше да се оцени за македонското барање за членство во Европската унија. Покрај ова беше консултант Развојната програма на Обидинетите нации (УНДП) за подготовка на Извештајот за Милениумските развојни цели на ОН за целта број 8 за развојно партнерство.

Освен домашните консултантски услуги, Јолевски беше советник на српската влада за пристапување кон СТО во 2006 година. Подоцна тој станува советник на Етиопската влада за пристапување во СТО. Во август 2006 година. Во 2005 година, тој беше ангажиран како советник на премиерот на Либан за пристапување кон СТО, сепак, поради убиството на Рафик Харири, Јолевски никогаш не се работеше за владата на Либан.

Вклученост во фондации, асоцијации и друштва (2004-2007)

[уреди | уреди извор]

Со својот ангажман во Владата на Република Македонија, и неговиот меѓународен успех, Јолевски стана вклучен во неколку институции и здруженија. Во 2006 година Јолевски го основаше Институтот за економски стратегии и меѓународни односи - "Охрид", каде што тој сè уште останува претседател. По смртта на Трајковски, Јолевски стана претседател на Меѓународната Фондација Борис Трајковски до 2005 година. Приемот на Македонија во НАТО стана главно прашање на Владата на Република Македонија, затоа Јолевски беше избран да биде член на Претседателството на македонската евро-атлантскиот клуб од 2006 година до денес. Тој стана вклучен во неколку други институции како што е станувањето член на Одборот на Центарот за стратегиски истражувања во Македонската академија на науките и уметностите и станувањето член на Лавовскиот Центар, Скопје, Македонија.

Неговите управувачки способности го доведоа во деловниот простор на Република Македонија. Јолевски во 2006 година беше избран за претседател на управниот одбор на тутунската компанијата "Прилеп" во Прилеп, Македонија, која беше на работ на банкрот. Јолевски со својот тим успеа да ја поткрене назад и да се стави крај на корупцијата што се случуваше во тутунската компанија "Прилеп". Од 2005 година тој стана член на управниот одбор на Сеавус групата и тој и натаму останува член на управниот одбор и претседател на управниот одбор на тутунската компанијата "Прилеп". Од 2006 година, Јолевски беше член на Управниот одбор на Аеродроми на Македонија. Неговото членство во управувањето со одборот на аеродроми на Македонија, стана многу контроверзно, поради обвинувањата дека Јолевски е кум на грчкото име на аеродромот „Александар Велики" во Скопје, а тоа предизвика проблеми со Грција. Јолевски негираше дека тој го дал името на аеродромот. Јолевски остана член на управниот одбор на аеродроми на Македонија до 2009 година, кога турската приватна фирма ги купи аеродромите.

Амбасадор на Соединетите Американски Држави и главен преговарач во спорот со името (2007-2014)

[уреди | уреди извор]
Средба помеѓу преговарачите во спорот за името, Јолевски и Адамантиос Василакис и посредникот на ОН, Метју Нимиц

Зоран Јолевски беше назначен за македонски амбасадор во Обединети Држави март 2007 година. Тој ги презентираше акредитивите на претседателот Џорџ Буш на 25 јули 2007 со своето семејство. За време на неговиот мандата како амбасадор Јолевски беше фокусиран на јакнење на односите на Македонија – Обединетите Држави и членството на Македонија во НАТО. Едено од најзначајните достигнување на амбасадорот Јолевски беше потпишување на Декларацијата за стратешко партнерство и соработка со Соединетите Американски Држави . Неговте други успеаси беа носење на американските компании да инвестираат во Македонија и работа со дијаспората. Исто така придонесе за зајакнување на соработката меѓу амкедонските и американските универзитети. Како амбасадор формира тим на професори кој ги подготвија документите и наставната програма за основање на Универзитетот за информсатичка технологија Св Апостол Павле во Охрид. САД остануваат поддржувачи на Македонија за нејзиното пристапување во НАТО и ЕУ.

амбасадорот Јолевски главен преговарач во спорот со името со грција ноември 2008 година. Оваа функција на напушти по неговото именување за аминистер за одбрана во јули 2014 г.

За време на преговорите за името во Женева на 22,јуни , 2009, амбасадорот Јолевски го изјави ставот на Македонија од страна на преговорите, кој е:

"Ние сме подготвени на компромис за името што нема да го загрози нашиот национален идентитет и достоинство"

Говорник на меѓународни конференции, форуми и симпозиуми

[уреди | уреди извор]

Зоран Јолевски е учесник на повеќе од 100 меѓународни самити, форуми и конференции, вклучувајќи го и Светскиот економски форум во Давос во 2000, 2001 и 2003 година, како и Светскиот економски форум во Њујорк во 2002 година. Исто така, тој учествуваше во втората и на четвртата министерска конференција на СТО, на Светскиот самит за одржлив развој во 2002 година во Јоханесбург и на Светскиот самит за храна во 2002 година во Рим. Јолевски ја претставуваше Македонија на конференцијата за Конвенцијата на Обединетите нации против Транснационално организираниот криминал во 2000 година во Палермо, Италија. За време на својата работа во САД, Јолевски организира повеќе конференции за деловната клима во Македонија.

Наследство

[уреди | уреди извор]

Зоран Јолевски е експерт за СТО и надворшно-трговска политика. Искусен преговарач, кој бил директно вклучен во преговорите за сукецсија на поранешна Југославија од 1992 до 1996, за зачленување на Република Македонија во СТО (1995-2012 г) за нормализирање на политичките односи меѓу Македонија и Кина (2000-2001 г.) за Охридскиот договоро (2001) и за надминување на разликите околу името со Грција под покровителство на ОН (од 2007 до 2015 г.)