Серијата од концерти не била официјално етикетирана како реобединување на гурпата „Blind Faith“, односно биле запаметени како настапи на Винвуд и Клептон. Примарно тие изведувале песни од „Blind Faith“ како и одредени избрани песни од бендовите „Traffic“, „Derek and the Dominos“, од соло кариерата на Клептон и некои преработки од Џими Хендрикс. Во бендот учестувале Вили Викс (на бас гитара), Ајен Томас (на тапани) и Крис Стеинтон (на клавијатура).
Патиштата на Винвуд и Клептон им се вкрстиле во 1969 со формацијата на „Blind Faith“, група која во огромни размери го прошири рокот и блузот. И покрај критичните и популарните признанија, бендот бил краткотраен со само еден албум и кратка турнеја во 1960 која започнала на 12 јули во „Madison Square Garden“, а завршила на 24 август на Хаваите. По финалниот настап, Винвуд и Клептон останале пријатели, но само неколкупати изведувале повторно заедно. Серијата од концерти во 2008 било првото целосно шоу на Клептон и Винвуд по 40 години.
На 11 февруари 2009, двајцата познати артисти најавиле турнеја низ САД во 14 градови која започнала на Источен Ратерфорд, Њу Џерси. На сцената биле придружувани од, повторно, Крис Стеинтон (клавијатура), Вили Викс (бас гитара), Еби Лабориел (тапани), како и следечките вокали Шерон Вајт и Мајкл Џон.