Crossroads Centre

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Crossroads Centre е рехабилитационен центар за зависници од дрога и алкохол, лоциран на карибските острови на Антигва. Центарот е основан од гитаристот Ерик Клептон и Ричард Конти, извршен директор на „Priory Hospitals Group“ (Лондон) и „Transitional Hospitals Corporation“ (Невада). Целосното развивање на центарот било дело на шефови и работници од овие две компании. Конти и Клептон служат како двајца членови на одборот, меѓу кои Конти е директорот. При фазата на развивање на центарот, поголемиот дел од капиталот е вложен од страна на „Transitional Hospitals Corporation“ со што тие поседуваат две третини, а Клептон една третина од рехабилитациониот центар.

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]