Edge of Darkness е музика во филм од 1985 снимена од Ерик Клептон и Мајкл Кејмен за британската телевизиска серија „Edge of Darkness“. Оваа песна освои награда од „Ivor Novello Award“ за текст и композиција,[1], а во 1986 ја освои и наградата за најдобра музика од БАФТА.[2]
За Клептон ова било првото искуство во пишување на песна за филм. Накратко по завршувањето на снимањето за филмот „Бразил“ на Тери Гилјам со неговиот пријател Кејмен, Клептон добил повик од BBC во кој е прашан дали би сакал да ја смини музиката за серијата „Edge of Darkness, а тој му се јавил на Кејмен за да му помогне.[3]
Оригинално е продаван како грамафонска снимка и како касета. Реиздаден е во февруари 1989 како компак диск со променета слика за разлика од претходните изданија каде што сликата била главно црна и црвена.[4] Во 1991, верзија во живо на главната песна, била издадена како сингл заедно со песната „Wonderful Tonight“ која, исто така, била во живо,[5], а е додадена и во албумот во живо „24 Nights“ од 1991.[6]