24 Nights е албум во живо од Ерик Клептон, снимен во „Royal Albert Hall“, Лондон, Англија, во 1990 и 1991. Албумот е издаден на 8 октомври 1991. Овој албум претставува збир од „најдобри песни“ од 42-та концерти кои Клептон ги одржал на ова место во овие две години. Клептон поставил нов рекорд свирејќи 24 вечери во Лондон, „Royal Albert Hall“, помеѓу 5 февруари и 9 март, следејќи ги осумнаесетте отсвирени ноќи во 1990. Клептон не бил сосема задоволен со снимките од концертите во 1990, па затоа издавањето на албумот го одложил за следната година.[2]
24/01/1990 - „Running On Faith“, „White Room“ и „Sunshine of Your Love“.
05/02/1990 - блуз бенд : „Worried Life Blues“, „Watch Yourself“ и „Have You Ever Loved a Woman“.
09/02/1990 - оркестар : „Bell Bottom Blues“ и „Hard Times“.
10/02/1991 - „Badge“.
18/02/1991 - „Pretending“, „Bad Love“, „Old Love“ и „Wonderful Tonight“. „No Alibis“, „I Shot The Sheriff“ и „Cocaine“ се издадени на различни диск синглови од „Wonderful Tonight“.
Берзиите на „Old Love“, „Wonderful Tonight“ и „Pretending“ (само второто соло) на видеото од „24 Nights“ се разликуваат од верзиите во оригиналните албуми каде што тие се наоѓаат, но не се земени од претходното шоу во 1990.