Fresh Cream е албум на групата „Cream“ од декември 1966. Тоа е првата плича издадена од новата издавачка куќа „Independent“ на продуцентот Роберт Стигвуд. Го достигна бројот 6 во ОК[5] во февруари 1967 - број 39 во САД во август 1968.[6] Британската верзија го изоставува синглот „I Feel Free“, додека американската верзија на албумот го содржи и покрај тоа што отпадна „Spoonful“. Реиздавањето на компакт дискот во 2000 година ги содржи и двете поединечно изоставени песни.
Во 2003, албумот беше рангиран под број 101 во списокот на 500 најдобри албуми на сите врениња на „Rolling Stone“ магазинот.[7]
Исто така имаше и шведско издавање на албумот од 12 песни во 1066, исто како и британското, додавајќи ги „The Coffee Song“ и „Wrapping Paper“. Двете плочи и преработката беа направени во Германија и се извезуваа само на шведскиот пазар (германскиот оригинал ги има истите 10 траки како и британскиот). Групата нејќеше песната „Coffee Song“ да биде ни малку преработувана, но моно верзија беше измиксана и споена со „Wrapping Paper“ како сингл.
Преработката и бројот за снимање (623 031) се исти како и германското издавање, но постојат три различни издавања. Првото содржи листа од точните 12 траки, второто содржи 10 траки и третото каде што дванаесетте траки се „залепени“ над десетте.
Список на траки