Портал:Биографија/Одбран портрет/2007
Ова е Архивата на портретите прикажани на Порталот:Биографија.
Денес е 22 ноември 2024.
Архива на портрети
[уреди извор]2007
Алберт Ајнштајн (Улм, 14 март 1879 - Принстон, 18 април 1955) бил теоретски физичар кој нашироко се смета за најголемиот научник на 20-от век и еден од најголемите физичари на сите времиња. Ајнштајн ја предложил теоријата за релативноста и придонел на развојот во полињата на квантната механика, статистичка механика и космологија. Во 1921 година му е доделена Нобеловата награда за физика за неговото толкување на фотоелектричниот ефект и за општи придонеси кон теоретската физика.
Ајнштајн студирал во Цирих на Eidgenössische Technische Hochschule од 1896 до 1900 година каде му е доделена учителска диплома. Во 1901 година станал државјанин на Швајцарија. По завршени студии Ајнштајн се вработува во Патентниот завод на Швајцарија. Ајнштајн докторирал во 1905 година со теза "Нов вид на воспоставување на молекуларни димензии" ("Eine neue Bestimmung der Moleküldimensionen"). Истата година напишал неколку студии кои ги имаат воспоставено темелите на современата физика. Неговите истражувања се дотолку импресивни оти немале обимни референци во поранешната научна литература и представувале битен исчекор кон нови разбирања на физичките појави. Три од нив, на темите на брауновото движење, фотоелектричен ефект и специјална релативност се од посебна важност бидејќи разјасниле набљудувања за кои што до тогаш не постоеле научни објасненија.
Боб Дилан (роден како Роберт Ален Цимерман на 24 мај 1941) е американски кант-автор, пејач, музичар и поет кој е еден од најголемите авторитети и една од најголемите фигури во областа на популарната музика во периодот на последниве пет децении. Голем дел од најзначајните дела на Дилан датираат од 1960-тите, период кога, против своја волја, тој се претвора во неформален хроничар и единствен гласноговорник на Немирот на Млада Америка.
Многу од неговите песни, како Blowin' in the Wind и The Times They Are A-Changin', стануваат химни на анти-военото движење и Движењето за Граѓански Права во САД. Неговиот последен албум, Modern Times, пуштен во продажба на 29 август 2006 година, дебитира на американските топ листи како #1, правејќи го Дилан, на возраст од 65 години, најстарата жива личност што успеала да го достигне врвот во САД.
На сликата е прикажан на својот настап на Универзитетот Св. Лоренс во 1963 година.
Бригадниот генерал Џејмс Мејтланд "Џими" Стјуарт (20 мај 1908 – 2 јули 1997) е иконски американски глумец-оскаровец, најпознат по својата скромна персона на екранот. Во текот на својата богата кариера глуми во низа филмови - општо признати како класици - а и пет пати е номиниран за оскар, пришто добива еден за најдобар глумец и еден за животно достигнување.
Роден е во Индијана близу Питсбург и најпрво започнува кариера на архитект пред да биде привлечен од театарот на колеџ. По првичниот успех на Бродвеј, филмско деби во Холивуд има во 1935 година. Кариерата започнува да му се движи по нагорна линија по филмовите кои ги работи под режисерската палка на Френк Капра, меѓу кои е и онаа улога во Г. Смит оди во Вашингтон - улога која ќе му донесе и номинација за оскар. Во текот на седумте децении минати во Холивуд, Стјуарт игра низа разновидни улоги и сепак ја создава својата препознатлива слика преку класиците од типот на Филаделфиска приказна, Харви, Ова е прекрасен живот, Прозорец во дворот и Вртоглавица.
Стјуарт станува толку близок до американската јавност што секогаш е именуван како "Џими" Стјуарт — назив кој никогаш нема да се појави во завршните филмски кредити.
Прикажаната фотографија е дело на Карл ван Вехтен и потекнува од 1934 година.
Бети Дејвис (5 април 1908 – 6 октомври 1989), родена како Рут Елизабет Дејвис, е американска актерка-двократна оскаровка. Позната по својата неуморна желба да игра улоги на несимпатични ликови, секогаш ужива голема критичка слава поради можноста да се снајде во различни филмски жанрови, почнувајќи од криминалните мелодрами до историските филмови како и до повремените улоги во комедиите; сепак нејзините најголеми успеси се оние во романтичните драми.
После појавата во неколку драми на Бродвеј, Дејвис оди во Холивуд во 1930 година, но нејзините први филмови за Universal Studios се неуспешни. Се приклучува кон Warner Brothers во 1932 и својата успешна филмска кариера ја започнува со неколку критички признати улоги. Во 1937 се обидува да го раскине својот договор и иако ја губи една од најпознатите правни битки во раната Холивудска историја, овој момент останува забележан како почеток на нејзините најголеми успеси. Сè до крајот на 1940-тите, таа е една од најпознатите глумици, позната по својот моќен и интензивен глумечки стил. Дејвис набрзо се здобива со репутација на ратоборен перфекционист, а нејзините конфортации со извршните лица во студијата и режисерите стануваат легендарни. Нејзиниот искрен пристап, лаконски вокален стил како и секогаш присутната цигара придонесуваа до создавање на една од најпознатите персони на екранот - често имитирани и сатиризирани.
Дејвис е првата глумица со десет номинации за оскар а и првата жена која ја има добиена Наградата за животно достигнување од Американскиот филмски институт.
На сликата е прикажана во трејлерот на Језебел, улога за која ќе добие оскар во 1938 година.
Карл Маркс (5 мај 1818 - 14 март 1883) е германски философ, политички економист и револуционер. Еден е од најистакнатите претставници на Меѓународното здужение на работниците (попознато како Прва интернационала) и е втемелувач на марксизмот.
Иако делото на Маркс се поврзува со повеќе различни области и теми, тоа е најпознато според сфаќањето на човечката историја како борба меѓу класите, сумирана во познатиот цитат од воведот на Комунистичкиот Манифест: „Историјата на сите досегашни општества е историја на класната борба“.
Маркс своето учење за општеството не го нарекол социологија, туку историски материјализам, сакајќи на тој начин да ги надмине тогашните статички гледања на општеството и идеалистичките објаснувања на општествените настани. Марксовите анализи главно се насочени кон објаснување на општествените промени до кои дошло за време на индустриската револуција. Во таа смисла тој конституира една теорија дека општеството се движи напред врз основа на одредени противречности што постојат во негови рамки. Меѓу тие противречности посебно место заземаат спротивностите меѓу општествените класи. Во секое општество има една доминантна класа: во антиката тоа е робовладетелската класа, во феудализмот сопствениците на земјата - феудалците, а во капитализмот сопствениците на средства за производство, капиталистите.
Сер Џејмс Пол Мекартни, МБЕ (роден на 18 јуни 1942 година) е иконски англиски пејач и текстописец, оскаровец и добитник на Греми награда, мулти-талентиран музичар кој стекнува слава како еден од основачите и членовите на легендарните Битлси. Мекартни, заедно со Џон Ленон го формира едно од најуспешните и највлијателни кант-авторски дуа во музичката историја. По напуштањето на „Битлси“, Мекартни започнува успешна кариера и како солист и како член на групата која ја формира заедно со својата жена Линда Мекартни - Вингс. Работи на филмска музика, компонира класични дела, а исто така и амбиентални мелодии.
Мекартни е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди како најуспешен музичар и композитор во историјата на популарната музика, со преку 60 дискови кои имаат достигнато златен и тираж и повеќе од 100 милиони продадени синглови. Неговата антологиска песна "Yesterday" е исто така дел од книгата како песна со најмногу кавери, која е пуштена повеќе од 7,000,000 пати на американската телевизија и радио. Синглот на Вингс од 1977 година "Mull of Kintyre" станува првиот сингл со повеќе од два милиони продадени копии во Велика Британија, и останува со епитетот најпродаван сè до 1984, кога песната "Do They Know It's Christmas?", на Band Aid избива на првото место. Пол Мекартни е еден од членовите на оваа група.
Покрај своето делување во рамките на музичката индустрија, Мекартни е исто така сликар како и бранител на животинските права, вегетаријанството, и музичкото образование; активен е во кампањите против мините, против ловењето на фоки како и против осиромашувањето на земјите од Третиот Свет. Мекартни е Член на редот на Британската Империја (МБЕ) од 1965, а одликуван е со титулата витез во 1997 година.
На сликата Пол Мекартни е прикажан на сцена во Прага во текот на еден концерт одржан на 6 јуни 2004.
Николај Васиљевич Гогољ (1809-1852), (руски: Никола́й Васи́льевич Го́голь) е руски книжевник кој прв пат се појавил во часописот Туѓински записи (1830) со своите романтично-фолклорни раскази. Набрзо ги собрал симпатиите на читателите и литературната критика. Подоцнежните негови приказни се погорки, но поживи, а романтични само во фаталистичкото помирување со судбината и инспирирани од секојдневието. Производ на овој период од творештвото на Гогољ е Тарас Буљба, дело во кое авторот е понесен со романтичарското восхитување спрема слободољубието, чистољубието и родољубието на своите козачки предци. Кариеристи, подмитувачи, ситни крадливци на туѓото време и труд, пијани насилници и оние кои во пијалакот ја топат тагата влегле во неговото дело и оживеале големо внимание од спахиска Русија низ поемата Мртви души и комедијата Ревизор. Неговите јунаци Манилов, Собакевич, Ноздрјов, Хлестаков, Акакије Акакјевич Башмачкин, Чичиков и други станале поими. Подоцна, престрашен од ужасите кои во неговите литературни дела верно ја отсликувале Русија, почнал да се кае пред себе и општеството и ја напишал книгата Избрани места од преписките со другарите. Тој без успех се обидувал на мрачната слика на Русија и фрли светли тонови и да создаде позитивни јунаци. Рака за спас му пружил Белински во прочуеното писмо и се обидел да го спречи да се удави во сопствениот очај. Тоа било залудно; неколку денови пред смртта, Гогољ го уништил ракописот за вториот том од Мртви души.
Гогољовото дело пресудно влијаело на развитокот на руската уметничка проза; на основите на неговите литературни постапки, Белински ги формулирал принципите на т.н. натурална школа во руската литература. Чернишевски го сметал за основач на "сатиричниот, или поточно критичкиот правец на рускиот реализам", доминантен во руската литература во XIX, како и на почетокот на XX век.
Аристотел (384 п.н.е., Стагира, Македонија – 7 март 322 п.н.е., Халкида) бил македонски старогрчки философ. Заедно со Платон, тој се смета за еден од најзабележителните мислители на само во античката, туку и во европската филозофија.
Во неговите многубројни дела се опфатени речиси сите области од филозофијата. Тој е творец на повеќе науки, како: логистика, псохологија итн. Напишал многу книги од интерес за логиката, физиката, поезијата, реториката, политиката, зоологијата и биологијата. Позначајни дела му се: „Органон“, „Физика“, „Метафизика“, „Никомахова етика“, „Политика“, „Реторика“, „Поетика“, „Механика“, „Метеорологија“ и други.
Бил воспитувач и учител на Александар Македонски, потоа во Атина отворил своја школа наречена Ликеј. Со тоа тој и формално раскрстил со учењето на Платон, велејќи: „Платон ми е драг , но вистината подрага.“ За разлика од Платон, Аристотел одбивал да признае какво и да е наднебесно царство на идеите. Општото и поединечното се во единство. Тој забележал, ако идеите се совршени и најубави, што со таквите идеи како ѓубре и сл., а ако идеите се сосредоточеност на битието, што станува со негативните идеи, на пример, нечовекот?