Портал:Биографија/Одбран портрет/2007/јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Боб Дилан (роден како Роберт Ален Цимерман на 24 мај 1941) е американски кант-автор, пејач, музичар и поет кој е еден од најголемите авторитети и една од најголемите фигури во областа на популарната музика во периодот на последниве пет децении. Голем дел од најзначајните дела на Дилан датираат од 1960-тите, период кога, против своја волја, тој се претвора во неформален хроничар и единствен гласноговорник на Немирот на Млада Америка.

Многу од неговите песни, како Blowin' in the Wind и The Times They Are A-Changin', стануваат химни на анти-военото движење и Движењето за Граѓански Права во САД. Неговиот последен албум, Modern Times, пуштен во продажба на 29 август 2006 година, дебитира на американските топ листи како #1, правејќи го Дилан, на возраст од 65 години, најстарата жива личност што успеала да го достигне врвот во САД.

На сликата е прикажан на својот настап на Универзитетот Св. Лоренс во 1963 година.