Портал:Биографија/Одбран портрет/2007/октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сер Џејмс Пол Мекартни, МБЕ (роден на 18 јуни 1942 година) е иконски англиски пејач и текстописец, оскаровец и добитник на Греми награда, мулти-талентиран музичар кој стекнува слава како еден од основачите и членовите на легендарните Битлси. Мекартни, заедно со Џон Ленон го формира едно од најуспешните и највлијателни кант-авторски дуа во музичката историја. По напуштањето на „Битлси“, Мекартни започнува успешна кариера и како солист и како член на групата која ја формира заедно со својата жена Линда Мекартни - Вингс. Работи на филмска музика, компонира класични дела, а исто така и амбиентални мелодии.

Мекартни е запишан во Гинисовата Книга на Рекорди како најуспешен музичар и композитор во историјата на популарната музика, со преку 60 дискови кои имаат достигнато златен и тираж и повеќе од 100 милиони продадени синглови. Неговата антологиска песна "Yesterday" е исто така дел од книгата како песна со најмногу кавери, која е пуштена повеќе од 7,000,000 пати на американската телевизија и радио. Синглот на Вингс од 1977 година "Mull of Kintyre" станува првиот сингл со повеќе од два милиони продадени копии во Велика Британија, и останува со епитетот најпродаван сè до 1984, кога песната "Do They Know It's Christmas?", на Band Aid избива на првото место. Пол Мекартни е еден од членовите на оваа група.

Покрај своето делување во рамките на музичката индустрија, Мекартни е исто така сликар како и бранител на животинските права, вегетаријанството, и музичкото образование; активен е во кампањите против мините, против ловењето на фоки како и против осиромашувањето на земјите од Третиот Свет. Мекартни е Член на редот на Британската Империја (МБЕ) од 1965, а одликуван е со титулата витез во 1997 година.

На сликата Пол Мекартни е прикажан на сцена во Прага во текот на еден концерт одржан на 6 јуни 2004.