Портал:Биографија/Одбран портрет/2007/јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Jimmy Stewart.jpg

Бригадниот генерал Џејмс Мејтланд "Џими" Стјуарт (20 мај 19082 јули 1997) е иконски американски актер-оскаровец, најпознат по својата скромна персона на екранот. Во текот на својата богата кариера глуми во низа филмови - општо признати како класици - а и пет пати е номиниран за оскар, пришто добива еден за најдобар актер и еден за животно достигнување.

Роден е во Индијана близу Питсбург и најпрво започнува кариера на архитект пред да биде привлечен од театарот на колеџ. По првичниот успех на Бродвеј, филмско деби во Холивуд има во 1935 година. Кариерата започнува да му се движи по нагорна линија по филмовите кои ги работи под режисерската палка на Френк Капра, меѓу кои е и онаа улога во Г. Смит оди во Вашингтон - улога која ќе му донесе и номинација за оскар. Во текот на седумте децении минати во Холивуд, Стјуарт игра низа разноврсни улоги и сепак ја создава својата препознатлива слика преку класиците од типот на Филаделфиска приказна, Харви, Ова е прекрасен живот, Прозорец во дворот и Вртоглавица.

Стјуарт станува толку близок до американската јавност што секогаш е именуван како "Џими" Стјуарт — назив кој никогаш нема да се појави во завршните филмски кредити.

Прикажаната фотографија е дело на Карл ван Вехтен и потекнува од 1934 година.