Портал:Биографија/Одбран портрет/2007/декември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аристотел (384 п.н.е., Стагира, Македонија7 март 322 п.н.е., Халкида) бил македонски старогрчки философ. Заедно со Платон, тој се смета за еден од најзабележителните мислители на само во античката, туку и во европската филозофија.

Во неговите многубројни дела се опфатени речиси сите области од филозофијата. Тој е творец на повеќе науки, како: логистика, псохологија итн. Напишал многу книги од интерес за логиката, физиката, поезијата, реториката, политиката, зоологијата и биологијата. Позначајни дела му се: „Органон“, „Физика“, „Метафизика“, „Никомахова етика“, „Политика“, „Реторика“, „Поетика“, „Механика“, „Метеорологија“ и други.

Бил воспитувач и учител на Александар Македонски, потоа во Атина отворил своја школа наречена Ликеј. Со тоа тој и формално раскрстил со учењето на Платон, велејќи: „Платон ми е драг , но вистината подрага.“ За разлика од Платон, Аристотел одбивал да признае какво и да е наднебесно царство на идеите. Општото и поединечното се во единство. Тој забележал, ако идеите се совршени и најубави, што со таквите идеи како ѓубре и сл., а ако идеите се сосредоточеност на битието, што станува со негативните идеи, на пример, нечовекот?