Гегиски говори во Р. Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Албанските дијалекти. Со зелено се претставени гегиските говори.

Гегискиот говор — дијалект , еден од двата основни дијалекта на албанскиот јазик покрај тоскискиот дијалект. Албанските гегиски говори во Македонија спаѓаат во источната група на централногегискиот (средногегискиот) говор. Дијалектите на албанскиот јазик се дел од нематеријалното културно наследство според Националната класификација на културно наследство 3.2.2.1.1.  од УЗКН.[1]

Опис на доброто[уреди | уреди извор]

Досегашните лингвистички истражувања на албанските говори во Македонија, иако се скромни, сепак  даваат  јасна слика и овозможуваат да се извлечат определени заклучоци, па макар и почетни, за нивните основни јазични карактеристики и за местото што го заземаат во дијалектната структура на албанскиот јазик. Албанските говори во Македонија, како периферно подрачје на албанската дијалектна почва, уште поодамна го привлекувале вниманието на лингвистите (балканисти, романисти, слависти, албанолози и сл.). Албанските говори во Македонија биле предмет на истрачување од неколку истакнати лингвисти. Имено, за одделни албански говори во минатото пишувале: Ј. Г. Хан, Н. Јокл, С. Младенов, А. М. Селишчев, П. Скок, К. Талијавини, Г. Елезовиќ, А. Белиќ и некои други. Подоцна за истражувањето на некои од тие говори значаен придонес дадоа и други автори (П. Јанура, О. Ј. Настева, Р. Несими, А. Пољоска, А. Зенку, Х. Имери, Ќ. Мурати, С. Харуни, З. Османи, А. Хамити и др.). Со оглед на тоа што овие говори секогаш биле во (не)словенско   јазично соседство (особено е забележително влијанието на јужнословенските јазици, во прв ред на македонскиот и српскохрватскиот, потоа уште и на турскиот, грчкиот и ароманскиот јазик, којшто отсекогаш имал пресудна улога), во нив се конзервирале  многу архаични лексички особености и од другите балкански јазици. Тука мислиме на балканскиот латински, на грчкиот, ароманскиот и турскиот јазик, со чија помош може да се реконструираат различните фази во развојот на јазичните и дијалектните  појави. Од друга страна, пак, ова јазично подрачје е огниште на ред иновациски појави, кои во голем дел се резултат на меѓудијалектниот контакт и интерференцијата со (не)словенските јазици во средината. Извесен број лексички елементи од овие јазици биле позајмувани во албанскиот јазик во текот на различни фази од историскиот развој, а дел од нив се прифатени и во литературниот албански јазик. Во овој контекст, сите овие јазични појави и карактеристики се мошне интересни и за проучување на одделни прашања од доменот на јазиците во контакт, социолингвистиката, историјата и дијалектологијата на јазиците и сл.

Албанските гегиски говор во Р Македонија[уреди | уреди извор]

Досега се направени дијалектолошки истражувања во неколку пунктови за албанските говори во Македонија, односно се објавени следните студии и монографии:  Албанскиот говор на Врапчиште на север од Гостивар од Н. Јокл;  Галичкиот говор (Горна Река, Долината на Голема Радика);  Гостиварскиот говор  (говорот на Полог во горниот тек на реката Вардар) , Тетовскиот и кумановскиот говор од Ст. Младенов;   Говорот на Албанците од скопско од П. Скок; Албанскиот  говор на Кичевската котлина од А. Зенку;  Албанскиот говор на Зајас (Кичевско) од А. Селими;  Тетовскиот говор на Дервен од И. Хисени;  Албанскиот полошки говор од П. Јанура; Албанскиот говор на с.Тухин (Кичевско) од Ќ. Мурати,  Албанскиот  говор на градот Дебар од Н. Баша, Албанскиот преспански говор од З. Османи  и Горнореканскиот албански говор (Гостиварско) од С. Харуни . Од необјавените дијалектолошки студии  и монографии за албанските говори во Македонија би ги спомнале  следните:  Албанскиот говор на тетовско и на Дервен од Р. Несими; Албанскиот говор на Гостивар од Ф. Речани;  Тоскискиот албански говор од струшко од Е. Хоџа;  Албанскиот  говор на Куманово и Албанскиот говор на Маркова Река (Скопско)  од  Х.  Имери; Албанскиот говор на скопските села Брест и Танушевци од А. Хамити и  Албанските говори  од  битолско од З. Османи Говорот на Албанците во Преспа; М. Ибрахими, Албанскиот говор на селата од Прилепско и Крушевско.

Исто така, албанските говори во Македонија биле предмет на истражување и во албанскиот дијалектен атлас  (АДГЈСХ) . Материјалите за албанскиот дијалектен атлас, главно, се ексцерпирани во следните пунктови: Танушевци (60 - Скопска Црна Гора), Одри (43 - Тетовско), Тетово (83), Црни Врв (104 - Скопско), Равен (90 -Гостиварско), Зајас (94 -Кичевско), Танушане (89 - Горна Река), Дебар (93), Житоше (105 - Крушевско) и во Ресен (106 - Преспанско). Утврдените и назначени пунктови даваат можност да се забележат основните фонетско-фонолошки и морфолошки особености  на албанските говори во Македонија, како и да се определи местото што тие го завземаат во дијалектната структура на албанскиот јазик. Описот и анализата на фонетскиот систем на албанските говори во Македонија ќе придонесат не само во областа на албанистиката, туку и ќе објаснат некои појави во фонетскиот систем на пограничните западни и југозападни македонски говори кои настанале поради интензивните меѓусебни јазични и лексички контакти.

Локација[уреди | уреди извор]

Географско-дијалектна граница

На територијата на Западна Македонија, поточно  јужно од Струга, минува границата што ги дели  двата основни дијалекта на албанскиот јазик:  гегискиот( на север )  и   тоскискиот (на  југ) . Двата албански дијалекти, гегискиот (северно од реката Шкумбин) и тоскискиот (јужно од оваа река) се разликуваат, главно на фонетско рамниште. Од поважните диференцијални црти треба да се спомне преоѓањето на интервокалното н > р (н>р) и алтернацијата на акцентираните самогласки а, е во Ш, пред назалните согласки во јужниот дијалект, односно отсуството на истите појави во северниот, каде што, главно, е сочувана назалната артикулација на самогласките пред назалните согласки . Природно е дека тие имаат и други разликувачки особености, како што е присуството на инфинитивот од типот ме ба (да правам), во гегискиот, наспрема неговото отсуство во тоскискиот, и др.

Се работи за една општа поделба, бидејќи разликувачките елементи на едниот дијалект се простираат и од другата страна на реката Шкумбин. Јужно од Струга, во крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро, како и во некои битолски села, се простираат говорите на јужниот  или тоскиски дијалект, додека  северно од Струга, во правецот Куманово - Скопје - Тетово - Гостивар - Кичево - Дебар се простираат говорите на северниот  албански  дијалект или гегискиот. Значајна линија на изоглоси што ги дели двата дијалектни региона, минува низ ареалот на југ од долината на реката Шкумбин во Албанија, а потоа по должината на северниот брег на Охридското Езеро во Македонија. Како "граница" меѓу двата албански дијалекта се т. н. транзитни (преодни) албански говори.

Посебни карактеристики[уреди | уреди извор]

Меѓу лингвистите Н. Јокл е првиот кој  прави обид за утврдување на местото на албанските гегиски говори во Македонија во дијалектната структура на овој дијалектен комплекс.  Во 1915 година, зборувајќи  за особеностите на говорот од Врапчиште (северно од Гостивар), тој забележал дека албанското население зборува на еден дијалект што  припаѓа на источната  група.  Со ова тогаш го прифаќал постоењето на една источна група гегиски говори . Познатиот германски лингвист М. Ламберц, во 1916 година не ги опфаќаше албанските говори во Македонија меѓу дијалектната поделба на гегискиот. Меѓутоа, негова заслуга е што говорите на Мирдита, Лура и Мат (Р. Албанија) ги изделил како една посебна дијалектна единица од другите гегиски говори . Во 1936 година албанските говори од Македонија, Е. Чабеј  не ги опфаќал во дијалектната поделба на гегискиот. Меѓутоа,   заслугата била негова што албанскиот дебарски говор го изделил како засебен поддијалект, различен од јужногегискиот  (Тирана, Елбасан, Драч), од северозападниот гегиски (Скадар, Малесија)  и од  североисточниот гегиски  дијалект (Косово) . Исто така, и Ј. Рота не ги опфаќал албанските говори во Македонија при дијалектната поделба на гегискиот . Како поддијалекти на гегискиот тој ги сметал: поддијалектот на Косово,  Скадарска Малесија, Круја, градот Скадар, Мирдита, Пука, Мат и др.

Во 1942 година, пишувајќи за албанските говори, односно за т. н.   Северозападни говори на Дарданија и Македонија,  меѓу другото, К. Талијавини  истакнал дека:

"овие говори, и покрај нивните големи разлики, имаат и заеднички особености. Во еден поширок лингвистички ареал т. е. простор, што приближно се протега од истекот на реката Валбона во Бели Дрим на запад (во границите на Албанија), и до околината на Лесковац, во Р. Србија, на исток и од Нови Пазар, од север  до Струга  над Охридското Езеро на југ, од страна на албанското население, некаде повеќе, а некаде помалку измешано со словенско население, се зборуваат дијалекти кои можеме  да  ги нарекуваме  источногегиски. Како граница на истражувањата може да се означи Струга, иако во градот се зборува еден дијалект од тоскиски тип, додека во селата понасевер завршуваат изоглосите на источногегискиот" . 

К. Талијавини ги опфаќал албанските говори во Македонија во една група говори заедно со албанските говори на Косово. Овие говори, тој  ги нарекувал   "говори од типот на источногегискиот поддијалект".

Во 1943 и 1959 година, во согласност со К. Талијавини, албанските говори во Македонија, М. Ламберц ги опфаќал во една дијалектна целина  со албанските говори на Косово и истите ги нарекувал "североисточни и источни гегиски говори" или  "говори на северозападна Дарданија и Македонија" .

Уште во 1962 година, за разлика од претходните лингвисти, албанскиот дијалектолог Б. Беци албанските говори во Македонија ги опфаќал во средногегиските говори заедно со говорите на Круја и на Котлината на Круја, Мат, Мирдита и Дебар,  изделувајќи ги  како една засебна дијалектна единица,  наспроти северногегиските и јужногегиските албански говори .

А. В. Десницкаја, од една страна, го прифаќал и го поддржувал мислењето за местото  на албанските говори на Македонија  изнесено од Б. Беци, а  од друга страна не ја прифаќал класификацијата предложена од  Ј. Ѓинари, кој гегиските говори во северозападна Македонија, како што вели таа, "без јасна основа", ги сместувал во целината на  северните гегиски говори .

Општо земено, без да навлегуваме во детали за изнесените мислења и дискусии околу овој проблем, можеме  слободно да го прифатиме  мислењето дека, "албанските говори во денешна Западна Македонија имаат многу допирни точки и се  блиски со говорите на Круја, Мат, Мирдита  и  Дебар, на запад. Заедно со овие говори, тие сочинуваат една посебна дијалектна  целина,  средногегискиот (централногегискиот) говор, кој се спротивставува на северногегискиот и јужногегискиот говор" .

Основните карактеристики што ги поврзуваат албанските говори во Македонија со средногегиските  се следните:[уреди | уреди извор]

1. Дифтонгизација на акцентираниот вокал и (и)  во секундарен дифтонг и негово преминување, во неколку случаи, во прости вокали, сп: алб. дхи > дхаи, дхаеи, дхаëи, дхëи, дхои  и  дхе 'коза', фис > фаис, феис, 'род, роднина', ситë > саита, сеита 'сито'  и др. Оваа фонетска појава е забележана, според С. Младенов, во регионите на Галичник (Горна Река, низ текот на реката Радика), Гостивар  (Полог - горниот тек на реката Вардар)  и Тетово, според Н. Јокл, во Врапчиште (северно од Гостивар) и, според Скок, во Скопската Котлина (со исклучок на селата Нерези, Крушопек, Грчец, Света Петка, Јаболце, Патишка Река и Црни Врв) . Според Р. Несими, оваа појава била забележана во албанските говори на Куманово, Прилеп, Крушево, како и во Западна Македонија, со исклучок на албанскиот говор во Горна Река (Гостиварско). Исто така, оваа појава е карактеристична и во струшките села (со исклучок на селата Франгово, Калишта и Радолишта, што припаѓаат на тоскиските говори, односно на т. н. "преодни или транзитни говори"  на транзитната зона) . Според Ќ. Мурати и И. Хисени,  вокалот   и  (и)  се дифтонгизира и во албанскиот говор на с. Тухин (Кичевско)  и  Дервен  (Тетовско) .

2.  Алтернација на вокалот  ѕ > и (у > и)   и  дифтонгизација на последното во секундарни дифтонзи  о, е  (о, е)  и  преминување  на  ѕ   во  о (у>о).  Оваа фонетска појава е забележана во Танушевци (Скопска Црна Гора), Одри  (северно од Тетово), во градот Тетово, во Равен (југозападно од Гостивар) и во Дебар. Во Зајас (Кичевско)  овој феномен е забележан во определен број  зборови, додека во Житоше (Крушевско)  коегзистираат варијантите  ѕ,  и  и  о  (у, и и о).  Исто така, и во албанскиот говор на Тухин (Кичевско)  вокалот  ѕ  (у) се запазува или се дифтонгизира во  еѕ  (еу) - или според Беци ѕ = о,  во ограничен број  зборови. Фонетската промена, т. е. варијантата  и  на  ѕ  (и > у)  албанскиот говор на Тухин (Кичевско)  е ограничен. Вокалот  ѕ  (у)  добро е чуван  во селата Седларево и Гургурница на Дервен (Тетовско) ,  во скопските села Патишка Река, Црни Врв и помалку во Јаболчиште и Јаболце во регионот на Маркова Река .

3.  Палатализација на заднојазичното  г  во  гј (г > ѓ). Оваа појава е забележана во  албанските говори од Скопско  (со исклучок на селата Нерези, Јаболце, Црни Врв и Света Петка),  како  и во одделни албански говори од Тетовско и Тухин (Кичевско), но изостанува во албанскиот говор на  Дебар .

4.  Палатализација на консонантските групи  тј, дј,  (тј, дј)  односно во  љ  и  гј (ќ, ѓ). Оваа фонетска појава е забележана во албанскиот говор во Дебар, во Дервен (Тетовско), Тухин (Кичевско)  и  во  Маркова Река (Скопско) . Исто така, оваа појава е забележана во Одри (Тетовско), Танушане, Црни Врв (Скопско), Дебар и Житоше (Крушевско), додека во Танушевци (Скопска Црна Гора) и во Равен (југозападно од Гостивар)  не е присутна.

5.  Формирање  трето лице еднина, сегашно време, во коњуктив на глаголи образувани со вокална основа, со наставка -је (-је): алб. т' пуноје 'да работи',  т' схкоје 'да оди',  т' филлоје 'да започне', наместо стандардните форми во современиот албански јазик ( тë пунојë, тë схкојë, тë филлојë).

Овие фонетски и морфолошки особености се карактеристични за повеќето средногегиски (централногегиски)  албански говори, што се наоѓаат на запад од албанските говори во Македонија, во Крујско Поле, Круја, Мирдита, Мат и Дебар . Во албанските говори во Македонија се изделуваат и многу други фонетски појави, што се карактеристични за повеќето или за сите албански говори во Македонија. Овие говори тие ги изделуваат како една посебна дијалектна целина во состав на средногегиските говори. Од позначајните, би ги изделиле неколкуте:

а)  Редукцијата или губењето на назалноста кај акцентираните вокали во повеќето албански говори во Македонија. Според И. Ајети, гегиските идиоми во Македонија не ги познаваат назалните вокали. Тој сметал дека во албанските говори во Македонија назалноста изостанува, за разлика од говорите на Љума, Пешкопеја, Љура, Мирдита и Мат, каде што назалноста е една од основните особености . Р. Несими, А. Зенку и Х. Имери ја забележале присутноста на назалните вокали во албанскиот говор во Тетово, Дервен, Зајас (Кичевско) и во Маркова Река (Скопско) . За албанскиот говор во Дебар, Р. Несими подвлекол дека "назалноста тешко може да се забележи". Истото се однесува и за албанскиот говор на с. Тухин (Кичевско), каде, во вистинска смисла на зборот, немаме назални вокали . Според Дијалектолошкиот атлас на албанскиот јазик  назалноста е присутна во следните пунктови од албанските говори: Танушевци, Одри, (Тетовско), Црни Врв (Скопско), Равен (Гостиварско), Танушане, Зајас (Кичевско), Житоше (Крушевско),  Црнилиште (Прилепско),  но изостанува во Дебар.

б)   Алтернација на акцентираниот вокал  а  во  öа  или  ä. Прв кој ја  забележал оваа фонетска појава е италијанскиот лингвист К. Талијавини. Така, според него, во албанскиот говор на Дебар во некои зборови, независно од нивното потекло,  акцентираното  а  преминува во  öа  или  ä, како во примерите: бöафтсе  'бахçе'  (бавча),  бöаб  'бабë' (татко),  дöартх  'дардхë' (круша),  дöада  'дадë' (дада, поголема сестра, тетка) и др. Бидејќи територијално овој феномен не е многу распространет, Талијавини смета дека е од поново време . Поточно, оваа појава, според Б. Беци, опфаќал поширок лингвистички ареал, меѓу кои ги опфатил и албанските говори на Мат (со исклучок на северозападниот дел), Љума, Реч-Дарда, Лузна, селата од Пешкопеја, Макелари (Дебарско),  до тетовската котлина. Исто така, оваа појава не ја познавале албанските  говори на Љура, на Голема Грика и на Тухин (Кичевско), додека најголема дистрибуција и фреквентност има на десната страна на реката Црни Дрим . Вокалите / ä /  и  / а /  исто така се карактеристични во ред албански дијалекти, па и во некои аромански говори .

в)   Паралелно со алтернацијата на   а  >  öа,  ä, се забележува и редукцијата на акцентираната самогласка  о  во  ö, ои, öи, уо, о, ео. Според К. Талијавини, алтернацијата  о > ö  е  карактеристична за албанскиот говор во Дебар во зборовите од типот: грöсх (гросхë) 'грав', вöрб (ворбë) 'грне, вид земјен сад', бöлет (болет)  и др.  Исто така овој феномен е забележан и во говорот во Мат, во јужниот дел на Мирдита, Љума, Дебар, Џепчиште и Порој  (Тетовско) .

г)  Дифтонгизацијата на акцентираниот вокал у (у)  во секундарни дифтонзи:  ау, оу, ë, на пример, араусх, ароусх (арусхë) 'мечка', катаун(д), катоунд (катунд)  'село' и др. Оваа фонетска појава у > ау (у > ау), според С. Младенов, е карактеристична за регионите на Галичник, Гостивар и Тетово, додека варијантата на истиот феномен  у > оу, според Н. Јокл, се среќава  и во Врапчиште (северно од Гостивар). Според П. Скок, дифтонгизацијата на акцентираниот вокал  у (у)  во секундарни дифтонзи  ау, ëу, äу, оу  се среќава и во албанските говори од скопските села, со исклучок на селата Црни Врв, Грчец, Јаболце, Крушопек, Нерези, Патишка Река и Света Петка. Истото е потврдено  и во Зајас, Тухин (Кичевско) и Дервен (Тетовско). Според Р. Несими ова појава е распространета и во околните села од Кумановско, во неколку села од Качаничката клисура и продолжува во Западна Македонија, со исклучок на албанските говори од Горна Река (Гостиварско). Во Кичевско овој феномен не го покрива целиот лингвистички ареал . За разлика од К. Талијавини, кој  дошол до заклучок дека дифтонгизацијата на у  (у)  се јавува паралелно со феноменот на дифтонгизацијата на самогласката  и (и),  Б. Беци бил на мислење дека, исклучително, е карактеристична за албанските говори што му припаѓаат на источниот дел од средногегиските (централногегиските) говори. Од ова можеме да заклучиме дека, појавата на дифтонгизација на вокалот у (у) во одделни албански говори  се потврдува во регинот што започнува од селата на црнодримската долина на запад и завршува до скопската котлина на исток. Во овој контекст, како што забележал Б. Видоески , и западномакедонските дифтонзи во голема мера наликуваат на дифтонзите во албанските говори, сп. дхаи (дхи 'коза'), траи (тре 'три', мõи (ми 'глушец'), схШи (схи 'дожд'), схоум (схумШ 'многу'), ктау (кШту 'овде') во дебарските; груа 'жена',  диелл  'сонце'  во корчанско-поградечкиот  и др.

д)  Делумното или целосното зачувување на консонантските групи: мб, нд, нг, нгј (мб, нд, нг, нѓ) во албанските говори на Македонија. Зачувувањето на консонантските групи  мб, нд  е потврдено во источните села на Љума (Ново Село, Коловоз, Стража, Церен, Радомир), во селата што се наоѓаат северно од Пешкопеја, како и во поголемиот број на тетовските села.  Консонантските групи мб, нд се сочувани во дервенскиот регион, во селата меѓу Тетово и Гостивар (Речица, Пирок) и во тетовските планински села (Гајре, Лисец, Селце, Шипковица, Бозовец и др.), како и во некои села источно од Тетово (Слатино, Теарце, Пршевци, Клоџа и др.).

Во селата Доброште, Одри, Нераште, Грце, Орашје и Јажинце, на исток од Тетово, консонантските групи  мб, нд (мб, нд) се асимилирале во  м, н (м, н). Истото е забележано и во селата Џепчиште, Порој, Ѓермо, Шемшево, Перлебиште  и  др. Во албанскиот говор во Тухин, Ќ. Мурати ја забележал  асимилацијата на  консонантските групи мб, нд, нг, нгј, со мали исклучоци, скоро во сите кичевски села .

ѓ)  Палатализација на консонантските групи  пл, бл, фл  во  пј, бј, фј, поточно во пљ, бгј, фј  или  во  љ, гј, фј. Консонантските групи  пл, бл, фј  преминале во  пј, бј, фј  во албанскиот дебарски говор и во Тетовско. Во албанскиот говор во  Дервен (Желино, Стримница, Групчин, Церово, Чифлик и др. - Тетовско)   консонантската група  пл  се палатализирала во  љ (пл > ќ). Оваа фонетска  појава е распространета и во  албанскиот говор во Дервен (Радуша, Рашче, Копаница, Бојане и др. - Скопско),  како и во неколку струшки села (Велешта, Ливадиште, Корошишта, Похум  - Струшко). Во албанскиот говор на Дервен (Тетовско)  редовно е присутен овој феномен  пл > љ, бл > гј, фл > фј ; во говорот на Маркова Река  пл > љ или  пљ,  бл > гј  или  бгј  и  фл > фј;  во говорот на Зајас консонантските групи  пл,  бл,  фл  >  пј,  бј,  фј,  додека во говорот во Тухин (Кичевско)  тие се сочувани. Овој фонетски феномен е потврден и во североисточната област на Мирдита, во јужниот дел на Љума  (Реч и Дарда),   Лузни и Макелари (Дебарско). Овој феномен А. В. Десницкаја го објаснува како  историски јазичен развој наследен од старите балкански јазици .

Тргнувајќи од  јазичните карактеристики од фонетски карактер, што ги изнесовме во главни црти погоре, како и од најновите дијалектолошки истражувања на Б. Беци, Ј. Ѓинари и А. В. Десницкаја, можеме да заклучиме дека "албанските гегиски говори во Македонија спаѓаат во  источната група на централногегискиот (средногегискиот) говор . Така, низ својот историски развој,  гегискиот дијалект  е поделен на:

а)  северногегиски,

б) јужногегиски  и

в) централногегиски (средногегиски)  говори.

Централногегиските (средногегиските) албански говори се делат на  западни  и  источни" . Планинските венци од западната страна на реката Црни Дрим ја сочинуваат таканаречената јазична "граница" што ги издвојува  двата говора. Ова сведочи дека албанските говори во Македонија во целина, заедно со дебарските, непосредно учествувале  во историскиот развој на дијалектната структура на албанскиот јазик. Исто така, ова најдобро го потврдува фактот дека "границата" што ги дели двата дијалекта на албанскиот јазик минува и во територијата на албанските говори во Македонија, под градот Струга, како непосредно продолжување на јазичната "граница" што ги дели двата дијалекта на албанскиот јазик во територијата на денешна Албанија.

Потекло[уреди | уреди извор]

Албанските говори во Р Македонија, впрочем како и другите албански говори потекнуваат од јазикот на албанското население кое живее во Р. Албанија и во другите места на Балканскиот Полуостров (Северна Грција, Р. Јужна Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и др.) Според историските и лингвистичките податоци албанскиот јазик потекнува од илирскиот (Н. Јокл, Е. Чабеј). Процесот на дијалектната диференцијација на албанскиот јазик може да се следи уште од XIV и XV . Некои иновации се забележуваат и порано уште во XIII век. Општо речено, основната дијалектна диференцијација на албанските дијалекти е веќе извршена до XV век. Голем број иновации се зародени во периодот на XVIII и XIX век. Во овие рамки може да се разгледува и процесот на дијалектната диференцијација на албанските говори на територијата на Република Македонија.

Загрозеност на доброто[уреди | уреди извор]

Степен на загрозеност

Албанските говори се наоѓаат на северозападната и југозападната периферија на македонската јазична територија. Како што е познато албанските говори, воопшто, се особено подложни на влијанија од соседните јужнословенски јазици, посебно од македонскиот јазик и тоа во различни временски периоди. Оттука степенот на влијанието т. е. загрозеност на албанските говори од македонскиот јазик е доста висок и овие говори се меѓу приоритетните албански говори што треба да се стават под режим на заштита.

Причини/фактори на загрозеност

Причини што влијаат на  загрозеноста на албанските говори се зголемениот број на миграциски движења на населението, предизвикани од одредени социјални и економски фактори. Треба да се има предвид и соодветната географска конфигурација, општествено-економскиот статус на населението на локално ниво. Веќе погоре ги посочивме главните фонетско-фонолошки и морфолошки карактеристики на албанските говори во Република Македонија. Се разбира, на социолингвистички план врз промените на општата слика на дијалектната диференцијација на еден јазик, па и на албанскиот дијалектен јазик силно влијание врши и нормираниот (стандардниот) албански јазик во сите рамништа: фонетско-фонолошко, морфолошко, лексичко и синтаксичко.

Вредности и значења на доброто[уреди | уреди извор]

Албанските гегиски говори претставуваат составен и значаен дел од албанското духовно богатство, односно од дијалектната база на албанскиот јазик. Нивната вредност ја оценуваме, пред сè, од лингвистичка, и поконкретно дијалектолошка, (на фонетско-фонолошко ниво, морфо-синтаксичко, лексичко-семантичко и етимолошко ниво); при тоа не ги занемаруваме ниту значењата од етнолошка, филолошка и другите  културни вредности вткаени во народниот јазик.

Критериум/и врз кој/и е извршена валоризација на доброто[уреди | уреди извор]

Валоризацијата на албанските гегиски  говори е извршена според:

I Критериуми кои се однесуваат на својствата на доброто

  • Автентичност: Во рамките на јазикот секој одделен дијалект претставува негов автентичен дел; токму врз ова својство се должи значењето на дијалектите за албанскиот јазик.
  • Реткост: Во својот примарен и оригинален облик, албанските гегиски говори се карактеристични за точно определена територија, односно за луѓето што потекнуваат од точно определена територија врз основа на што се цени нивната реткост и единственост.
  • Разновидност: Општо речено, дијалектната разновидност на секој говор, па и на гегиските албански говори претставува природен извор на јазичен материјал од кој се напојува и збогатува албанскиот стандарден јазик, па во оваа смисла чувањето и проучувањето на дијалектната база овозможува чување, збогатување и насочување на развојот на стандардниот јазик.
  • Интегралност: Овие говори се репрезентативен дел на албанскиот јазик и истовремено интегрален дел од целокупноста на албанскиот јазик. Со други зборови со своите основни фонетско-фонолошки, морфосинтаксички и лексички особености, гегиските албански говори се составен и интегрален дел на централногегиските албански говори од албанскиот јазик.
  • Старост: Дијалектите на албанскиот јазик, вклучително и гегиските албански говори се основен извор за историјата на албанскиот јазик со оглед на фактот дека албанскиот јазик нема долга писмена традиција. Дијалектите се секако постар облик на комуникација меѓу албанското население одошто стандарниот јазик. Тие чуваат многу поархаични форми на јазикот одошто оние што можат да се забележат во стандардниот јазик.

II Критериуми кои се однесуваат на функцијата на доброто

Основна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважни функции на јазикот, па и на албанските гегиски говори како специфично и идентификациско обележје на албанското население во Република Македонија. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни области од стопанството, економијата, традицијата, културата. Албанските гегиски говори се предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана и воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на албанските дијалекти и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на дијалектите на албанскиот јазик.

III Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто

  • Културно: Албанските гегиски говори се дел од културното наследство на населението што живее на определената територија; односно во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на населението, започнувајќи од изгледот (на пр. народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (земјоделието и алатките за обработка на земјата, називи во врска со сточарството, занаетчиството и сл.), домаќинството (називите во врска со садовите и нивната употреба во домашните работи), народните песни испеани во тие краишта, во кои е вплетена историјата на населението низ вековите, итн. Токму во овие рамки може да се зборува за културното значење како еден од најважните критериуми при валоризацијата на алабнските гегиски говори.
  • Историско: Албанските дијалекти  се примарен дел од културното и историското наследство на албанскиот народ и само преку нивно поединечно и интегрално негување и проучување ќе можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историјата на албанскиот народ.
  • Уметничко: Од уметнички аспект, значењето на албанските гегиски говори се согледува во народната уметност, народните песни и приказни испеани или раскажани на впечатлив народен говор. Овој тип на уметност со векови бил единствениот израз на албанската усна книжевност и литература.
  • Научно: Научното значење на овие говори го определуваме пред с# во рамките на лингвистиката и тоа како на албанската наука за јазикот, така и на албанистиката и на балканистиката. Од аспект на албанистиката, албанските гегиски говори се интегрален дел од албанската дијалектна територија и во тие рамки тие се непроценлив извор на информации за општата диференцијација на албанскиот јазик во однос на другите балкански (не)словенски јазици, така и за самата внатрешна дијалектна диференцијација на албанскиот јазик.
  • Општествено: Албанските гегиски говори, како и впрочем сите говори од албабнскиот дијасистем имаат пред с# општествено значење. Тие се основно обележје на албанскиот народ и на албанската нација.  

Образложение за категоризацијата[уреди | уреди извор]

1.Исклучителност

Исклучителноста на албанските гегиски говори, како впрочем и на другите албански говори, се состои во фактот што самите по себе овие говори не само што се раритет по своите општи јазични црти, туку според некои јазични црти се и уникат, т.е. не постои друга територија на која може да се сретне ваква јазична целина. Со други зборови се работи за исклучителна реткост која е неопходно, како таква, да се подложи на посебен тип на заштита.

2.Впечатливост

Впечатливоста на албанските гегиски говори е во тесна врска со погоре наведената нивна уникатност. Со други зборови, она што е ретко или уникатно, се разбира дека е впечатливо, а тоа е карактеристика и за албанските гегиски говори  кои со своите уникатно искомбинирани јазични карактеристики претставуваат посебно  впечатлив и интересен народен говор, кој јасно се разликува од останатите албански говори.

3.Влијателност

Влијателноста на албанските гегиски говори можеме да ја дефинираме како начин на влијание што го има секој говор, па вклучително и албанските гегиски говори, врз населението што го зборува. Се работи за единствен знак за идентификација на регионот на којшто еден човек припаѓа и којшто во себе опфаќа цел сплет на културни, традиционални, религиски и други обележја, а секако и на придобивки што произлегле од тој регион, а се од општо значење за цивилизациските достигнувања на еден народ.

4.Поврзаност

Поврзаноста на албанските гегиски говори со другите говори кои се дел од албанската дијалектна територија, т.е. поврзаноста на синхрониски план, но исто така и поврзаноста на дијахрониски план (колку овие говори се рефлекс на развојот на албанскиот јазик низ вековите и различните влијанија што делувале на овој прстор во минатото, но и денес) е секако неоспорна и несомнена. Всушност оваа поврзаност и  ја прави дијалектологијата мошне значајна наука и единствена по обемноста на полето што го истражува, а во тие рамки вакво несомнено огромно значење имаат и сите активности и ангажмани кои се грижат за заштитата и зачувувањето на албанските говори и дијалекти.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Н. Јокл, Vorläufiger Bericht über die im Auftrag der Balkan-Komission der Kasi Akad. der Wiss. in Wien durchgeführten nordostgegischen Dialektstudien, Anzeiger d. K. Ak., Wien Phil.-hist. Kl. 52 (1915);
  • Ст. Младенов,  Bemerkungen über die Albaner und das Albanische in' Nordmakedonien und Altserbien, "Balkan Archiv", I, 1925,
  • П. Скок, Lingvisticka proucavanja neslovenskog stanovnitva Skopske kotline, "Godishnjak Muzeja Ju`ne Srbije", I, 1941, str. 209-230;
  • Ц. Таглиавини, Le parlate albanesi di tipo ghiego orientale (Dardania e Macedonia nord - occidentale), "Le terre albanese redente" I Cossovo, Roma, 1942;
  • А. Зенку, Disa karakteristika të së folmes së krahinës së Kërçovës, Jehona, nr. 3, Shkup, 1968;
  • А. Селими, Të folmet e Zajazit me disa karakteristika, Përparimi, nr. 6, Prishtinë, 1961.
  • И. Хѕсени, Karakteristikat fonetike të së folmes së Dërvenit të Tetovës, Jehona, nr. 6, Shkup, 1968,
  • П. Јанура, Vrojtime gjuhësore ( fonetike ) dhe folklorike-etnografike te shqiptarët e Pollogut të Gostivarit, vo " Gostivarskiot kraj "  (makedonskiot, albanskiot i turskiot jazik), II, Gostivar, 1972, str. 203-269;
  • Ку. Мурати, Disa veçori fonetike në të folmen shqipe të Tuhinit me rrethe, Jehona, nr. 4, 5, Shkup, 1977,; Mbi të folmen shqipe të rrethinës së Tuhinit të Kërçovës ( I-fonetikë ), GJA, SSHF, IX, Prishtinë, 1979, ( II -morfologji dhe fjalëformim), GJA, SSHF, X, Prishtinë, 1980,
  • Н. Баша, E folmja e qytetit të Dibrës, Studime gjuhësore II, (dialektologji), Prishtinë, 1989.
  • З. Османи, E folmja shqipe e Presp[s, GJA, SSHF, 22-1992, Prishtin[, 1993;
  • Сејфедин Харуни, E folmja shqipe e Rekës së Epërme të Gostivarit, Shkup, 1994.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков". imj.ukim.edu.mk. Посетено на 2023-12-28.