Прејди на содржината

Строиманци

Координати: 41°59′38″N 22°00′40″E / 41.99389° СГШ; 22.01111° ИГД / 41.99389; 22.01111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Строиманци

Поглед кон главното маало на селото

Строиманци во рамките на Македонија
Строиманци
Местоположба на Строиманци во Македонија
Строиманци на карта

Карта

Координати 41°59′38″N 22°00′40″E / 41.99389° СГШ; 22.01111° ИГД / 41.99389; 22.01111
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24037
Надм. вис. 480 м
Слава Спасовден
Строиманци на општинската карта

Атарот на Строиманци во рамките на општината
Строиманци на Ризницата

Строиманци — мало село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Куќи во селото

Ова мало село се наоѓа во областа Овче Поле, во крајниот северен дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип и Општина Кратово.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 480 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 20 километри.[2]

Селото се наоѓа на источниот раб од самата котлина Овче Поле. Околни села се Макреш, Кокошиње, Горно Ѓуѓанци и други. Мештаните се снабдувале со вода за пиење од изворска и бунарска вода. Секое маало има свој извор, а најглавен е Пударница во маалото Село.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Добра Глава, Дервенски Рид, Асаница, Пржар, Арнаутски Рид, Леќиште, Кавгалија, Сусерки, Зелена Чука, Стублица, Мала Добра Глава, Илин Крс, Св. Троица, Спас, Пецев Чукар и Селиште.[3]

Селото има разбиен тип. Постојат четири маала наречени: Село, Коларци, Ваклинци и Кошарци. Најстаро е маалото Село, додека најново е Кошарци.[3]

До селото се пристапува преку селото Долно Ѓуѓанци каде завршува асфалтниот пат, од каде започнува земјен пат кој поминува низ Горно Ѓуѓанци.

Историја

[уреди | уреди извор]

На оддалеченост од еден километар северно од денешното маало Село се наоѓа Селиште, каде се наоѓа добра чешма и селската црква „Св. Никола“, изградена околу 1926 година. Претходно таму се наоѓале ѕидини од стара црква. Околу црквата се наоѓаат темели на некогашни куќи. Во народот се говори дека на Селиште имало христијанско село пред зулумите, но мештаните од тоа село изумреле. Во лозјата близу Селиште се наоѓале врчви, грнчиња и огништа.[3]

Денешното село Строиманци е младо село, основано пред околу 130 години од македонски доселеници од селото Стрисовци во сливот на Злетовска Река. Тие жители некое време живееле заедно со Турците во Стрисовци, но на крајот се преселиле во денешното село Строиманци.[3] Строисавци

Првите доселеници го основале денешното маало Село, а подоцна нивна гранка го основале маалото Кошарци. Маалата Ваклинци и Коларци биле доселени од македонски родови од други села.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 10,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 600 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 251 хектар, а на шумите 151 хектар.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Кога било основано селото, сопственик на таа земја бил некој Ќазим-бег од Штип. Околу 1900 година неговите наследници ја продале земјата на селаните, а дел од селаните добиле земја и со аграрната реформа.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948378—    
1953400+5.8%
1961302−24.5%
1971129−57.3%
198120−84.5%
ГодинаНас.±%
199113−35.0%
19943−76.9%
20028+166.7%
20211−87.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Строиманци имало 190 жители, сите Македонци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]

Селото е мало и населено со македонско население. Тоа во 1961 година броело 302 жители, а во 1994 година е доведено во фаза на наполно раселување, бидејќи тогаш броело само тројца жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Строиманци живееле 8 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото Строиманци живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 190 378 400 302 129 20 13 3 8 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Строиманци е македонско село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Доселенички со познато потекло: Тошевци (6 к.), Каревци (6 к.), Трајковци (5 к.), Станковци (2 к.), Трајановци (2 к.), Долно Малци (5 к.), Дедо-Нуневци (4 к.), Доневци (3 к.) и Чаковци (1 к.), доселени се пред околу 190 години од селото Стрисовци, Пробиштипско. Во еден од родовите се знае следното родословие: Тимо (жив на 70 г. во 1957/58) Мите-Филип-Раде, еден од првите доселеници; Дедо Кралевци (2 к.), Дедо Доневци (5 к.), Ташевци (2 к.) и Ивановци (2 к.), доселени се од селото Мородвис, Кочанско; Миладиновци (5 к.), доселени се од селото Секулица, Кратовско.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Македонското население од ова село се иселувало кон Куманово и Свети Николе. Тоа иселување е почнувајќи од XIX век, па до денешни дни. Во Горно Ѓуѓанци се иселиле Спаскови, Тангарци, Лазаровци и Куклини. Во Долно Ѓуѓанци се иселиле Боневи и Димитар. Постари иселеници има и во Сопот и Ѓуземелци.[3]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Строиманци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Строиманци, се наоѓале и селата Габреш, Горно Ѓуѓанци, Градиште, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутли Бег, Кучкарево, К’шање, Павлешенци, Пезово и Стањевци. Селото припаѓало на Општина Долно Ѓуѓанци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Павлешенци, Строиманци и Стрњевец.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1694 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Долно Ѓуѓанци. Во ова избирачко место влегуваат селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци и Строиманци.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време;
  • Св. Никола — средновековна црква и некропола; и
  • Селиште — населба од доцноантичкото време.
Цркви[15]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Строиманци

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 289. Посетено на 12 мај 2021.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 687–688.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 мај 2021.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 26 март 2021.
  14. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 360. ISBN 9989-649-28-6.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]