Војник (село)
Војник | |
Панорама на селото Војник | |
Координати 42°09′35″N 21°52′17″E / 42.15972° СГШ; 21.87139° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Средорек |
Население | 68 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1304 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17018 |
Надм. вис. | 370 м |
Војник на општинската карта Атарот на Војник во рамките на општината | |
Војник на Ризницата |
Војник — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Војник имало 61 жител, од кои 57 Македонци, 3 Срби и 1 останат.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 68 жители, од кои 62 Македонци и 6 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 136 | 98 | 121 | 144 | 165 | 129 | 114 | 86 | 87 | 61 | 68 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
[уреди | уреди извор]Војник е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
- Стари родови: Ѓокинци (5 к.), Цоровци (3 к.) и Голомевци (2 к.)
- Доселени родови: Петраљичанци (5 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Петралица, Кривопаланечко; Чунгурци (4 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Цвиланце; Цветановци (2 к.) доселени се кога и другите два рода од селото Макреш; Алексовци (2 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане; Савевци (1 к.) доселени се од истото место како и претходниот род.
- Доселени каурски Роми: Јаќимовци (1 к.) доселени се од селото Макреш пред 1912 година; Коњушанци (2 к.) доселени се како просјаци во 1918 година од селото Коњух; Николовци (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Конопница, Кривопаланечко.[9]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[10]
- Гробишта - Гробље — тумул од железното време и средновековна некропола
- Петриково — населба и некропола од римското време
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Во турско време во селото живеел родот Ѓокинци. Они во 1908 година имале куќна задруга од 20 членови. Тогаш чувале околу 500 овци и 12 овчарски кучиња. Но поради недоразбирањата со сопственикот на чифликот Ѓокинци морале да се иселат во селото Стрезовце. Но потоа се вратиле во селото, но по некое време овој род изумрел.
Се знае и за други родови кои ги нема повеќе во селото, како. Војничанци и Мазници иселени се во селото Клечевце. Војничанци иселени се во селото Студена Бара.[9]
Личности
[уреди | уреди извор]- Карпош — водач на Карпошовото востание и легендарен македонски ајдутски војвода
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 206-207. ISBN 9989649286.