Goodbye Lullaby

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Goodbye Lullaby“
Студиски албум од Аврил Лавињ
Издаден2 март 2011 (2011-03-02)
(видете историја на издавање)
Снименноември 2008 – октомври 2010
Траење52:11
Издавачка куќаRCA
ПродуцентАврил Лавињ, Бач Валкер, Дерик Вабли, Макс Мартин, Шилбек
Аврил Лавињ — Хронологија
The Best Damn Thing
(2007)
Goodbye Lullaby
(2011)
Издадени песни од Goodbye Lullaby
  1. "What the Hell"
    Издадена: 11 јануари 2011 (2011-01-11)
  2. "Smile"
    Издадена: 11 април 2011 (2011-04-11)

Goodbye Lullaby е четвртиот студиски албум на канадската пејачка и текстописец Аврил Лавињ. Албумот најпрво беше издаден на 2 март 2011 од RCA Records (Sony Music). Снимачките сесии започнаа во ноември 2008, и заземаа период на снимање од две години, и еден месец вклучувајќи го и октомври 2010 година. Албумот ги содржи следните иструменти: пијано и акустична гитара. Секоја песна на албумот е напишана од Аврил Лавињ, додека половина од песните пак почнала да ги пишува со помошни текстописци. Досега албумот има продадено повеќе од 900.000 примероци ширум светот искачувајќи се на прво место на табелите во Јапонија, Австралија, Германија, Грција, Тајван, Кореја, Сингапур, Хонг Конг и Чешка, а во првите Топ 5 се искачил во повеќе од 15 држави како во САД и Канада.

Водечкиот сингл на албумот, „What the Hell“, е издаден на 11 јануари, 2011 година и се искачил во Топ 20 во САД, Топ 10 во Европа и Австралија и во Топ 5 во Азија. Лавињ направила премиера на песната „What the Hell“ на Dick Clark's New Year's Rockin' Eve во 2010. Албумот исто така ја содржи и издолжената верзија на синглот од саундтракот на филмот од 2010, Алиса во Земјата на Чудата, наречен „Alice“.

Позадина и развој[уреди | уреди извор]

Датумот на издавање на албумот и на водечкиот сингл биле повлекувани неколку пати. Албумот отпрвин требало да излезе на 17 ноември, 2009 година.[1] Подоцна, во јануари, 2010, Лавињ кажала дека омотот на албумот е фотографиран и дека првиот сингл на албумот ќе излезе во април, а албумот истата година во јуни.[2] Во мај, Лавињ рекла дека албумот бил многу сериозен и „зрел“ и дека ќе се врати во студиото за да го балансира, „Не сакам да брзам со албумот.... Имам многу сериозен албум и мислам дека треба да се стават интересни песни во него.“[3]

Во август, 2010, Лавињ се вратила во Henson Recording Studios[4] со продуцентот Алекс да Кид. За време на сесиите, Лавињ имала ангина и луѓето кои работеле со неа морале да носат заштитни маски.[5] И покрај предупредувањето на докторот, Лавињ ги пеела песните, „Јас не бев способна да пеам последните четириесет и осум часа бидејќи можев да направам трајно оштетување на мојот глас.“[4] Таа кажала дека за време на албумот таа „пробувала нови работи“ и дека „пронаоѓала.“ Лавињ исто така изјавила дека има доволно материјал за два албума.[5]

Во октомври, 2010, Лавињ се нашла на Maxim поради проблемот во ноември. За време на интервјуто таа кажала дека завршила со Goodbye Lullaby по две и пол години.[7] Во ноември, Лавињ изјавила дека нејзиниот албум бил завршен за една година и дека причина за неговото одлагање била нејзината снимачка компанија.[8] Лавињ кажала дека нејзината снимачка компанија сакала нешто позабавно за таа да се задржи на мејнстримското радио, „Радиото е многу ритмично и урбано денеска. Јас мислам дека тие сакаа од мене да направам нешто такво, но тоа не беше мојата визија за албумот“.[6]

Целосниот список на песни од албумот бил откриен на 21 декември, 2010 година,[9] откако неколку од нив биле изјавени во почетокот на декември.[10][11] Исто така било изјавено дека две песни од албумот, „4 Real“ и „Goodbye“, биле и двете напишани и продуцирани само од Лавињ. Песните на албумот биле напишани или од Лавињ самостојно или пак заедно со нејзините долгогодишни соработувачи Еван Тобенфелд, Бач Валкер и Макс Мартин.[10][11] Лавињ кажала дека нејзиниот глас бил најважниот инструмент за време на снимањето на албумот, „Обично главниот вокал се покрива со песната и не можете секогаш да го слушнете неговиот квалитет, карактер, или емоција. Јас сакав мојот глас да биде главниот инструмент."[10]

Снимање[уреди | уреди извор]

Лавињ почнала да го снима албумот во нејзиното домашно студио во ноември, 2008 година со песната „Black Star“, само еден месец по турнејата The Best Damn Tour.[1] За да помогне во промовирањето на нејзиниот прв парфем, Black Star, на Лавињ ѝ требало кратка тема. „Black Star“ била композирана во хотел во Малезија за време на нејзината турнеја. Џинглот била прошитен во целосна песна, која според Rolling Stone прераснала во „една од најамбициозните песни на Аврил Лавињ, убава приспивна песна која се врти околу гитарата и пијаното на Coldplay.“[12]

Снимањето почнувалло со минимални инструменти, обично со акустична гитара и Лавињ која пеела, а подоцна биле додавани другите инструменти. Лавињ го опишала процесот: „Јас сакам да изведувам на тој начин, па навистина мислев дека е време за таков албум. Само да се прави сè за вокалот и изведбата, за вибрацијата, за емоцијата.“ Бидејќи Лавињ имала студио во нејзиниот дом, таа можела таму да композира и да снима. Таа исто така го користела и пијаното за да ги композира повеќето од песните. „Пијаното е повеќе од емоционален инструмент. Носи различни емоции во мене и ме движи на поразличен начин отколку гитарата.“[13] До јули, 2009, девет песни биле снимени,[1] вклучувајќи ги песните „Fine“, „Everybody Hurts“ и „Darlin'“. Неколку од песните биле напишани додека Лавињ била млада. „Darlin'“ била втората песна што Лавињ ја напишала на 15 години додека живеела во Напани, Онтарио.[14] Лавињ рекла дека албумот е поразличен од нејзината претходна работа, „Во другите албуми кои ги направив песните се расфрлани насекаде. Ова е најсогласниот албум досега.“[15]

Композиција[уреди | уреди извор]

Лавињ рекла дека во албумот се работи за „живот“. Таа рекла, „Мене ми е многу лесно да направам некоја лесна поп песна, но да седнам и искрено да напишам нешто што ми е блиску, нешто низ што сум поминала е многу поразлична работа.“[12] Албумот е враќање на Лавињ кон нејзиниот постар стил и во него преовладува акустична музика.[14] Со исклучок на водечкиот сингл на албумот, „What the Hell“, Лавињ ги опишала песните како поразлични од нејзиниот постар материјал: „Јас сум постара сега и мислам дека тоа што доаѓа од мене не е само поп-рок“.[16] Таа рекла, „[За] овој албум, Јас само навистина, навистина сакав да пеам.... Сакав само да биде тишина окоу мене и да ги имам овие акустични песни.“[12] Во ноември, 2010 година, британскиот продуцент Алекс да Кида, кој работел со Лавињ во август, 2010, рекол дека некои ос песните на албумот ќе имаат хип-хоп звук, „Имавме некои работи кои беа хип-хоп, а некои работи кои беа повеќе поп/рок“.[17] Во декември, било изјавено дека песните продуцирани од Алекс да Кид нема да се најдат на албумот, но Лавињ рекла, „ние ќе направиме нешто со тие работи, само сеуште не знам што“.[18]

Лавињ го опишала првиот сингл од албумот, „What the Hell“, како „порака за лична слобода“, нарекувајќи го „најголемата поп песна на албумот“, најмалку личната песна[8] и најсличната песна на нејзината претходна работа.[15] Друга песна, „Stop Standing There“, била опишана како да има „чувство на девојка од раните '50-ти" и „Smile“ е за благодарнсота на Лавињ за специјалните луѓе во нејзиниот живот. „Push“ е за врски, а „Wish You Were Here“ ја покажува ранливата страна на Лавињ.[19] Лавињ ја опишала песната „Everybody Hurts“ како „различна... но не е толку многу различна од тоа што сум јас и која сум јас.“[20] „Goodbye“, една од песните кои Лавињ ги напишала и продуцирала самата е за продолжувањето со својот живот.[19] Лавињ кажала дека „Goodbye“ е најличната песна на албумот, а исто така била и инспирација за насловот на албумот.[18]

Прегледи од критичарите[уреди | уреди извор]

 Професионални оценки
Средна оценка
Извор Оценка
Metacritic (58/100)[21]
Прегледни резултати
Извор Оценка
About.com 3/5 ѕвездички[22]
Allmusic 3/5 ѕвездички[23]
The A.V. Club (C-)[24]
Digital Spy 4/5 ѕвездички[25]
Entertainment Weekly B-[26]
The Globe and Mail 1.5/4 ѕвездички[27]
PopMatters 5/10 ѕвездички[28]
Rolling Stone 3/5 ѕвездички[29]
Slant Magazine 2.5/5 ѕвездички[30]
Spin 5/10 ѕвездички[31]

Goodbye Lullaby добил различни оценки од повеќето музички критичари.[21] На Metacritic, вебсајт кој доделува нормализирани рејтинзи до 100 поени од мејнстрим критичарите, албумот добил просечни 58 поени, според 14 оценувања, што укажува на „микс од просечни оценки“.[21]

Енди Гринвалд од Entertainment Weekly, партнет на CNN, рекол дека Goodbye Lullaby бара балансирање, „Во првата половина е наполнет со светнати слатки песни, додека втората половина се состои од потивки рефлексии јасно инспирирани од ... Дерик Вабли“, нејзиниот поранешен сопруг. Прегледот завршува со давање оценка Б- со оправдување дека пејачката изгледа очајна да ги сподели своите уметнички внатрешни работи, кои се далеку од целосно формирани.[26] Стифен Томас Ерлевин од Allmusic го споредува Goodbye Lullaby со Under My Skin, потенцирајќи го разводот со Дерик Вабли како „Повод за самоиспитување“. Тој заклучува дека Лавињ „се бори со емоции надвор од нејзиниот дофат и никогаш не го артикулира својот гнев или изработува меланхонична мелодија, со што прави Goodbye Lullaby да се чувствува дека е погоден, а не вистински.“[23] Канадскиот весник The Globe and Mail ја споредил Лавињ во 2002 како „помлада верзија на Аланис Морисет, но нејзините постари корени биле преземени од Ke$ha и Goodbye Lullaby содржи малку работи за да привлече некој кој сеуште не е фан.“ Роберт Еверет-Грин ја критикува прогресијата во шест песни: „тоа е основа на поп песните на Печлбел и Canon и уште џилион други поп песни.“ „Goodbye“ била опишана како „балада со жици и пијано што Лавињ целосно ја направила самата, вклучувајќи ја и продукцијата. Таа песна е висока во нејзиниот регистар и звучи по малку како ангел со искинати крилја.“[27]

Комерцијален успех[уреди | уреди извор]

На 10 март, 2011, Goodbye Lullaby се искачил на второ место[32] на јапонската Орикон Албум Табела, со 135,410 продадени примероци во првата недела. На Билборд 200, албумот се искачил на четвртото место, со 87.000 продадени примероци во првата недела.[33] Сите четири албуму на Лавињ се искачиле во топ четири на Билборд 200, иако Goodbye Lullaby немал толку голем успех како нејзините претходни два албуми, Under My Skin (2004) и The Best Damn Thing (2007). Целосниот број на продадени примероци во првата недела (87.000) е исто така многу помал отколку на Under My Skin (381.000) и The Best Damn Thing (286.000).[34] До денеска албумот има продадено повеќе од 1 милион примероци

Промоција[уреди | уреди извор]

За да го промовира албумот, Лавињ ја одржa турнејата The Black Star Tour во мај, 2011 година.

Синглови[уреди | уреди извор]

Лавињ премиерно го извела водечкиот сингл, „What the Hell“, на Dick Clark's New Year's Rockin' Eve на 31 декември, 2010[11] заедно со песната „Girlfriend“.[18] Лавињ рекла дека песната е „навистина интересна, песна за забви, па вредеше што ја изведов за првпат на New Year's Rockin' Eve.“[15] Наредниот ден, „What the Hell“ бил овозможен за бесплатно спуштање 48 часа од официјалната фејсбук страница на Лавињ.[35] Видеото за синглот било издадено во јануари, 2011 година.[8]

Лавињ ги прашала нејзините фанови преку нејзиниот Твитер профил кој би требало да биде наредниот сингл, давајќи избор меѓу „Push“ и „Smile“.[36][37] „Smile“ е издадена како вториот сингл од албумот.[37]

Други искачени песни[уреди | уреди извор]

„Wish You Were Here“
Песна од Аврил Лавињ од албумот Goodbye Lullaby
Должина3:45
КуќаRCA
ТекстАврил Лавињ, Макс Мартин, Шилбек
ПродуцентМакс Мартин, Шилбек

„Wish You Were Here“ е песна на Аврил Лавињ од Goodbye Lullaby напишана од Лавињ, Макс Мартин и Шилбек, а продуцирана од последните два. Песната се искачила на 99 место на Билборд Хот 100[38] и на 64 место на Канадски Хот 100.[38][39]

Џоди Розен од магазинот Роулинг Стоун на прегледот кој го правела на четвртиот студиски албум на Лавињ, Goodbye Lullaby (2011), ја коментирала песната како „џанглинг моќна балада“.[40] Стефен Томас Ерлевин од Allmusic ја нарекол „Wish You Were Here“ врв на албумот.[41] Според Џонатан Киф од Slant Magazine песната и уште две други [„Push“ и „Smile“] се „грешка да се има лесна уста за вистинска личност“, и „Wish You Were Here“ „не успева да ги направи [стиховите] 'Проклестство, проклестство, проклестство / Што сè би направила да си тука, тука, тука' како јадица“.[42] Ал Фокс, уредник на BBC Music, кажал дека песната е една од оние каде „Лавињ всушност успева да каже вистинска изјава“. Тој исто така коментирал дека е „еден непретенциозна песна“.[43] Мајкл Вуд кажал дека песни како „Wish You Were Here“ и „Everybody Hurts“ се за поранешното панк-детиште, принцезата Лавињ.[44]

Песни на албумот[уреди | уреди извор]

Бр. НасловТекстописциПродуцент(и) Траење
1. Black Star“  Аврил ЛавињДерик Вабли 1:34
2. What the Hell“  Лавињ, Макс Мартин, ШилбекМартин, Шилбек 3:40
3. „Push“  Лавињ, Еван ТобенфелдВабли 3:01
4. „Wish You Were Here“  Лавињ, Мартин, ШилбекМартин, Шилбек 3:45
5. „Smile“  Лавињ, Мартин, ШилбекМартин, Шилбек 3:29
6. „Stop Standing There“  ЛавињБач Валкер 3:27
7. „I Love You“  Лавињ, Мартин, ШилбекМартин, Шилбек 4:01
8. „Everybody Hurts“  Лавињ, ТобенфелдВабли 3:41
9. „Not Enough“  Лавињ, ТобенфелдВабли 4:18
10. „4 Real“  ЛавињЛавињ 3:28
11. „Darlin“  ЛавињВабли 3:50
12. „Remember When“  ЛавињВабли 3:29
13. „Goodbye“  ЛавињЛавињ 5:29
14. Alice (Extended version)“ (Скриена песна)ЛавињВалкер 4:59
Забелешки
  • Должина на песните земени од Goodbye Lullaby и Allmusic.[49][23]
  • Помошникот текстописец и пријател на Лавињ, Еван Тобенфелд ги изведува вокалите при крајот на песната „Push“.

Личности[уреди | уреди извор]

Кредити за Goodbye Lullaby од Allmusic.[50]

  • Џеф Алдрич – A&R
  • Кејт Армстронг – асистент во миксингот
  • Дејвид Кемпбел – жичани инструмети
  • Ден Чејс – дигитален инжинер, уредување, програмирање
  • Џош Фриз – тапани
  • Сербан Генеа – миксинг
  • Ервин Горостиза – дизајн, распоред
  • Џон Хајнес – инжинер, миксиинг
  • Родни Хауард – тапани
  • Мајкл Илберт – инжинер
  • Тед Џенсен – мастеринг
  • Ник Карпен – миксинг асистент
  • Марк Лидел – фотографија
  • Аврил Лавињ – A&R, уметничка насока, композитор, гитара, акустична гитара, пијано, продуцент, вокали

  • Крис Лорд-Алг – миксинг
  • Мак Мартин – композитор, инжинер, клавијатура, продуцент
  • Марија Паула Маруланда – дизајн, распоред
  • Тим Робертс –миксинг асистент
  • Ендру Шуберт – миксинг
  • Стив Шеби – бас гитара
  • Шилбек – бас, композитор, тапани, инжинер, гитара, продуцент
  • Џејк Синклер – инжинер
  • Еван Тобенфајлд – композитор, дигитално уредување, дигитален инжинеринг, инжинеринг, инструмети, вокали
  • Бред Тоусенд – миксинг
  • Бач Валкер – инжинеринг, инструмети, продуцент
  • Дерик Вабли – инжинеринг, инструмети, продуцент, миксинг

Историја на издавање[уреди | уреди извор]

Регион Датум Куќа
Јапонија[51][52] 2 март 2011 Sony Music Japan
Австралија[53] 4 март 2011 Sony Music
Германија[54]
Ирска[55]
Холандија[56]
Шведска[57]
Обединето Кралство[58] 7 март 2011 Columbia Records
Бразил [59] Sony Music
Русија[60]
Мексико[61] 8 март 2011
Тајван[62]
Јужна Кореја[63]
Канада[64]
САД[65] RCA Records
Италија
Филипини[66] 15 март 2011 Sony Music


Табели и сертификации[уреди | уреди извор]

Табели[уреди | уреди извор]

Позиции на табелите за Goodbye Lullaby
Табела (2011) Највисока
позиција
Австралиска Табела за Албуми[67] 1
Австриска Табела за Албуми[67] 3
Белгиска Табела за Албуми (Валонија)[67] 10
Белгиска Табела за Албуми (Фландрија)[67] 11
Канадска Табела за Албуми[68] 2
Чешка Табела за Албуми[69] 1
Данска Табела за Албуми[67] 19
Холандска Табела за Албуми[67] 11
Финска Табела за Албуми[67] 8
Француска Табела за Албуми[67] 4
Германска Табела за Албуми[70] 4
Грчка Табела за Албуми[71] 1
Унгарска Табела за Албуми[72] 13
Ирска Табела за Албуми[73] 12
Италијанска Табела за Албуми[67] 5
Јапонска Табела за Албуми[74] 1
Јапонска Орикон Табела за Албуми[32] 2
Мексиканска Табела за Албуми[75] 3
Мексиканска Инт. Табела за Албуми [76] 1
Новозеландска Табела за Албуми[67] 7
Норвешка Табела за Албуми[67] 16
Полска Табела за Албуми[77] 10
Португалска Табела за Албуми[67] 5
Руска Табела за Албуми[78] 5
Словенска Табела за Албуми [79] 4
Јужнокорејска Табела за Албуми[80] 4
Јужнокорејска Инт. Табела за Албуми [81] 1
Шведска Табела за Албуми[67] 10
Шпанска Табела за Албуми[67] 4
Швајцарска Табела за Албуми[67] 2
Тајванска Инт. Табела за Албуми [82] 1
Британска Табела за Албуми[83] 9
САД Билборд 200[33] 4

Продажби и сертификации[уреди | уреди извор]

Земја Сертификации Продажби
Јапонија (RIAJ) Платинум 300,000+[84]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Pastorek, Whitney (24 July 2009). „Avril Lavigne in the studio: An EW exclusive!“. EW.com. Архивирано од изворникот на 2 July 2010. конс. 30 January 2010. 
  2. Lavigne, Avril. Interview with Ryan Seacrest. Interview with Avril Lavigne. On Air with Ryan Seacrest. KIIS Los Angeles, California. 26 January 2010. Retrieved on 26 January 2010.
  3. Lavigne, Avril. Interview with Ryan Seacrest. Interview with Avril Lavigne. On Air with Ryan Seacrest. KIIS Los Angeles, California. 6 May 2010. Retrieved on 14 May 2010.
  4. 4,0 4,1 Avril Lavigne. (14 August 2010). Avril in the Studio with Alex Da kid.mov. [Streaming video]. YouTube. Се случува во 0:16. http://www.youtube.com/watch?v=SaO_cYzeZ6o. посет. 15 август 2010 г. 
  5. 5,0 5,1 Hart, Courtney. „Avril Lavigne Back in the Studio, Has Strep Throat“, 13 август 2010 (посет. 13 август 2010 г).
  6. 6,0 6,1 Wilkes, Neil (22 February 2011). „Avril Lavigne“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 23 February 2011. конс. 23 February 2011. 
  7. „Avril Lavigne’s third Maxim cover is officially her hottest shoot yet“. Maxim. 4 October 2010. конс. 12 November 2010. 
  8. 8,0 8,1 8,2 Jones, Anthony. „Avril Lavigne To Release New Single "What The Hell"“, „All Headline News“, 10 ноември 2010 (посет. 10 ноември 2010 г).
  9. „Goodbye Lullaby Track-Listing Confirmed!“. <nowiki />Avrillavigne.com<nowiki />. 21 December 2010. Архивирано од изворникот на 21 December 2010. конс. 21 December 2010. 
  10. 10,0 10,1 10,2 „Avril Lavigne's Bio“. Sony Music Entertainment. Архивирано од изворникот на 11 December 2010. конс. 7 December 2010. 
  11. 11,0 11,1 11,2 Lipshutz, James. „Avril Lavigne to Release 'Goodbye Lullaby' Album in March“, „Billboard“, 7 декември 2010 (посет. 8 декември 2010 г).
  12. 12,0 12,1 12,2 Diehl, Matt (3 септември 2009 г). Avril Lavigne Mellows Out, Gets Serious. „Rolling Stone“ (Rolling Stone LLC) (#1086): 24. 
  13. Swanner, Rebecca (8 јуни 2010 г). Avril. „Inked“ (Pinchazo Publishing Group) (June/July 2010): 40–45. 
  14. 14,0 14,1 Michaels, Sean. „Avril Lavigne goes acoustic on new album“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 29 јули 2009 (посет. 2 август 2009 г).
  15. 15,0 15,1 15,2 Smith, Stacy Jenel (30 December 2010). „Avril Lavigne 'Anxious to Get Out There Again'. PopEater. Архивирано од изворникот на 31 December 2010. конс. 3 January 2011. 
  16. Montgomery, James (22 November 2010). „Avril Lavigne Says Her New Album 'Is A Departure'. <nowiki />MTV.com<nowiki />. Архивирано од изворникот на 30 December 2010. конс. 23 November 2010. 
  17. Dinh, James. „Avril Lavigne Experimenting With Hip-Hop, Alex Da Kid Reveals“, „MTV.com“, 19 ноември 2010 (посет. 20 ноември 2010 г).
  18. 18,0 18,1 18,2 Greenblatt, Leah (27 December 2010). „Avril Lavigne talks about her new album, (sort of) working with Rihanna, and where she'll be New Years Eve: An EW Q&A“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 27 December 2010. конс. 27 December 2010. 
  19. 19,0 19,1 Sciarretto, Amy (8 December 2010). „Avril Lavigne to Release "Goodbye Lullaby" on March 8“. ARTISTdirect. Архивирано од изворникот на 14 December 2010. конс. 14 December 2010. 
  20. Berens, Caitlin (27 July 2009). „Avril Lavigne Takes Stripped-Down Approach On Next Album“. Billboard. конс. 22 December 2010. 
  21. 21,0 21,1 21,2 Goodbye Lullaby (2011): Reviews. Metacritic. Retrieved on 11 March 2011.
  22. Lamb, Bill (10 March 2011) Avril Lavigne - Goodbye Lullaby:Downbeat, Subdued Avril Lavigne Isn't Particularly Interesting About.com - A New York Times Company. Retrieved 2011-03-11
  23. 23,0 23,1 23,2 Erlewine, Stephen Thomas. „Goodbye Lullaby Avril Lavigne“. Allmusic. Архивирано од изворникот на 4 March 2011. конс. 4 March 2011. 
  24. http://www.avclub.com/articles/avril-lavigne-goodbye-lullaby,52828/
  25. Copsey, Robert (7 March 2011) Music - Album Review: Avril Lavigne - Goodbye Lullaby - Digital Spy Digital Spy. Retrieved 11 March 2011
  26. 26,0 26,1 Greenwald, Andy (2 March 2011). „Goodbye Lullaby (2011)“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 4 March 2011. конс. 4 March 2011. 
  27. 27,0 27,1 http://www.webcitation.org/query?url=http://www.theglobeandmail.com/news/arts/music/disc-of-the-week-avril-lavigne-aims-low-falls-short/article1930337/&date=2011-03-04
  28. Langhoff, Josh (16 March 2011). „Avril Lavigne: Goodbye Lullaby“. PopMatters. конс. 18 March 2011. 
  29. Rosen, Jody (8 March 2011). „Avril Lavigne Goodbye Lullaby“. Rolling Stone. конс. 18 March 2011. 
  30. Jonathan Keefe (6 March 2011). „Music Review: Avril Lavigne: Goodbye Lullaby“. Slant Magazine. конс. 7 March 2011. 
  31. Wood, Mikael. „Avril Lavigne 'Goodbye Lullaby'. Spin magazine. Архивирано од изворникот на 4 March 2011. конс. 4 March 2011. 
  32. 32,0 32,1 „2011年03月第2週の邦楽アルバムランキング情報“. Oricon. конс. 10 March 2011. 
  33. 33,0 33,1 Caulfield, Keith. „Lupe Fiasco's 'Lasers' Lands at No. 1 on Billboard 200“, „Billboard“, Prometheus Global Media, 16 март 2011 (посет. 16 март 2011 г).
  34. Grein, Paul(16 March 2011) Week Ending March 13, 2011: Albums: Not A Fiasco Yahoo! Music. Retrieved 2011-03-25
  35. Sciarretto, Amy (28 December 2010). „Avril Lavigne to Offer Free Download of "What the Hell" on New Year's Day“. ARTISTdirect. Архивирано од изворникот на 2 January 2011. конс. 2 January 2011. 
  36. „Ok guys... I have a big decision to make today and I want my fans to help me. Do u guys want PUSH or SMILE to be my 2nd single??“. Twitter. Twitter Inc. конс. March 24, 2011. 
  37. 37,0 37,1 „Avril Lavigne announces new single“. Digital Spy. конс. 8 April 2011. 
  38. 38,0 38,1 „Wish You Were Here - Avril Lavigne“. Billboard. Nielsen Business Media Inc. конс. March 23, 2011. 
  39. „Week of March 26, 2011“. Billboard. Nielsen Business Media Inc. March 23, 2011. конс. March 28, 2011. 
  40. Rosen, Jody (March 8, 2011). „Goodbye Lullaby by Avril Lavigne“. Rolling Stone. Wenner Media LLC. конс. March 23, 2011. 
  41. Erlewine, Stephen Thomas. „Goodbye Lullaby“. Allmusic. Rovi Corporation. конс. March 23, 2011. 
  42. Keefe, Jonathan (March 6, 2011). „Avril Lavigne: Goodbye Lullaby“. Slant Magazine. конс. March 24, 2011. 
  43. Fox, AL (February 25, 2011). „Goodbye Lullaby Review“. BBC Music. BBC. конс. March 23, 2011. 
  44. Wood, Mikael. „Avril Lavigne 'Goodbye Lullaby'. Spin. Spin Media LLC. Архивирано од изворникот на March 4, 2011. конс. March 24, 2011. 
  45. „Good Bye, Lullaby Avril Lavigne [CD]“. Cdjapan.co.jp. 3 February 2011. конс. 5 March 2011. 
  46. 46,0 46,1 „Pre-Order The Deluxe Edition of Goodbye Lullaby“. AvrilLavigne.com. 25 January 2011. конс. 28 January 2011. 
  47. „Goodbye Lullaby (Deluxe Edition)“. iTunes Store. Apple Inc. конс. 8 February 2011. 
  48. „Goodbye Lullaby, Avril Lavigne | Muziek“. bol.com. конс. 5 March 2011. 
  49. Лавињ, Аврил (2011). Албум белешки за Goodbye Lullaby (Линиски белешки) од Аврил Лавињ [Компакт диска]. RCA Records.
  50. „Goodbye Lullaby - Avril Lavigne“. Allmusic. конс. 5 March 2011. 
  51. „Goodbye Lullaby – Album by Avril Lavigne (Japan CD release date)“. Sony Music Shop. конс. 20 January 2011. 
  52. „Goodbye Lullaby – Album by Avril Lavigne (Japan CD+DVD release date)“. Sony Music Shop. конс. 20 January 2011. 
  53. „Goodbye Lullaby: Avril Lavigne: Sanity.com.au: Music“. <nowiki />Sanity.com.au<nowiki />. конс. 20 January 2011. 
  54. „Goodbye Lullaby: Avril Lavigne: Amazon.de: Music“. <nowiki />Amazon.de<nowiki />. конс. 20 January 2011. 
  55. „Goodbye Lullaby by Avril Lavigne - Download Goodbye Lullaby on iTunes“. Itunes.apple.com. 27 September 1984. конс. 5 March 2011. 
  56. „Goodbye Lullaby - Avril Lavigne (Dutch release date)“. bol.com. конс. 4 March 2011. 
  57. „Goodbye Lullaby: Avril Lavigne: Cdon.se: Music“. <nowiki />Cdon.se<nowiki />. Архивирано од изворникот на 8 January 2011. конс. 8 January 2011. 
  58. „Goodbye Lullaby: Avril Lavigne: Amazon.co.uk: Music“. <nowiki />Amazon.co.uk<nowiki />. Архивирано од изворникот на 8 January 2011. конс. 8 January 2011. 
  59. „Goodbye Lullaby - Avril Lavigne (Brazil release date)“. Livrariacultura.com.br. конс. 18 February 2011. 
  60. Goodbye Lullaby - Releases - Sony Entertainment Russia
  61. Goodbye Lullaby - Release - Mixup
  62. „艾薇兒 再見搖籃曲 (CD+DVD 魅紫豪華特典)“. конс. 2011-03-15. 
  63. „Avril Lavigne - Goodbye Lullaby“. Sony Music Korea (Korean). Sony Music Entertainment Korea Inc. конс. March 20, 2011. 
  64. „Goodbye Lullaby: Avril Lavigne: Amazon.ca: Music“. Amazon.ca. конс. 6 March 2011. 
  65. „Goodbye Lullaby: Avril Lavigne: Amazon.com: Music“. <nowiki />Amazon.com<nowiki />. Архивирано од изворникот на 8 January 2011. конс. 8 January 2011. 
  66. http://sonybmg.com.ph/index.php/releases/view/397
  67. 67,00 67,01 67,02 67,03 67,04 67,05 67,06 67,07 67,08 67,09 67,10 67,11 67,12 67,13 67,14 „ultratop.be – Avril Lavigne – Goodbye Lullaby“. Ultratop (Dutch). ULTRATOP & Hung Medien / hitparade.ch. конс. 21 March 2011. 
  68. „Canadian Albums: Week of March 26, 2011“. Billboard. Prometheus Global Media. конс. 17 March 2011. 
  69. „ČNS IFPI“. www.ifpicr.cz. IFPI Czech Republic. конс. 16 March 2011. 
  70. „Musicline.de – Chartverfolgung – Avril Lavigne - Goodbye Lullaby“. Musicline.de (German). конс. 19 March 2011. 
  71. „Top 75 Combined Repertoire (Albums)“. ifpi.gr. IFPI Greece. конс. 19 March 2011. 
  72. „MAHASZ – Magyar Hanglemezkiadók Szövetsége“. mahasz.hu. конс. 2011-03-17. 
  73. „GFK Chart-Track“. chart-track.co.uk. GfK. 10 March 2011. конс. 11 March 2010. 
  74. „Japan Billboard Top Albums“. Billboard. конс. March 12, 2011. 
  75. „Mexico Top 100“ (PDF). AMPROFON. конс. 2011-03-22. 
  76. http://greaves.tv/amprofon3/Top20.pdf
  77. „Oficjalna lista sprzedaży :: OLIS – Official Retail Sales Chart“. OLiS. конс. 19 March 2011. 
  78. „Lenta.ru: Музыка: Лепс и Ляпис“ (Russian). lenta.ru. конс. 1 April 2011. 
  79. http://www.rtvslo.si/val202/news/article/34
  80. „검색결과 - Avril Lavigne“ [Search Results - Avril Lavigne]. Gaon Chart (Korean). Korea Music Content Industry Association. конс. March 20, 2011. 
  81. http://www.gaonchart.co.kr/main/section/album/list.gaon
  82. http://www.g-music.com.tw/GMusicBillboard2.aspx
  83. „Top 40 Official UK Albums Archive: 19th March 2011“. The Official Charts Company. конс. 13 March 2011. 
  84. „ゴールド等認定作品一覧 2011年3月“. RIAJ. конс. 14 April 2011. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]