Аланис Морисет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аланис Морисет
Alanis Morissette
Alaniss.jpg
Основни податоци
Родено имеАланис Надин Морисет
Роден(а)1 јуни 1974
Отава
ПотеклоКанада
Жанр(ови)Рок, денс, алтернатив рок, поп-рок, пост-гранџ
Занимање/њаПејач, текстописец, глумица, продуцент
Инструмент(и)Гитара, флејта, армоника, синтисајзер, вокал
Години активност1987 - сѐ уште
Прод. куќа/ќиMCA, Maverick
Веб-местоwww.alanis.com

Аланис Надин Морисет (изворно: Alanis Nadine Morissette) (родена на 1 јуни, 1974, во Отава) е канадска пејачка,[1] текстописец, музички продуцент и повремена глумица. Позната е по создавањето на еден од најпродаваните албуми во историјата на музичката индустрија, и има освоено и седум Греми награди.

Кариерата ја започнува во Канада, кога уште како дете снима два денс-поп албуми, Alanis и Now Is the Time, под издавачката куќа „MCA Records“. Нејзиниот меѓународен деби албум е Jagged Little Pill. Продаден е во триесет милиони примероци, со што е најдобропродаваниот деби албум од женски изведувач.[2][3][4]

Морисет ја презема и должноста на продуцент за нејзините следни албуми, меѓу кои се Supposed Former Unfatuation Junkie, Under Rug Swept и So-Called Chaos.

Има извршено влијание врз неколку пејачки и женски текстописци во првата деценија од XXI век, како Кели Кларксон, Мишел Бранч, Пинк и Аврил Лавињ.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alanis Morissette becomes U.S. citizen: Canadian-born singer to maintain dual citizenship“, 17 февруари 2005 (посет. 3 јули 2012 г).
  2. Alanis Morissette: You ask the questions“, The Independent, 21 април, 2005 (посет. 23 април, 2010 г).
  3. "Alanis Ties For Highest-Selling Debut Ever". Rolling Stone. Jann Wenner. 5 август, 1998. конс. 2011-06-12. Morissette's 1995 bow is now tied with Boston's self-titled 1976 album as the best-selling debut of all time 
  4. Caulfield, Keith. "Ask Billboard: Missy Elliott, Hot 100 And The Best Selling Album Of All Time". Billboard. Prometheus Global Media. конс. 2011-06-09. We're including Morissette's "Jagged," as it was her U.S. major label debut 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]