Nobody's Home (песна на Аврил Лавињ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Nobody's Home“
Avril Lavigne Nobody's Home single cover.jpg
Сингл од Аврил Лавињ
од албумот Under My Skin
Страна Б "I Always Get What I Want"
"Knockin' on Heaven's Door" (песна од Боб Дилан препеана од Лавињ)
Издаден ноември 15 2004 (2004-11-15)
(видете историја на издавање)
Формат ЦД сингл
Снимен 2003
NRG Recording Studios,
(Холивуд, Калифорнија)
Жанр Рок,[1][2] поп рок[1]
Должина 3:31
Издавачка куќа Arista
Композитор Текст:Аврил Лавињ
Музика: Аврил Лавињ, Бен Муди
Продуцент Дон Гилмор
Хронологија на синглови на Аврил Лавињ
"My Happy Ending"
(2004)
"Nobody's Home"
(2004)
"He Wasn't"
(2005)

"Nobody's Home" е песна на Аврил Лавињ од нејзиниот втор албум Under My Skin, која е издадена како трет сингл од истоимениот албум. Гитарата во песната ја свири Даниел Стерн, продуцент е Дон Гилмор, а напишана е од Лавињ и Бен Муди, поранешен гитарист на бендот Evanescence, тогашен добар пријател на Лавињ. "Nobody's Home" е "рок балада" со пост-гранџ звуци и побавна отколку претходните песни на Лавињ од албумот Under My Skin. Песната се наожа на ЦД-то Totally Hits 2005. Една од Б-страните на песната е "I Always Get What I Want", која е издадена како сингл на iTunes на 31 октомври, 2004.[3]

Гласачите на AOL Radio, ја изгласале "Nobody's Home" како седма најдобра песна на Лавињ.[2]

Музичко видео[уреди | уреди извор]

Музичкото видео за песната е снимано на 29 и 30 јули, 2004 во Лос Анџелес, Калифорнија, режирано од Дајан Мартел.[4] Видеото за "Nobody's Home" премиерно е покажано на 20 октомври на Total Request Live на MTV.[5]

Во музичкото видео за песната "Nobody's Home", Лавињ игра улога на бездомна тинејџерка која се појавува низ улиците со пријател. Лавињ која кажала дека било забавно додека го снимала видеото морала да облече црна перика и стари фармерки за да изгледа како бездомничка. Исто така се појавуваат и снимки од убавата Лавињ која носи долг фустан, има виткана коса и пее со оркестар зад неа.

"Nobody's Home" ја покажува Лавињ која глуми девојка која сака да се оттргне од улиците. Таа исто така пробува да ѝ се јави на својата мајка, но ќе го исклучи мобилниот. Потоа девојката се мие во тоалетот во некоја продавница. Таа исто така пробува да свири на гитара за да спечали пари од минувачите. Кон крајот на видеото девојката пробува да влезе во паркирани коли и наоѓа отклучена кола, па се крие во неа за да се заштити од дождот. На крајот од видеото е прикажана девојката со валкани алишта и разбушавена коса како ќе изрони една солза. Таа потоа продолжува да оди и видеото завршува.


Знаци во видеото[уреди | уреди извор]

На почетокот на видеото, може да се види знакот "A+D", за тогашното момче на Лавињ, а сега поранешен сопруг, Дерик Вабли. Потоа, во сцената во тоалетот каде Лавињ го користи фенот, знакот "A+D" може да се види во срце кое е напишано на ѕидот на тоалетот. Во видеото се појавува и пријателката на Лавињ, Моник, која се има појавено и во музичкото видео за "My Happy Ending" како една од младите жени.

Листа на песни[уреди | уреди извор]

Германија и Тајван
  1. "Nobody's Home" (Албум верзија)
  2. "Nobody's Home" (Акустична верзија во живо)
  3. "Knockin' on Heaven's Door"
  4. "I Always Get What I Want"
  5. "Nobody's Home" (Музичко видео)
ОК ЦД сингл #1
  1. "Nobody's Home" (Албум верзија)
  2. "Nobody's Home" (Акустична верзија во живо)
ОК ЦД сингл #2
  1. "Nobody's Home" (Албум верзија)
  2. "Nobody's Home" (Акустична верзија во живо)
  3. "Knockin' on Heaven's Door"
  4. "Nobody's Home" (Видео)
Австралиско ЦД
  1. "Nobody's Home" (Албум верзија)
  2. "Nobody's Home" (Акустична верзија во живо)
  3. "Knockin' on Heaven's Door"
  4. "I Always Get What I Want"

Јапонско ЦД

(4988017628102; Издадено:4 ноември, 2004)

  1. "Nobody's Home" (Албум верзија)
  2. "My Happy Ending" (Акустична верзија во живо)
  3. "Take Me Away" (Акустична верзија во живо)
  4. "Nobody's Home" (Музичко видео)
САД промо ЦД
  1. "Nobody's Home" (Албум верзија)
  2. Instrumental excerpt of "Nobody's Home"
  3. Suggested callout hook of "Nobody's Home"
Европско промо ЦД
  1. "Nobody's Home" (Албум верзија)

Табели[уреди | уреди извор]

"Nobody's Home" се искачила на пониски места во повеќето од државите отколку претходните синглови на Лавињ, но сепак успеала добро да се пласира. Песната била многу блиску да се искачи во топ 40 на Билборд Хот 100, но се искачила на #41. Песната подобро се искачила во Обединетото Кралство и Австралија, искачувајќи се на #24 во двете држави со што станала втора песна која најслабо се искачила во Обединетото Кралство (песната која се искачила на најниско место во Обединетото Кралство била "Hot" во 2007 и се искачила на #30). Се искачила на #4 на канадската BDS Airplay табела и на #1 во Мексико.

Награди[уреди | уреди извор]

Година Церемонија Награда Резултат
2005 Juno Awards Избор на фановите Шаблон:Победа
Socan Awards Најдобра Поп песна Шаблон:Победа


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 http://www.mp3.com/albums/629930/summary.html
  2. 2,0 2,1 Cheung, Nadine. „Top 10 Avril Lavigne Songs“. <nowiki />AOL Radio<nowiki />. Архивирано од изворникот на 15 January 2011. конс. 15 January 2011. 
  3. http://itunes.apple.com/WebObjects/MZStore.woa/wa/viewAlbum?id=258081287&s=143441
  4. Avril Tries Her Hand At Acting In 'Nobody's Home' Video“, MTV. MTV Networks, 29 јули 2004 (посет. 27 декември 2010 г).
  5. TRL Archives - October 2004“, ATRL.net, 20 октомври 2004 (посет. 27 декември 2010 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]