Forbidden Rose

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Forbidden Rose
Forbidden Rose
Промоционален постер на Forbidden Rose
Парфем на Аврил Лавињ
Издаден Август 2010
Издавач P&G Prestige
Слоган Dare to Discover
Предходник Black Star
URL Forbidden Rose Avril Lavigne

Forbidden Rose е вториот парфем од канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ. Издаден е во јули, 2010 година.

Развивање[уреди | уреди извор]

Парфемот се развивал две години, вклучувајќи ја креацијата на парфемот, дизајн на амбалажата, а исто така и маркетинг и рекламирање.[1] Како и на нејзиниот претходен парфем, Black Star, има подвижен прстен на шишенцето.[2]

Парфемот содржи нијанси од црвено јаболко, вино од праска, црн пипер, лотос, хелиотроп, сандаловина и ванила.[3] До сега од линијата се познати само парфеми спакувани во различни величини, лосион за тело и гел за капење.[4]

Промоција[уреди | уреди извор]

Реклама[уреди | уреди извор]

Рекламата за парфемот е режирана од Фред Гарсон и е снимана во Санта Барбара.[2] Рекламата зазема место во готичка градина.[5] Лавињ прво оди кон вратата, која е затворена. Таа потоа влегува и ветерот кој дува го насочува вниманието на светло кое се наоѓа зад неа. Таа продолжува да оди и ја наоѓа "Забранетата Роза" ("Forbidden Rose"), и ја зема откако трњата што се околу розата ќе се повлечат. Таа се насмевнува и ја фрла розата во камерата.[6] За разлика од нејзиниот претходен парфем, Black Star, рекламата не вклучува и песна. Музиката е споредена со Хари Потер.

Слоган[уреди | уреди извор]

Иако слоганот за парфемот е "Dare to Discover",[6] Лавињ во порака кажала дека пораката е надополнување на претходната порака од нејзиниот претходен парфем, Black Star и гласи "следи ги соништата" ("follow your dreams").[5] Лавињ им кажала на StyleList дека таа "сакала да направи парфем, кој додава мистерија и малку магија."[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Avril Lavigne's "Forbidden Rose", "Black Star" News“. 2Day FM. 16 март 2010. Посетено на 4 јуни 2010.
  2. 2,0 2,1 „Avril Lavigne Debuts Her New "Forbidden Rose" Fragrance“. nitrolicious.com. 12 август 2010. Посетено на 8 октомври 2010.
  3. „Watch: Avril Lavigne's fragrance commercial“. The Independent. UK. 4 јуни 2010. Посетено на 4 јуни 2010.
  4. „Avril Lavigne Bandaids: The #1 Avril Lavigne Picture Gallery - Forbidden Rose“. Gallery.avrilbandaids.com. 21 мај 2009. Посетено на 8 октомври 2010.
  5. 5,0 5,1 „Forbidden Rose new fragrance by Avril Lavigne“. Perfume Blog. 18 март 2010. Посетено на 27 март 2010.
  6. 6,0 6,1 Lavigne, Avril (herself). (June 2010). Forbidden Rose commercial. [Streaming video]. Procter & Gamble. http://www.avril-lavigne-perfumes.com/teaser.aspx. Retrieved 4 June 2010. 
  7. J_Brisby, 8-17-2010, 3:23 am (29 септември 2010). „Avril Lavigne 'Forbidden Rose' Fragrance Now in Store“. StyleList. Посетено на 8 октомври 2010.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]