When You're Gone (песна на Аврил Лавињ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„When You're Gone“
Avril lavigne when you're gone single.jpg
Сингл од Аврил Лавињ
од албумот The Best Damn Thing
Издаден јуни 19 2007 (2007-06-19)
(видете историја на издавање)
Формат ЦД сингл
Снимен 2006
Pulse Recording,
(Лос Анџелес, Калифорнија);
Sunset Sound,
(Холивуд, Калифорнија);
Abbey Road Studios,
(Лондон, ОК)
Жанр Поп,[1][2][3] поп рок[2]
Должина 3:57
Издавачка куќа RCA
Композитор Аврил Лавињ, Бач Валкер
Продуцент Бач Валкер
Хронологија на синглови на Аврил Лавињ
"Girlfriend"
(2007)
"When You're Gone"
(2007)
"Hot"
(2007)

"When You're Gone" е песна напишана од канадската пејачка Аврил Лавињ и Бач Валкер. Напишана е за албумот на Лавињ наречен The Best Damn Thing.[4] Продуцент на песната е Бач Валкер. Издадена е како втор сингл од албумот на 19 јуни, 2007 година. На AOL Radio, "When You're Gone" е изгласана како осма најдобра песна на Лавињ.[5]

Позадина[уреди | уреди извор]

Аврил Лавињ кажала дека песната "е да бидеш вљубен во некого и мораш да му кажеш пријатно и за сите малечки нешта што ти недостигаат со него". Песната е можеби инспирирана од поранешниот маж на Лавињ, Дерик Вабли, иако во интервјуто за Северна Ирска со The Belfast Telegraph таа не го потврдила ова.[6] Според неа таа немала намера песната да биде љубовна, но пишувала бавна песна и тој процес нејзе ѝ ги донел сите "емоционални работи". "Песната не е досадна затоа што ја напишав јас", рекла таа. "Да бев постара и професионален текстописец, дури тогаш би била досадна песна."[7]

Магазинот Билборд ја опишува песната како "пауер балада со пијано и синтисајзер".[8] Композиторот Роб Матс ја оркестрирал песната со жичани инструменти, иако кратката и почетната нота пред да почне пијаното била од синтисајзер.

Музичко видео[уреди | уреди извор]

Музичкото видео е режирано од Марк Класфелд, кој е добро познат по работата како директор на музичките видеа на Sum 41. Лавињ го направила концептот на видеото. Во него има млада трудна жена чиј маж отишол да се бори во војна, стар маж чија жена умрела неодамна и тинејџерски пар на кој му е забрането да излегува од мајката на девојката. Видеото прикажува три врски во различни делови од животот, но во иста ситуација. Лавињ кажала дека видеото е многу лично.

Видеото е снимано Ботаничката Градина на California State University, Northridge'.[9] Видеото за прв пат е прикажано на MuchMusic во Канада на 6 јуни, 2007 година, додека во САД е прикажано на TRL на MTVна 21 јуни.

Една година подоцна видеото победило на Избор на Луѓето: Омилен канадски Артист наградите за време на MuchMusic Видео Награди во 2008.[10]

Искачувања на табелите и промоција[уреди | уреди извор]

Пред да биде издадена како сингл во САД, "When You're Gone" се искачила на деведесеттото место во САД на Билборд Хот 100 и број седумдесет и седум на Билборд Поп 100, во Билборд на 5 мај, 2007. Песната потоа повторно влегла на табелите и се искачила на дваесет и четврто и шеснаесетто место. Исто така добро се искачила и во Канада на место број осум.

Синглот исто така поминал добро на европските табели, искачувајќи се на четврто место на European Hot 100. "When You're Gone" се искачил на триесет и второ место на ОК Сингл Табела и на место број три. Во Ирска се искачил на четвтро место. Во континентална Европа, "When You're Gone" се искачила во топ дваесет во држави како Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Шведска. Во Белгија (Фландрија и Валонија), песната не била толку голем хит и не се искачила ви топ дваесет.

Во Индонезија синглот се искачил добро; првата недела песната се искачила на четириесет и осмо место, а наредната недела на четириесет и второ. За време на петтата недела, песната се искачила на место број еден со што го соборила претходниот сингл борј еден од Ферги, "Big Girls Don't Cry".

На 9 ноември, "When You're Gone" исто така се искачил на место број еден на Аргентинската Топ 40 Табела петнаесет недели, со што станал еден од сингловите на Лавињ кој се задржал најмногу на место број еден.[се бара извор]

Лавињ ја изведувала песната за време на европските и азиските фестивали кои биле дел од турнејата од 2007 Promotional Tour, а исто така ја има изведувано и на ТВ програми и наградни церемонии ширум светот. Акустична верзија на песната на делукс верзијата на The Best Damn Thing која се наоѓа на iTunes Store е многу поразлична од албум верзијата и продуцент е Dr. Luke.[11]

Список на песни[уреди | уреди извор]

Јапонски ЦД сингл[12]
  1. "When You're Gone" (албум верзија) – 4:00
  2. "Girlfriend" (Јапонска верзија) – 3:35
ОК/Француски ЦД сингл[13]
  1. "When You're Gone" (албум верзија) – 4:00
  2. "Girlfriend" (Dr. Luke Ремикс со Lil' Mama) – 3:25
Австралиски/Тајвански ЦД сингл[14]
  1. "When You're Gone" (албум верзијаn) – 4:00
  2. "Girlfriend" (Dr. Luke Ремикс со Lil' Mama) – 3:25
  3. "Girlfriend" (Submarines' Time Warp 66 Mix) – 3:12
  4. "When You're Gone" (видео) – 4:08

Табели и сертификации[уреди | уреди извор]

Табели[уреди | уреди извор]

Табела (2007) Највисока
позиција
Аргенрина[15] 1
Австралија[16] 4
Австрија[17] 10
Белгија (Фландрија)[18] 36
Чешка[19] 3
Данска[20] 13
Финска[21] 10
Ирска[16] 4
Италија 4
Канада[22] 8
Германија[23] 17
Нов Зеланд[16] 26
Русија[24] 62
Шпанија[16] 11
Шведска[25] 8
Обединетото Кралство[26] 3
САД Билборд Хот 100[16] 24
САД Билборд Поп 100 16
САД Билборд Хот Дигитални Песни 17
Венецуела[27] 2

Сертификации[уреди | уреди извор]

Држава Сертификации
Австралија Платинум[28]
Бразил Платинум[29]
САД Злато[30]

Табели на крај на годината[уреди | уреди извор]

Табела (2007) Ранк
Австралија ARIA Сингл Табела[31] 33
Австријанска Сингл Табела[32] 41
Германска Сингл Табела[33] 84
Израелска Сингл Табела 10
Шведска Сингл Табела[34] 49
ОК Сингл Табела[35] 54

Историја на издавање[уреди | уреди извор]

Регион Датум
САД јуни 19 2007 (2007-06-19)
Јапонија јуни 20 2007 (2007-06-20)
Латинска Америка јуни 22 2007 (2007-06-22)
Белгија јуни 29 2007 (2007-06-29)
Германија
Холандија јули 2 2007 (2007-07-02)
Обединетото Кралство
Италија јули 6 2007 (2007-07-06)
Тајван јули 15 2007 (2007-07-15)
Австралија јули 28 2007 (2007-07-28)

Награди[уреди | уреди извор]

Година Церемонија Награда Резултат
2007 Paja Награди Сингл на Годината Победа
Планета Награди Најдобра Балада Победа
Најдобра Поп Вокална Изведба Номинација
2008 MuchMusic Видео Награди[5] Избор на Луѓето: Омилен канадски Артист Победа
Империо Музички Награди Видео на Годината Победа
Сокан Награди Најдобра Поп Песна Победа
2009 БМИ Награди Најдобра Поп Песна Победа

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Avril Lavigne on SortMusic“. SortMusic. http://www.sortmusic.com/_a/avril-lavigne-best-songs,len.html. посет. 25 април 2010 г. 
  2. 2,0 2,1 Avril Lavigne - When You're Gone at Discogs
  3. When You're Gone review“, 28 февруари 2007 (посет. 18 јуни 2007 г).
  4. Graff, Gary. „Avril's Agenda: New Video, Shows, Film Work“, „Billboard.com“, 3 мај 2007 (посет. 10 јуни 2007 г).
  5. 5,0 5,1 Cheung, Nadine. „Top 10 Avril Lavigne Songs“. 'AOL Radio'. архивирано од оригиналот на 15 јануари 2011. http://www.webcitation.org/query?url=http%3A%2F%2Fwww.aolradioblog.com%2F2011%2F01%2F15%2Ftop-avril-lavigne-songs%2F&date=2011-01-15. посет. 15 јануари 2011 г. 
  6. Low, Shereen. „Older and wiser“, „The Belfast Telegraph“, 1 април 2007 (посет. 10 јуни 2007 г).
  7. Vineyard, Jennifer. „Don't Know How To Spell 'Avril Lavigne'? Prepare To Be Scolded“, „MTV News“, 28 февруари 2007 (посет. 10 јуни 2007 г).
  8. Cohen, Jonathan. „Avril Sets Date For Clap-Happy New Album“, „Billboard.com“, 29 јануари 2007 (посет. 10 јуни 2007 г).
  9. CSUN Licensing - Facilities Use[мртва врска]
  10. MuchMusic.com | MMVA08
  11. „When You're Gone (Acoustic Version)“. http://www.youtube.com/watch?v=wTtIYN1d8C0. [мртва врска]
  12. eil.com - Japanese CD Single
  13. eil.com - UK & French CD Single
  14. eil.com - Taiwanese CD Single
  15. [http://top40-charts.com/chart.php?cid=3&date=2007-11-15
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 Uspjeh singla na top listama singlova (1) (англиски)
  17. Avril Lavigne - When You're Gone - austriancharts.at
  18. http://www.skynet.be/index.html?l1=entertainment&l2=ultratop&l3=charts&chartid=4&new_lang=nl
  19. Čns Ifpi
  20. P3 - Tjeklisten
  21. http://www.radioandrecords.com/formats/charts/euro/Finland.asp
  22. http://www.billboard.com/bbcom/charts/chart_display.jsp?f=Canadian+Hot+100&pageNumber=Top+1-10&g=Singles
  23. Germany Singles Top 100
  24. Russian Airplay Detection TopHit 100
  25. [http://www.hitlistan.se/ www.sverigetopplistan.se
  26. http://theofficialcharts.com/top40_singles_last.php?week=98&end=08/07/2007%20-%2014/07/2007
  27. http://www.recordreport.com.ve/publico/?i=poprock
  28. „ARIA Charts – End Of Year Charts – Top 100 Singles 2008“. Australian Recording Industry Association. http://www.aria.com.au/pages/httpwww.aria.com.aupageshttpwww.aria.com.aupagesARIACharts-Accreditations-2008Singles.htm. посет. 9 февруари 2011 г. 
  29. „Associação Brasileira dos Produtores de Discos (ABPD)“ (на portuguese). ABPD. http://www.abpd.org.br/certificados_interna.asp. посет. 9 февруари 2011 г. 
  30. „RIAA – Gold & Platinum – Avril Lavigne“. Recording Industry Association of America. 13 февруари 2008. http://riaa.org/goldandplatinumdata.php?resultpage=1&table=SEARCH_RESULTS&artist=LAvigne%20Avril&perPage=25. посет. 9 февруари 2011 г. 
  31. „ARIA Charts – End Of Year Charts – Top 100 Singles 2007“. Australian Recording Industry Association. http://aria.com.au/pages/aria-charts-end-of-year-charts-top-100-singles-2007.htm. посет. 14 јануари 2011 г. 
  32. „Austrian Annual Charts 2007“. AustrianCharts.at. http://www.austriancharts.at/2007_single.asp. посет. 14 јануари 2011 г. 
  33. [1][мртва врска]
  34. „Swiss Year-End Charts 2007“. Swiss Singles Chart. http://swisscharts.com/year.asp?key=2007. посет. 14 јануари 2011 г. 
  35. „2007 UK Official Singles Chart“ (PDF). Charts Plus. http://www.ukchartsplus.co.uk/ChartsPlusYE2007.pdf. посет. 14 јануари 2011 г. 


Надворешни врски[уреди | уреди извор]