Кеша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува на американски пејач. За градот во Кина, погл. Кеша, Хунан.
Not to be confused with Кеиша.
Kesha Кеша
Кеша во Шладминг, Австрија во декември, 2010
Биографски податоци
Родено име Кеша Роуз Шеберт
Роден(а) март 1 1987 (1987-03-01) (воз. 30 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Потекло Нешвил, САД
Жанрови Електропоп, денс-поп, кранккор[1]
Занимања Пејач, текстописец
Инструменти Вокали, пијано, гитара
Период на активност 2005–сега
Издавачи RCA, Kemosabe
Соработници Фло Рида
Мреж. место keshasparty.com

Кеша Роуз Шеберт (анг. Kesha Rose Sebert; родена на 1 март, 1987), подобро позната како Кеша (стилизирано и како Ke$ha), е американска поп пејака-текстописец. Во 2005, на 18 години, Кеша потпишала договор со издавачката куќа на Dr. Luke, Kemosabe Entertainment. Иако таа била активен музичар уште од тогаш, била позадински вокал и пишувала песни за други музички артисти, нејзиниот пробив на музичката сцена допол во раната 2009 откако се појавила на синглот број-еден од Фло Рида, „Right Round“.

Нејзиниот прв сингл, „Tik Tok“, издаден кон крајот на 2009, се искачил на првото место во 11 држави. Нејзиниот прв албум, Animal е издаден во јануари, 2010 година и се искачил на прво место во САД, Канада и Грција. До септември, Кеша продала два милиони копии од албумот ширум светот и издала уште три топ-десет синглови од Animal.[2] Подоцна Кеѓа го издала и EP албумот, Cannibal, во ноември истата година, чиј водечки сингл „We R Who We R“ се искачил меѓу првите синглови на табелите.

Кеша рекла дека на неа музички влијанија имаат артистите како Мадона, Деби Хари, Queen, Џони Кеш, Ерон Невил, Боб Дилан и Beastie Boys. Нејзината музика сдржи елементи од денс-поп музика, како и рап музика на многу песни.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Кеша.

Турнеи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.allmusic.com/album/r1818489
  2. 2,0 2,1 RCA Music Group (27 август, 2010). "Kesha Continues Her 2010 World Domination". Соопштение за печат.  конс. 28 август, 2010 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]