Црква „Св. Архангел Михаил - Фитијата“ - Штип
Свети Архангел Михаил | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Штипско |
| Парохија | Штипска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°44′19.9″N 22°11′17.2″E / 41.738861°N 22.188111°E |
| Место | Штип |
| Општина | Штип |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Завршено | 1332 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабен |
Св. Архангел Михаил наречена и Фитијата — средновековна црква (или параклис) во градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Црквата се наоѓа лево од патот што води од градот до главната порта на Штипската тврдина (Исарот). Дворот има камена порта со главен влез и два помали влеза од страните.[2] Претставува еднокорабна црква, подигната во 1332 г. од протосевастот Релја. Во 1334 г. е подарена на светогорскиот манастир Хиландар од царот Стефан Душан.[3] Храмот има крстовиден облик, изграден од сиво-зелен камен и тули со малтер. Има живописни фасади и складни архитектонски облици. Внатрешноста нема фрескоживопис, иако постојат докази дека некогаш била живописана.
По османлиското освојување, Али-бег ја претворил во џамија, наречена Фитија-џамија, при што се уништени и фреските. Минувајќи низ Штип во 1622 г. патописецот Евлија Челебија забележал дека таа била главна џамија во градот која пред турското освојување била црква.[4]
Во 2000 г. е направен нов мермерен иконостас и изработени се нови икони, дело на зографот Перо од Скопје.[5]
Слики
[уреди | уреди извор]- Црковната порта
- Црковниот двор со камбанаријата
- Аголно окно
- Плоча за културнонаследниот статус
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ „Свети Архангел Михаил“. Општина Штип. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 1 ноември 2016.
- ↑ Штип – Туристички информатор, Со карта на градот. Штип: Општина Штип. 2011. стр. 35. no-break space character во
|title=во положба 5 (help) - ↑ Балабанов, Коста (16 октомври 2016). „Хуса Медин-пашината џамија била од темел изградена“. Утрински весник, број 2147. Посетено на 31 октомври 2016.
- ↑ „Параклис „Свети Архангел Михаил" (Фитијата) – Штип“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-04-11. Посетено на 10 февруари 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангел Михаил - Фитијата“ - Штип на Ризницата ?


