Црква „Св. Јован Крстител“ - Штип
Свети Јован Крстител
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Новоселска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°44′12.6″N 22°11′02.8″E / 41.736833° СГШ; 22.184111° ИГД |
Место | Ново Село |
Општина | Штип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Јован Крстител |
Завршено | 1350 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна базилика |
Св. Јован Крстител — средновековна црква во преградието Ново Село кај градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа високо на карпите десно од патот од Штип за предградието Ново Село, на десниот брег на река Отиња.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1350 година со поддршка на Јован ПробиштиповиЌ во време кога сопственик на земјиштето бил деспотот Јован Оливер.[3][4][5]
Особености
[уреди | уреди извор]Претставува мала еднокорабна бескуполна градба. Јужната фасада е украсена со лизени, а над западниот влез се наоѓа профилирана ниша слична на онаа од јужната страна, во која има фреска на покровителот Јован Крстител. Од живописот зачувани се само незначителни фрагменти — претставата на светите Константин и Елена на јужниот ѕид.[6]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата оддалеку гледана од југ
-
Црквата гледана од југoзапад
-
Западниот влез
-
Западниот влез
-
Јужниот влез
-
Фреска на десната страна на јужниот влез (веројатно таа на Константин)
-
Фреска на левата страна на јужниот влез (веројатно таа на Елена)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ „Црква Св. Јован“. zkn.mk. Архивирано од изворникот 2022-01-27. Посетено на 31 март 2022.
- ↑ „Параклис „Свети Архангел Михаил" (Фитијата) – Штип“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-04-11. Посетено на 23 април 2014.
- ↑ Николовски, Антоние (1971). Споменици на културата во СР Македонија. Мисла. стр. 89. Занемарен непознатиот параметар
|coauthors=
(се препорачува|author=
) (help) - ↑ Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 104.
- ↑ „Свети Јован Крстител“. Општина Штип. Архивирано од изворникот на 2014-02-12. Посетено на 1 ноември 2016.