Црква „Св. Архангел Михаил Главатов“ - Штип
Изглед
Свети Архангел Михаил Главатов | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Штипско |
| Парохија | Штипска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°44′16.9″N 22°11′28.5″E / 41.738028°N 22.191250°E |
| Место | Штип |
| Општина | Штип |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Завршено | XIV век |
| Архитектонски опис | |
Св. Архангел Михаил Главатов — средновековна црква во градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Црквата е сместена во маалото Стар Конак во центарот на градот. Денес е во дворот на Музичкото училиште. Се споменува во 1378 г. кога браќата властелини Константин и Јован Дејанови му ја подариле на светогорскиот манастир „Св. Пантелејмон“.[2] Подоцна храмот е преправан.[2] Во апсидата има зачувани фрагменти од изворниот фрескопис.[2] Иконите се од XIX век.
Во 1981 г. е извршена санација на црквата.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- 1 2 3 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1316. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ „Брегалничка епархија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 10 април 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангел Михаил Главатов“ - Штип на Ризницата ?


