Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 67 (Штип)
Изглед
| Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 67 | |
|---|---|
Куќата во 2021 година | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Стил | Староградска архитектура |
| Адреса | ул. „Крсте Мисирков“ бр. 67 |
| Град | Ново Село, Штип |
| Земја | Македонија |
| Завршена | прва половина на 19 век |
| Сопственик | Ласкови и Стојанови; Делипетрови (порано) |
| Технички податоци | |
| Катови | 3 |
Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 67 ― староградска куќа во Ново Село, Штип, Македонија. Куќата е заведена како Културно наследство на Македонија.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Се вели дека во оваа куќа престојувал Гоце Делчев кога учителствувал во Новоселското училиште.[2]
Куќата била сопственост на двајца браќа од семејството Делипетрови до 1971 година. Едниот брат, таа година го продал на семејството Ласкови вториот кат и левата половина од приземјето. Подоцна вториот брат, го продал десното приземје и првиот кат на семејството Стојанови.[2]
Надворешноста на куќата била реновирана во 2015 година во вредност од милион и двесте илјади денари, пари добиени од Министерството за култура (милион денари) и Општина Штип (двесте илјади денари).[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 23 март 2022.
- 1 2 3 Изјава на Зоран Ласков - сопственик, истражувал: Никола Милошевски, датум на извор: 6 август 2022, датум на пристап: 9 август 2022.
