Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ново Село

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Успение на Пресвета Богородица
Uspenie na Presveta Bogorodica - Novo Selo 01.JPG

Поглед кон црквата од Исарот

Македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Новоселска
Местоположба
Населено место Ново Село
Општина Штип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба 1836
Завршено 1850
Архитектонски опис
Архитектонски тип Трокорабна базилика
Портал „МПЦ“

Успение на Пресвета Богородица е главната црква во штипското Ново Село и седиште на Новоселската парохија. Црквата е отпочната со градба во 1836 година и е завршена во 1850 година. Изградена е од градителот Андреја Дамјанов со неговата тајфа – браќа и претставува голема трокорабна базилика со пространи галерии на катот. Иконите на иконостасот се од истиот период, изработени од зограф Станислав Доспевски, Станилов, Вангелов, Крсте зограф, Теодосие, Папрадишки, Христо од Самоков, Захарија Самоковлија, а фрескоживописот на куполите се претпоставува дека е изработен во истиот период од Ѓорѓи Дамјанов. Длаборезот на иконостасот, балдахинот, царските двери и владичкиот престол се изработени во истиот период од Никола Дамјанов. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветена.[1] Црквата претставува Споменик на културата заштитен со закон.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Црква Света Богородица (Ново Село)“. Општина Штип. Посетено на 2010-08-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]