Емир Ќучук Султанов мост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Емир Ќучук Султанов мост
Емир Ќучук Султанов мост - Штип.jpg
Поглед на мостот.
ПреминуваБрегалница
МестоШтип
Особености
Видлачен
Историја
Отворен1672
Местоположба

Емир Ќучук Султановиот мост познат и само како Камен мост, претставува камен лачен мост кој ја премостува Брегалница кај Штип. Мостот се наоѓа на самиот влез во градот и според податоците, тој бил изграден во 1672 година и спаѓа во ретките примероци на турската архитектура во Штип. Мостот го добил името по султанот Ќучук Емир. За време на Првата балканска војна преку овој мост поминувала демаркационата линија, која градот го делела на српски и бугарски дел. Населбите од левата страна на река Брегалница биле под бугарска власт, додека оние од десна страна потпаднале под српска окупација. Во минатото со оглед на големиот водостој, мостот имал мошне важна комуникациска улога, но денес со намалувањето на водата во реката Брегалница, има повеќе историско - архитектурно значење. Денес кај овој мост според предвидената студија за регулација на Брегалница се предвидува да изгради гумена брана[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Презентирана студијата за регулација на Брегалница со брани“. Општина Штип. 5 јули 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2011-01-17.