Новоселско училиште (Штип)
| Новоселско училиште | |
|---|---|
Градбата во 2013 година | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | Користена како ректорат Споменик на културата |
| Адреса | ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А |
| Град | Ново Село, Штип |
| Земја | Македонија |
| Координати | 41°44′10.8″N 22°10′56.6″E / 41.736333°N 22.182389°E |
| Почната | 1870-тите |
| Обновена | 1941 2010 |
| Урната | 1941 |
| Сопственик | Универзитет „Гоце Делчев“ |
| Технички податоци | |
| Катови | 3 + подрум |
Новоселско училиште - зградата на поранешното училиште во Ново Село, Штип, Македонија. Истата таа зграда сега е дом на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“. Градбата е заведена како Културно наследство на Македонија.[1] Се наоѓа во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.
Историја
[уреди | уреди извор]Како училишна установа
[уреди | уреди извор]
Темелите на градбата биле поставени во 1870-тите години. Првата учебна година била во 1882 година.[2] Во училиштето две години предавал револуционерот Гоце Делчев во периодот 1894-1896 година.[3] Исто така, учителствувале и Даме Груев, Петар Поп Арсов, Тодор Лазаров, Мише Развигоров, Димитар Мирасчиев.[2] Во 1912 година, во училиштето биле вработени 7 учители кои предавале на 151 ученик и 100 ученички. За време на Балканските војни, училиштето било претворено во болница. Во време на Првата светска војна, служело за воени потреби.[4]
Помеѓу двете светски војни, училиштето било основно училиште од прво до четврто одделение. Пред почетокот на Априлската војна во 1941, училиштето било опожарено и речиси целосно уништено, кога само останале темелите и некои ѕидови. Веднаш со доаѓањето на бугарската власт, биле направени градежни зафати и новата верзија на градбата била малку поразлична на лик од старата градба. Дури и уписите за ученици започнале во септември истата година.[4]
Во периодот 1946-1949 година, местото било дом на Учителската школа. Подоцна била сместена Штипската гимназија. Во последните години како училишна установа, местото била училишна зграда во составот на ОУ „Ванчо Прке“.[4]
Како ректорат
[уреди | уреди извор]Градбата била обновена со цел да постане седиште на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“.[3][4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Спомен плочата во чест на Гоце Делчев, поставена над влезната врата на 2 август 1951 година
- Влезот
- Јужниот ѕид
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 23 март 2022.
- 1 2 доц. д-р Цацков, Оливер. „Зградата на ректоратот во Штип, објект што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината“ (PDF). Универзитет „Гоце Делчев“. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 ноември 2018. Посетено на 23 март 2022.
- 1 2 „Училиште „Гоце Делчев" (Ново Село)“. Општина Штип. 10 декември 2009. Архивирано од изворникот на 12 февруари 2014. Посетено на 23 март 2022. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=(help) - 1 2 3 4 доц. д-р Цацков, Оливер. „Зградата на ректоратот во Штип, објект што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината“ (PDF). Универзитет „Гоце Делчев“. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 ноември 2018. Посетено на 23 март 2022.
