Линдзи Лохан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лохан на забава по пролетното модно шоу на Келвин Клајн во 2007.

Линдзи Лохан (англиски: Lindsay Morgan Lohan) (2 јули 1986), е aмериканска актерка, поп пејачка и модел. Ја започнува својата кариера како дете-манекенка пред нејзиното филмско деби во Дизниевата преработка од 1998 Стапица за Родители (The Parent Trap) на возраст од 11 години. Лохан се здобива со уште повеќе слава помеѓу 2003 и 2005 година со главните улоги во филмовите Откачениот Петок (Freaky Friday), Злобни Девојки (Mean Girls) и Херби: Целосно Натоварен (Herbie: Fully Loaded), а потоа и појавувајќи се во независните филмови Другари (A Prairie Home Companion) на Роберт Алтман и Боби (Bobby) на Емилио Естевез.

Нејзината кариера беше прекината во 2007 година поради тоа што два инцидента на возење под дејство на алкохол и три посети во установа за рехабилитација од дрога доведоа до неколку изгубени филмски проекти. Продолжува со нејзината кариера со гостувањето во серијата Грдата Бети (Ugly Betty) во 2008 година, глумењето во комедијата Породилни Болки (Labor Pains) во 2009 година, како и со појавувањето во Мачете (Machete) на Роберт Родригез во 2010 година. Лохан започна втора кариера во поп музиката во 2004 година со албумот Зборувај (Speak), проследен со албумот Малку Повеќе Лично (A Little More Personal) во 2005 година. Таа има привлечено значителен публицитет, особено околу нејзиниот приватен живот.


Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Лохан (Lindsay Dee Lohan) е родена на 2 Јули 1986 година, во градот Њујорк и пораснала во Мерик и Колд Спринг Харбор во Лонг Ајленд, Њујорк. Таа е најстарото дете на Доната “Дина“ (моминско: Суливан) и Мајкл Лохан. Линдзи има 3 помали браќа и сестри, од кои сите биле модели или актери: Мајкл Џуниор (кој што се појавува со Линдзи во Стапица за Родители (The Parent Trap), Алиана (“Али“) и Дакота (“Коди“), најмладото дете во фамилијата Лохан. Лохан има ирско и италијанско потекло и е одгледана како католик. Од страна на мајка ѝ, сите од нејзината фамилија биле „добро познати ирски католички сталварти“ и нејзиниот прадедо, Џон Л. Суливан, бил ко-основач на Партијата за Живот (Pro-life Party) во Лонг Ајленд. Лохан го посетувала средното училиште Колд Спринг Харбор, каде што добро ѝ одело наука и математика до 11то одделение кога започнала со домашно школување.

Нејзините родители имаат бурна историја. Тие се венчале во 1985 година, се разделиле кога таа имала 3 години, и потоа си се вратиле еден на друг. Повторно се разделиле во 2005 година и го финализирале својот развод во 2007 година. Нејзиниот татко, Мајкл, е поранешен Вол Стрит трговец и бизнисмен кој го наследил бизнисот со тестенини од татко му и имал порблеми со законот во неколку наврати, додека нејзината мајка, Дина, е поранешна пејачка и танчерка.

1989-2002: Рана кариера и Стапица за Родители (The Parent Trap)[уреди | уреди извор]

Лохан ја започна својата кариера како дете-манекенка во агенцијата Форд Моделс на тригодишна возраст. Таа беше во детската колекција на Келвин Клајн и Аберкромби (Abercrombie Kids) и се појави во преку 100 телевизиски реклами, вклучувајќи ги и оние за Пица Хат (Pizza Hut) и Венди’с (Wendy’s), како и за Џело (Jell-O) со Бил Козби. На десетгодишна возраст, кога Лохан ја играше Александра “Али“ Фаулер во серијата Друг Свет (Another World), списанието Соуп Опера изјави дека таа веќе се смета за ветеран во шоу-бизнисот.

Лохан остана да ја игра таа улога една година, пред да си оди за да учествува во фамилијарна комедија на Дизни од 1998 година, Стапица за Родители (The Parent Trap), преработка на истоимениот филм од 1961 година. Таа играше двојна улога на разделените сестри-близначки, кои се ободуваат да ги спојат нивните долго-разведени родители, во чии улоги се Денис Квејд и Наташа Ричардсон. Филмот заработи 92 милиони долари низ целиот свет и критичарот Кенет Туран ја нарече Лохан „душата на филмот исто како што Хејли Милс беше во оригиналот“, кажувајќи исто така дека „таа е многу повешта од нејзината претходничка во создавањето на две различни личности.“ Лохан доби награда „Млад Артист“ (Young Artist Award) за најдобра претстава во игран филм, како и тригодишен филмски договор со Дизни.

На 14 години, Лохан ја играше ќерката на Бети Мидлер во првата епизода на краткотрајната серија Бети (Bette), но се откажува од оваа улога кога продукцијата се сели од Њујорк во Лос Анџелес. Таа исто така играше и во два филма на Дизни: Во Природна Големина (Life-Size) наспроти Тајра Бенкс во 2000 година и Добиј Поим (Get a Clue) во 2002. Исто така во 2002 година, таа беше во врска со пејачот Арон Картер. Имало изјави дека Лохан била во расправија со Хилари Даф, која исто така одела со Арон Картер, но Лохан на тоа подоцна изјави дека „луѓето само почнале да продаваат приказни.... за кои лесно може да се пишува.“

2003-2004: Откачениот Петок (Freaky Friday), Злобни Девојки (Mean Girls) и Зборувај (Speak)[уреди | уреди извор]

Лохан во 2002.

Лохан ја играше улогата на Ана Колман заедно со Џејми Ли Кертис во фамилијарната комедија од 2003 година Откачениот Петок (Freaky Friday). По нејзина иницијатива, нејзиниот лик беше повторно напишан и сменет во Готски стил за да ѝ биде поблизок. Критичарот Роџер Еберт напиша дека Лохан „има Џоди Фостер вид на сериозност и целосен фокус под нејзината личност како тинејџер.“ Овој филм ѝ заработи на Лохан награда за Пробивачка Изведба на Ем-Ти-Ви филмските награди во 2004 година, и сé до 2010 година, останува како нејзин комерцијално најуспешен филм, кој заработува 160 милиони долари низ целиот свет, како и 88% одобрен рејтинг од веб-страната Rotten Tomatoes.

Со цел да има тројна кариера – актерка, пејачка и танчерка, слично како Ен Маргрет и Мерилин Монро – Лохан започна да го истакнува своето пеење преку актерството. За саундтракот на Откачениот Петок, таа ја испеа последната тема Ultimate и исто така сними четири песни за саундтракот на Исповеди на тинејџерската кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen). Продуцентот Емилио Естефан Џуниор ја потпиша Лохан за пет-албумски договор во 2002 година. Две години подоцна, Лохан потпиша договор за снимање со Казабланка Рекордс (Casablanca Records), воден од Томи Мотола.

Во 2004, Лохан играше две главни улоги. Првиот филм, Исповеди на тинејџерската кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen) – нејзината прва улога во филм што не е преработка – заработи вкупно 29 милиони долари на домашниот бокс-офис, на кој Брендон Греј од веб-страната Box Office Mojo коментираше дека тоа е „доста над очекувањата со оглед на фактот дека филмот е наменет за млади девојки.“ Филмот во целост, сепак, не доби позитивна критика. Роберт К. Елдер од страната Metromix напиша дека “иаке е сéуште ветувачка ѕвезда, Лохан ќе треба да се покае пред да ѝ биде простено за овој филм.“

Тинејџерската комедија Злобни Девојки (Mean Girls) беше нејзиниот прв филм надвор од Дизни. Филмот беше критички и комерцијален успех, заработувајќи 129 милиони долари ширум светот и според Брендон Греј „цементирајќи го нејзиниот статус како новата кралица на тинејџерските филмови“, додека Стив Родс напиша дека „Лохан нè вчудоневидува уште еднаш. Умно напишаното сценарио е совршено за нејзинииот интелигентен бренд на комедија.“ Лохан доби четири награди на „Тин Чојс Авордс“ (Teen Choice Awards) во 2004 година за Откачениот Петок и Злобни Девојки, вклујувајќи ја и наградата за Пробивачка Филмска Ѕвезда. Злобни Девојки исто така ѝ заработи и две награди на Ем-Ти-Ви филмските награди во 2004 година, Најдобра Женска Изведба и Најдобар Тим заедно со неколку други членови од филмскиот тим.

Лохан стана најмладиот домаќин дотогаш на Ем-Ти-Ви филмските награди на 17-годишна возраст. По Злобни Девојки, кој беше напишан од Тина Феи и вклучи неколку алумни од „Саботен Ноќен Живот“ (Saturday Night Life), Лохан била домаќин на ова шоу три пати помеѓу 2004 и 2006 година, како и на Светските Музички Награди во 2006.

Зборувај (Speak), нејзиниот деби-албум, беше пуштен во продажба во Декември 2004 година, искачувајќи се на четврто место на Билборд 200 листата и заработувајќи Платинум сертификат на почетокот на 2005 година. Лохан ко-напиша шест од дванаесетте песни на албумот. Албумот беше фален од Линда МекГи од Радио и Телевизија од Ирска (RTÉ), која му даде 4 од 5 ѕвезди и коментираше дека Зборувај ги отвара сите сурови емоции и тинејџерски гнев кои што би се очекувале од еден уметник на нејзина возраст“ и дека „додека нејзините вокали не се сензационални, нивната тврдост ја одржува Лохан низ овој албум“, како и споредувајќи го овој албум со музичките почетоци на Аврил Лавињ. Сепак, Allmusic ѝ даде 2 од 5 ѕвезди изјавувајќи дека албумот „повеќе изгледа како спореден продукт на преувеличена славна култура отколку на вистински албум.“ Првично, овој поп албум беше воведен со песната Гласини (Rumors). Опишана од страна на списанието Ролинг Стоун како „бас-тешка, агресивна клубска химна“, таа ги опишува жалбите на Лохан кон папараците и најпосле доби Златен сертификат во САД.

За време на снимањето на Херби: Целосно Натоварен (Herbie: Fully Loaded), Лохан била примена во болница поради инфекција на бубрегот предизвикана од стрес во личниот живот и од снимањето на нејзиниот прв албум додека филмот бил уште во продукција, поради што списанието Венити Фер го етикетираше ова како „првото катастрофално снимање на Лохан“. Списанието исто така опиша како Лохан ја откажала својата промотивна турнеја и беше повлечена од филмскиот постер поради „однесување кое не ѝ доликува на една Дизни ѕвезда.“ Лохан започна врска со актерот Вилмер Валдерама во 2004 година, гостувајќи во една епизода од серијата Луди 70-ти, каде што тој редовно глумеше. Според Венити Фер, раскинувањето со Валдерама придонесло до нејзините проблеми за време на снимањето на Херби: Целосно Натоварен (Herbie: Fully Loaded).

Со Злобни Девојки (Mean Girls), нејзиниот јавен профил значително се зголеми и параците почнаа да ја следат. Таа помина неколку години живеејќи по хотели во Лос Анџелес, од кои две години таа ги помина во хотелот Шато Мармонт. При крајот на 2007 година, откако си најде постојано живеалиште, таа објасни дека поминала толку време по хотели затоа што „не сакала да биде сама“ но дека „тоа не е начин на живот... не е многу постојан.“ Лохан имаше неколку автомобилски несреќи кои беа во весниците, со мали удари во Август 2004 година, Октомври 2005 година, и во Ноември 2006 година, кога таа доживеа мали повреди од папарацо кој ѝ ја удрил колата кога ја следел да ја слика. Полицијата ја нарекла несреќата намерна, но обвинителите рекоа дека нема доволно докази за да се поднесе кривична пријава.

2005: „Херби: Целосно Натоварен“ (Herbie: Fully Loaded) и „Малку Повеќе Лично“ (A Little More Personal)[уреди | уреди извор]

Херби, колата што се појавува со Лохан во Херби: Целосно Натоварен (2005).

Лохан се врати во Дизни во 2005 година за Херби: Целосно Натоварен (Herbie: Fully Loaded), петтиот филм во серијата со антропоморфската кола Херби. Целосно Натоварен заработи 144 милиони долари ширум светот и доби различни оценки. Стивен Холден од весникот Њујорк тајмс ја нарече Лохан „вистинска ѕвезда која... навистина изгледа како да е дома на екранот“, додека пак Џејмс Берардиели напиша дека „иако изгледа како толку светла ѕвезда, Лохан игра споредна улога до автомобилот.“ Во 2005 година, Лохан беше првата славна личност според која беше направена кукла од компанијата My Scene, издадена од „Мател.“ Таа исто така го позајми гласот во анимираниот Ди-Ви-Ди филм My Scene оди во Холивуд, базиран на серијата кукли.

Нејзиниот втор албум, Малку Повеќе Лично (A Little More Personal), беше пуштен во продажба во Декември 2005 година, дебитирајќи на место број 20 на Билборд 200 топ листата, паѓајќи под првите 100 за шест недели. Лохан ко-напиша шест од дванаесетте песни на албумот. Списанието Слант го нарече албумот „изманипулиран… за целиот таканаречен тежок предмет, нема многу суштина во неговата форма.“ Албумот е потврден како Златен во 2006 година. Музичкиот спот за првиот сингл на албумот, Исповеди на Скрешеното Срце (Confessions of a Broken Heart), беше режиран од Лохан и во него дебитираше нејзината сестра, Али Лохан. Видеото беше драматизација на болката која Лохан вели нејзиното семејство ја чувствувало од татко ѝ. Тоа беше нејзината прва песна која се нашла на листата на најжешките Билборд 100 хитови, искачувајќи се на 57-мото место.

Нејзините родители се разведоа во Декември 2005 година, а го финализирале нивниот развод во 2007. Таа година, Лохан проговори за нејзиното детство: „Се чувствувам како втор родител во смисла дека му помогнав на моето семејство... често се наоѓав помеѓу мајка ми и татко ми. Како и да е, и јас самата би се ставила во средина помеѓу нив за да одржам мир и спокој, и добро се чувствував правејќи го тоа.“ И покрај сите конфликти, Лохан себе си се нарекува „фамилијарна девојка“ и има зборувано убави нешта за својата фамилија, вклучувајќи го и татко ѝ. Сепак, во 2007 година, и повторно во 2008, таа изјави дека не е повеќе во контакт со него, објаснувајќи го неговото непредвидвидливо однесување како тешко за справување. Во Ноември 2009, татко ѝ објави снимки од приватни телефонски разговори со и за Лохан на медиумите. Тоа коментираше на Твитер: „Не сум имала вистински однос со Мајкл Сениор со години.“

Наредниот нејзин филм е Само мојата среќа (Just My Luck) во Мај 2006, година и според списанието „Варајети“ (Variety), Лохан заработи преку 7 милиони долари. Филмот доби слаби критики и Лохан си ја доби својата прва Златна Малина за најлоша актерка.

2006-2007: Независни филмови и прекини во кариерата[уреди | уреди извор]

По Само мојата среќа (Just My Luck), Лохан се фокусираше на помали улоги во позрели, независни филмови. Комедијата Другари (A Prairie Home Companion) на Роберт Алтман, во која Лохан глуми заедно со Мерил Стрип и Лили Томлин, имаше ограничено објавување во Јуни 2006 година. Питер Траверс напиша за списанието Ролинг Стоун дека „Лохан се издига, носејќи рок верзија на традиционалната песна ’Френки и Џони’“. За нејзината глума, Мерил Стрип рече дека “таа е во водство на уметничката форма“ и дека „целосно и видливо живее пред камерата.“ Драмата Боби (Bobby) на Емилио Естевез беше пуштена во кината во Ноември 2006 година. Лохан прими позитивни коментари за нејзината изведба, особено во сцената наспроти Шерон Стоун. Како дело од оваа екипа, Лохан беше номинирана за Скрин Акторс Гилд награда (Screen Actors Guild Awards) и доби награда за Тимска Глума на Холивудскиот Филмски Фестивал каде што исто така доби награда за Пробив за нејзината работа во 2006 година. Нејзината наредна појава е во филмот Глава 27 (Chapter 27) каде што глумеше обожавателка на Џон Ленон која се спријателува со Марк Дејвид Чапмен (Џаред Лето) на денот кога тој го убива Ленон. Снимањето заврши на почетокот на 2006 година, но беше пуштен во кината дури во Март 2008 година поради тешкотии при наоѓање на дистрибутер. Во Мај 2007 година, драмата Правилата на Џорџија (Georgia Rule), во која што Лохан глуми заедно со Фелисити Хофман и Џејн Фонда, беше пуштена во кината. Критичарот Овен Глибермен од списанието Ентертејнмент Викли напиша дека „Лохан допира една вистинка точка на зајадлива нарцисоидна принцеза.“ За време на снимањето во 2006 година, Лохан беше примена во билница, нејзиниот претставник велејќи дека “имала температура и била дехидрирана.“ Во тоа време, Лохан поминуваше низ прекинување на врската со сопстевеникот на ресторан, Хари Мортон. Ова придонесе за нејзините проблеми за време на снимањето според списанието Алур (Allure). Во писмо кое што беше пуштено во јавност, извршниот снимател Џејмс Г. Робинсон ја нарекува Лохан „неодговорна и непрофесионална.“ Тој спомна „повеќе доцни пристигнувања и отсуства од снимањето“ и дека „свесни сме дека нејзиното постојано забавување преку целата ноќ е вистинската причина за нејзиниот таканаречен ’умор’.“ Џејн Фонда подоцна коментираше дека “кога Лохан ќе дошла на снимање, таа секогаш изгледала одлично.“

Во 2006 година, Лохан ги посетуваше средбите со Анонимните Алкохоличари. Лохан, која има астма уште од две години, е исто така и пушач. Во почетокот на 2007 година, снимањето на филмот Знам Кој Ме Уби (I Know Who Killed Me) беше одложено затоа што Лохан имаше операција на слепо црево. Истиот месец подоцна, Лохан беше примена во Вондерленд центарот за рехабилитација. Таа излезе од таму на 16 Февруари 2007 година, по 30 дневен престој. За време на нејзиниот престој таа продолжи со снимањето на овој филм, враќајќи се во центарот навечер. Кратко време потоа, Лохан се повлече од филмската адаптација на Оскар Вајлд Жена Без Значење (A Woman of No Importance), нејзиниот публицист наведувајќи дека потребно е Лохан да „се фокусира на подобрување.“ Лохан беше заменета во филмот Забранета Љубов (The Edge of Love) во Април 2007 година, кратко време пред снимањето да започне, откога режисерот се повикал на „осигурителни причини“ и Лохан подоцна објаснувајќи дека таа „тогаш поминувала низ многу тежок период.“ Во Мај 2007 година, Лохан беше во врска со британецот од телевизискиот свет, Калум Бест.

Потоа, таа беше примена во филмската адаптација на романот Лоши нешта (Poor Things). Во Мај 2006 година, 4 дена пред снимањето да започне, таа беше уапсена за возење под дејство на алкохол/дрога (англиски: DUI) и повторно беше примена на рехабилитација. Филмските продуценти веднаш ѝ дадоа поддршка и снимањето беше одложено.

Лохан беше вмешана во сообраќајна несреќа на 26 мај 2007 година, кога таа изгубила контрола врз својот автомобил и го качила истиот на тротоар. Полицијата од Беверли Хилс исто така најде „употреблива“ количина на кокаин во нејзината кола. По добивањето на третман за нејзините помали повреди, Лохан беше уапсена за прекршок возење под дејство на алкохол. По ова, беше примена во центар за рехабилитација (Promises Treatment Center), каде што остана 45 дена. Откако ја пуштиле на лекарска нега, Лохан доброволно се согласила нејзината трезвеност да биде надгледувана.

Во Јули 2007 година, три недели пред повторно да започне снимањето на Лоши нешта (Poor Things), Лохан беше уапсена за второ возење под дејство на алкохол/дрога (англиски: DUI) и повторно се вратила на рехабилитација. Лохан одбила да ѝ прават алко-тест на лице место во Санта Моника и беше однесена во полициска станица каде што утврдиле дека нивото на алкохол во крвта било над дозволената граница според законот. Додека ја претресувале, полиција исто така нашла мала количина на кокаин во нејзините џебови. Лохан беше уапсена за престап со обвинение за поседување кокаин и прекршок возење под дејство на алкохол и возење со суспендирана возачка дозвола. Во Август 2007, Лохан беше по трет пат примена на рехабилитација, сега во центарот Cirque Lodge Treatment во Санденс, Јута, и беше пуштена дома на 5 Октомври 2007 година. На крајот, списанието Холивуд Репортер напиша дека таа „се повлекла“ од снимањето на Лоши нешта (Poor Things). Подоцна истата година, Лохан беше во врска со сноубордерот Рајли Џајлс, со кој се запознала додека била на рехабилитација.

Во пресрет на нејзиното второ апсење, Лохан се повлече и од закажаното гостување во Вечерното Шоу со Џеј Лено (The Tonight Show with Jay Leno), каде што требала да го промовира Знам Кој Ме Уби (I Know Who Killed Me), ниско-буџетен мистериозен трилер каде што таа глуми стриптизета со двојна личност. Премиерата на филмот заработила „бедни 3.5 милиони долари“ како што кажува Ентертејнмент Викли. Лохан доби две номинации на Златна Малина за најлоша актерка.

Холивудските режисери и други важни личности коментираа дека ќе биде тешко Лохан да најде работа сé додека не се докаќе како трезвена и доверлива, наведувајќи можни проблеми со осигурувањето. Робинсон, продуцентот кој претходно ја критикувал нејзината работна етика во Правилата на Џорџија (Georgia Rule), кажа дека тој повторно би работел со неа доколку добие соодветна лекарска нега, и продолжи објаснувајќи ја како „една од најталентираните млади актерки во филмскиот бизнис денес.“

На 23 Август 2007 година, Лохан се изјасни за виновна за прекршокот употреба на кокаин и возење под дејство на алкохол и беше казнета еден ден [[[затвор]] и 10 дена општествена работа. Исто така ѝ беше наложено да плати казни и да заврши курс-програма за алкохол, и ѝ беше дадена условна казна од 3 години. Лохан даде изјава во која кажа дека „јасно ѝ е дека нејзиниот живот станал премногу тежок за справување затоа што е зависник од дрога и алкохол.“ На 15 ноември 2007 година, Лохан одлежала 84 минути во затвор. Портпаролот на офицерот кажа дека пренатрупаноста и ненасилната природа на кривичното дело биле причини за намалената казна.[1] Условната казна беше продолжена за уште една година до октомври 2009 година, на што следеа неколку судења на кои Лохан не успеала да присуствува на часовите и третманите кои ѝ ги одредил судот.

На крајот на 2007 година, Лохан започна да работи на трет албум, привремено насловен Душа во Мракот (Spirit in the Dark) и во Мај 2008 ја пушти песната “Bossy”. Во Ноември 2008, Лохан изјави дека работата на новиот албум е блокирана и дека сакала да го избегне стресот на работење во филмската и музичката индустрија во исто време. Во Февруари 2008 година, Нејо, со кој Лохан соработувала, изјави во интервју дека „работеле на некои песни но сé одеднаш се одложило“ и дека „не верува дека ќе се започне повторно со работа.“

2008-2009: Телевизиски појавувања и мода[уреди | уреди извор]

Во Мај 2008 година, Лохан за прв пат се појави на екраните по Знам Кој Ме Уби (I Know Who Killed Me) во телевизиската серија Грдата Бети (Ugly Betty) на каналот Еј-Би-Си. Таа гостуваше во четити епизоди, опфаќајќи ги втората и третата сезона, како Кими Киган, поранешна соученичка на главниот лик Бети Суарез. Истата година, Лохан се појави и во музичкиот спот на групата НЕРД за песната “Everyone Nose”.

Лохан учествувала и во повеќе различни списанија за мажи. Беше изгласана на десетто место на листата на 100те најсекси жени од читателите на списанието за мажи “FHM” (For Him Magazine) во 2005 година, додека пак, списанието Максим ја рангираше на трето место на листата на 100те најжешки девојки во 2006 година и на прво место во 2007. Во анкетата на списанието Дејли Мирор во Февруари 2010 година, Лохан беше изгласена десетта на листата на најсекси црвенокоси. Лохан била заштитно лице на дизајнерите Џил Стјуарт, Миу Миу, и Дуни и Бурк, како и на модната кампања на Виза (Visa) и италијанската модна компанија Форнарина за колекцијата пролет/лето во 2009 година.

Лохан ја именуваше својата модна колекција 6126 според датумот на раѓање на Мерилин Монро (на сликата)

Лохан има долгогодишна фасцинација со Мерилин Монро уште откога го гледала филмот Нијагара за време на снимањето на Стапица за Родители (The Parent Trap). Во 2008 година, Лохан ја пресоздаде добро познатата “The Last Session” фотосесија на Мерилин Монро за пролетното издание на списанието Њујорк, вклучувајќи голотија, за која таа вели дека тоа е „правење чест“. Критичарката Џиниа Белафанти од дневниот весник Њујорк тајмс кажа дека мисли дека фотосесијата е вознемирувачка, велејќи дека „фотографиите ги повикуваат гледачите на некој вид на исмевање на некрофилијата... На 21 година, Лохан изгледа дури постаро од Монро, која имала 36 година кога ги направила оригиналните форографии... и фотографиите не требале да се справуваат со ниедна од нејзините слабости.“

Во 2008, Лохан започна модна линија, чиешто име 6126 се однесуваше на датата на раѓање на Мерилин Монро. (1 Јуни 1926). Линијата започна со хеланки, пред да се прошири на целосна колекција, опфаќајќи 280 парчиња облека до Април 2010. Во Април 2009 година, Лохан пушти во продажба спреј за само-потемнување под брендот “Sevin Nyne” во соработка со продавницата за козметика Сефора. Во Септември 2009 година, Лохан стана уметнички советник за француската модна куќа Емануел Унгаро, во октомври беше презентирана колекцијата на Естреља Аркс со Лохан како советник, добивајќи катастрофална прифатеност според списанијата Ентертејнмент Викли и Њујорк. Лохан ја напушти компанија во Мај 2010 година.

За време на претседателската кампања во САД во 2008 година, Лохан му ги понуди своите услуги на изборната кампања на Барак Обама, вклучувајќи и организирање настани наменети за младите гласачи, но нејзината понуда беше одбиена. Непознат извор од неговата кампања му кажал на Обама дека Лохан „не била баш тој тип на ѕвезда од висок профил која би влијаела позитивно на нив.“ И покрај тоа, таа објави блогови на МајСпејс кажувајќи го нејзиното мислење за изборите, повикувајќи ги гласачите да го поддржат Обама, критикувајќи ја медиумската покриеност и кандидатката за подпретседател Сара Палин, опишувајќи ја како хомофобична личност, која е против абортусот и средината. Лохан пред тоа имаше покажано интерес да оди во Ирак за време на тамошната војна во 2006 година, на тура со Обединетите Услуги Организации (USO – United Service Organizations) со Хилари Клинтон. Во 2004 година, Лохан изјави дека таа воопшто не сакала да зборува за политика, со цел да не се оттуѓи ниеден дел од нејзината група на обожаватели.

Во 2008 и 2009 година, Лохан беше во врска со ди-џејката Саманта Ронсон. Таа заедно со неа организираше клубски случувања и ја придружување додека пушташе музика. Во врска со нејзината сексуална ориентација, Лохан кажа дека таа не е лезбејка. Кога беше прашана дали е бисексуалка, таа одговори „Можеби. Да.“, додавајќи дека не сака да се класифицира себе си. Во Април 2009 година, по раскинувањето со Ронсон, Лохан се појави во скеч на комичната веб-страна „Насмеј се или Умри“ (Funny or Die). Видеото во кое што се исмева самата себе беше базирано на личните реклами на страната за љубовни врски eHarmony. Беше гледано 2.7 милиони пати во првата недела и доби позитивни коментари од медиумите.

Во комедијата Породилни Болки (Labor Pains) од 2009 година, Лохан игра жена која што се преправа дека а бремена. За време на снимањето, менаџерот на Лохан работеше со папараците за да ги поттикне медиумите да ја покажуваат во јавноста како работи, што е спротивно на забавување по цели ноќи. Тоа беше првично планирано за театарска верзија, но наместо тоа се појави како телевизиски филм на кабелскиот канал Еј-Би-Си Фемили (ABC Family) во Јули 2009 година, што беше опишано како „неуспех на ѕвездата“ според списанието „Варајети“ (Variety). Премиерата привлече 2,1 милиони гледачи, што е подобро од просечното за тој канал според телевизиската мрежа Е!Онлајн. Џоана Вајс од дневниот весник Бостон Глоуб коментираше дека „Лохан изгледа дека се труди да игра улога која и вака и така бара малку напор.“ Алесандра Стенли од дневниот весник Њујорк тајмс кажа дека „ова не е триумфално враќање на проблематичната ѕвезда.“

Лохан беше гостин во жирито во првата епизода од шестата сезона од американското реално модно шоу Проект Писта, кое беше емитувано во Август 2009 година. Истата година, куќата на Лохан беше ограбена од Блинг Ринг, група модни крадци чиишто водич ја сметаше Лохан како крајно освојување. Кражбата беше снимена од камерите за надзор во куќата на Лохан и видеата од ова играа голема улога во разрешувањето на овој случај, што на крај доведе до апсење на членовите на групата-крадци.

2010-денес[уреди | уреди извор]

Како последица на земјотресот во Хаити, Лохан помогна со собирање средства за британскиот Црвен крст во март 2010. Истиот месец, Лохан започна правна постапка во која таа се обиде да собере 100 милиони долари од компанијата за финансиски услуги „И-Трејд“ (E-Trade) за телевизиска реклама за која што Лохан велеше дека била пуштена без дозвола. На 21 Септември 2010 година, двете страни објавија дека е достигнат договор за случајот, но условите се доверливи. На 11 Март 2010 година, се појави во британското комично ток-шоу Alan Carr: Chatty Man, за време на кое таа зборуваше за својата работа во модната кариера и за својата фасцинација со Монро и одби да одговара на прашања поврзани со нејзината сексуална ориентација.

Лохан беше наратор во документарецот Индиското патување на Линдзи Лохан на телевизиската мрежа BBC Three. Во програмата, која што се емитуваше во Април 2010 година, се зборува за трговијата со луѓе во Индија. Во Декември 2010 година, Лохан го посети прифатилиштето за жени и деца на невладината феминистичка организација Sanlaap во Калкута за документарецот. Додека беше во Индија, Лохан на Твитер напиша: „Над 40 деца спасени до сега... за само еден ден работа.“ Невладината организација за права на децата Bachpan Bachao Andolan изјави дека таа не била дел од спомената акција и дека ќе покрене легална постапка против тоа. Би-Би-Си рече дека Лохан е „погрешно протолкувана“ и дека „тоа само се однесувало на трговијата со деца.“ Неколку дена подоцна, Лохан ја пофали работата на Bachpan Bachao Andolan на Твитер. Таа првично беше планирана да биде присутна за време на акцијата, но поради презакажување пристигнала подоцна во земјата. Лохан исто така била планирана да прави интервју со претставник од УНИЦЕФ за документарецот, но не се појавила. Дневниот весник Гардијан и списанието Салон ја критикуваа одлуката на Би-Би-Си 3 да ја вклучат Лохан во програмата, иако Салон исто така кажа дека „обид кој што ја покренува свеста на глобалната епидемија – дури и оној кој ангажира една луда проблематична жешка девојка – е сепак обид.“ Контролорот на Би-Би-Си 3 рече дека „наоѓање славна личност која искрено се грижи за овој проблем помага да се повикаат толпа луѓе кои без тоа не би се приклучиле на оваа програма.“ Едед репортер од националниот дневен весник Тајмс го опиша документарецот како „чувствително образование“ и рече дека „додека намерата била да се искористи Лохан како парче светлина во овој криминал, центарот на внимание беше свртено кон Лохан и таа не се чувствување пријатно.“ Британскиот весник Индепендент го сметаше тоа за „многу силно“ и рече дека вклучувањето на Лохан во оваа програма „дефинитивно не беше лош избор. Беше само многу чудно.“ Лохан рече дека искуството било „навистина потресувачко“ и дека “таа се надева дека нејзиното присуство во Индија ке ја поттикне свеста за овие навистина битни проблеми покренати со снимањето на овој филм.“

Во Април 2010 година, Лохан беше примена да ја глуми улогата на порно ѕвездата Линда Лавлејс, позната по Длабоко Грло (Deep Throat), во филмот Пекол (Inferno). Во Ноември, додека Лохан беше во суд, кој ѝ барал рехабилитација, понудата била повлечена откога еден продуцент рекол дека е невозможно да биде осигурана. Ко-сопственикот на компанијата на Дина Лохан рече дека Лохан самата ја донела одлуката да го напушти филмот велејќи дека „таа дефинитивно не била отпуштена“ и дека „сигурно можела да се осигура.“ Лохан се појавува во една сцена во филмот Андерграунд Комедија 2010, облечена како Мерилин Монро, пукајќи кон папараците. Во Септември 2010 година, филмот сéуште бараше дистрибутер.

Во мај 2010 година, Лохан не се појавила на закажаното сослушување за возење под влијание на алкохол. Судијата издал налог за апсење на Лохан, но ја поништил потерницата, откако нејзиниот претставник платил кауција. Нејзиниот адвокат рекол дека нејзиниот пасош бил украден за време на Канскиот филмски фестивал во Франција.[2] На презакажаното сослушување на 24 мај 2010 година, на Лохан ѝ било наредено да присуствува на неделни часови за одвикување од алкохол, да носи бразлетна која што набљудува алкохол, да не пие алкохол, и да биде подложна на неделни тестови за дрога за да остане слободна со кауција. Судијата закажал рочиште на 6 јули 2010 година за да се утврди дали Лохан ја прекршила условната казна со неприсуствување на одредените часови до сега.

Во јуни 2010 година, Лохан се појави во телевизиската серија Double Exposure на каналот Браво. Тој месец, таа исто така даде интервју за весникот The Sydney Morning Herald, велејќи дека „уште е млада и уште учи, но тоа не значи дека тоа што луѓето го велат е вистина, дека била несредена и дека постојано се забавувала по цели ноќи или што и да е.“

На 6 Јули 2010 година, на сослушувањето за условната казна, судијата одреди дека Лохан навистина ги прекршила условите и ја казни 90 дена затвор, почнувајќи од 20 Јули, и во дополнение, судијата ѝ нареди да се провери во центар за рехабилитација, во програма која трае 3 месеци по нејзиното ослободување од затвор. На 20 Јули, се појави на суд и беше однесена во притвор за да ја започне својата затворска казна. Беше пуштена на 2 Август по одлежување 14 дена казна затвор.[3] Краткорочната казна се должи на политиката на предвремено ослободување на ненасилните престапници со цел да се намали пренатрупаноста во затворот. Таа веднаш беше однесена во центар за рехабилитација каде што се очекуваше да престои 90 дена. Сепак, на 24 Август, Лохан беше ослободена по само 23 дена. Нејзиниот адвокат изјави дека „докторите кои ја третирале таму сметале дека таа направила сé што требала за тоа време.“ Лохан продолжи со задолжителна болничка терапија, но беше во моќност да продолжи и со својата работа. Ѝ беше наредено да присуствува на одредени проекции за дрога и алкохол, да прима психотерапија и терапија за добро однесување два пати неделно, како и да оди на пет неделни сесии во 12 чекори. Судијата рече дека секое отсуствување од сесиите или паѓањето на тестовите за дрога би можелo да резултираат во 30 дневна казна затвор. Ново рочиште беше закажано за 1 Ноември, а во меѓувреме Лохан требаше да остане во Лос Анџелес.

Акциониот филм Мачете (Machete) на Роберт Родригез беше пуштен во кината на 3 Септември 2010. Лохан ги сними своите сцени во Август и Септември 2009 година. Таа ја игра Ејприл, разгалената ќерка на еден богат бизнисмен. Нејзиниот лик се дрогира, се разголува и се облекува како калуѓерка вооружена со митралез. Весникот Вашингтон Пост го опиша нејзиниот лик како „погрда верзија од самата таа – или барем како што таа е прикажана во жолтиот печат.“ Веб-страната Премиер кажа дека таа била „ужасна“, додека пак списанието Варајети (Variety) ја опиша нејзината работа како „најдобра во последно време.“ Ерк Д. Снајдер од веб-страната Филм изјави дека сите три главни актерки во филмот имале „засмејувачко лоши изведби“, но исто така се запраша дали Родригез „им кажал така да глумат.“ Поради нејзините правни ангажмани, како и оние поврзани со рехабилитацијата, Лохан не присуствуваше на промоцијата на филмот во Лос Анџелес.

По извештаите на медиумите, Лохан потврди преку Твитер дека паднала на тестот за дрога. Таа рече дека „била подготвена да се соочи со последиците.“ По рочиштето на 24 Септември, каде што судијата нареди прелиминарно отповикување на нејзината условна казна, кауцијата ѝ беше одбиена, а таа повторно беше испратена во затвор. Подоцна истиот ден, откако нејзиниот адвокат поднесе жалба, друг судија ѝ одобрил кауција, со образложение дека таа само направила прекршоци. Лохан беше ослободена од затвор по плаќање 300 илјади долари кауција. Ѝ беше наредено да носи бразлетна за набљудување на алкохол и да „стои подалеку од места каде што истиот се продава.“ Неколку дена подоцна, таа доброволно се пријавила во Бети Форд болничкиот центар за третирање на зависници од дрога и алкохол. На рочиштето на 22 Октомври, судијата ѝ нaреди да остане во центарот за рехабилитација до 3 Јануари 2011. Наредното судско рочиште е закажано за 25 Февруари 2011 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Наташа Спирова, „Волберг бил во улична банда, Дауни провалил во куќата на соседот“, Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 12-13.
  2. Наташа Спирова, „Волберг бил во улична банда, Дауни провалил во куќата на соседот“, Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 12-13.
  3. Наташа Спирова, „Волберг бил во улична банда, Дауни провалил во куќата на соседот“, Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 12-13.