Слепо црево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слепо црево
Gray536.png
Stomach colon rectum diagram-en.svg
Normal location of the appendix relative to other organs of the digestive system (frontal view).
Податоци
Систем Систем за варење
Артерија Артерија на слепото црево
Вена Вена на слепото црево
Назнаки
Латински appendix vermiformis
TA A05.7.02.001
FMA FMA:14541

Слепо црево (лат. coecum) е црволик додаток или преостаната шуплива цевчеста формација прикачена на продолжетокот од дебелото црево. Слепото црево кај човекот, вообичаено од 8-10 см и помалку од 1,3 см, нема функција во системот за варење. Неговите мускулни ѕидови ги исфрлаат своите мукозни секрети или кои било цревни содржини што влегуваат во него.

Воспаление на слепото црево[уреди | уреди извор]

Блокада на отворот може да спречи исфрлање и да предизвика воспаление на слепото црево; се собираат течности, бактериите се множат и слепото црево стануав надуено и воспалено; ткивото во слепото црево почнува да изумира и органот може да пукне, предизвикувајќи воспаление на перитонеумот. Симптомите можат да започнат со умерена болка во горниот абдомен, околу папокот, или во целиот абдомен. Потоа може да се јави мачнина и повраќање. Болката може да се префрли во десниот долен абдомен. Вообичаено е присутна треска, но во првите фази ретко е висока. За да се направи разлика меѓу акутно воспалување на слепото црево од другите причини за стомачна болка потревен е внимателен преглед. Се лекува со отстранување на слепото црево (апендектомија).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, стр. 37