Алипашина џамија (Истанбул)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алипашина џамија
Kılıç Ali Paşa Külliyesi
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°01′35″N 28°58′51″E / 41.02639° СГШ; 28.98083° ИГД / 41.02639; 28.98083Координати: 41°01′35″N 28°58′51″E / 41.02639° СГШ; 28.98083° ИГД / 41.02639; 28.98083
Припадностислам
ЕпархијаТопхане
Осветен1580
Архитектонски опис
Архитект(и)Мимар Синан
Архитектонски типџамија
Особености
Минариња1

Алипашина џамија (турски: Ali Paşa Külliyesi) — поголем број на верски градби кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Комплексот бил граден во периодот од 1580 до 1587 година, од Мимар Синан. Комплексот вклучува џамија, медреса, амам, турбе и фонтана.

Историја[уреди | уреди извор]

Во времето кога бил изграден, комплексот се наоѓал на самиот брег, но за разлика од тоа време, денеска околу комплексот се наоѓаат неколку градби. Комплексот бил изграден по наредба на адмиралот Килич Али-паша. Оваа џамија била изградена и оценета како помала верзија на Аја Софија[1][2][3].

Архитектура[уреди | уреди извор]

Внатрешниот изглед на џамијата

Централната купола на џамијата е 12,70 метри (41,7 метри) во пречник. Кон влезот, на двете страни, има галерија. Куполата се наоѓа во центарот во стил на византиска базилика. Објектот се состои од пет куполи. Џамијата има само едно минаре, со 247 прозорци. Во дворот на комплексот се наоѓа турбе со купола, исто така направено од страна на Синан. Гробот на Али-паша се наоѓа во внатрешноста на турбето. Медресата се наоѓа наоѓа од спротивната страна, во југоисточниот дел од џамијата. На десната страна се наоѓа амамот, чија изградба била завршена во 1583 година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Eren, Güleren (June 2006), „The Heritage of A Sailor“, Beyoğlu, Бр. 3, стр. 59–64CS1-одржување: датум и година (link)
  2. 2,0 2,1 Bayrak, M. Orhan (1994). Türkiye Tarihi Yerler Kılavuzu. İstanbul: İnkılâp Kitabevi. стр. 326–327. ISBN 9751007054.
  3. Sumner-Boyd, Hilary; Freely, John (1994). Strolling Through Istanbul: A Guide to the City (6. изд.). İstanbul: SEV Matbaacılık. стр. 450–451. ISBN 9758176447.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]