Ед, Ед и Еди
Ед, Ед и Еди | |
---|---|
Жанр | цртан филм |
Создадена од | Дени Антонучи |
Гласови на | Мет Хил семjуел Винсет Тони Сампсон |
Земја на потекло | САД (прикажување) Канада (продукција) |
Првичен јазик | Англиски |
Бр. на сезони | 5 |
Бр. на епизоди | 69 |
Производство | |
Времетраење | 22 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Cartoon Network |
Првично прикажување | 4 јануари 1999 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | cartoonnetwork.com/tv shows/eds/index.html |
Ед, Ед и Еди (англиски: Ed, Edd n Eddy) — американска анимирана телевизиска серија создадена од Дени Антонучи и произведена од a.k.a. Cartoon за Cartoon Network, а емитувала на МРТ 1 во Македонија. Најпрво требало да има четири сезони од оваа анимирана серија, но Cartoon Network се одлучиле за уште една сезона, па така сега Ед, Ед и Еди има вкупно пет сезони. Овој сериски цртан филм моментално е најдолго прикажуваниот на Cartoon Network.
Дејството во серијата се центрира околу три деца: Ед (Ed) - кој слабо го користи својот мозок, Ед (Edd) - нарекуван и Дабл Ди кој е натпросечно интелегентен и Еди (Eddy) - низок „водач“ на ова трио. Заедно познати како „Едовите“, тројцата се постојано во нивното изолирано маало наречено Пич Крик Естејтс. Предводени од Еди, тие сакаат да соберат пари од своите врсници, но обично нивните планови не успеваат, оставајќи ги во разочарување. Ликовите во серијата речиси никогаш не ја напуштаат својата населба, а возрасни личности никогаш не се појавуваат.
Општо
[уреди | уреди извор]Необично е што Ед, Ед и Еди цртаната серија е целосно анимирана со користење на традиционална анимација на проѕирна пластика - скратено пп, за разлика од повеќето цртани филмови кои денес се прават со користење на компјутерска анимација. Користењето на обоени пп се отфрлило при крајот на четвртата сезона. Иако анимираната серија сè уште е целосно цртана со рака, сите пп се обоени компјутерски, бидејќи ниедно студио за анимација повеќе не боело пп. Овај цртан филм е еден од последните кои користеле боени пп.
Ед, Ед и Еди користат модерна верзија на Скуиглвижн (англиски: Squigglevision). Брливите линии не се ни блиску активни како и оние во Д-р Кац, Професионален психијатар, но сепак се видливи.[1] Една од причините за популарноста на серијата е поради оваа техника во анимирањето.[2] Дени Антонучи оваа техника ја нарекува ефект на клатење, кој се појавил во цртаните од 1930-тите години кога филмот бил нестабилен и правел сличен ефект.[3]
Постојат многу неразбирања за серијата, вклучувајќи ги фактите за децата. Серијата се развива околу Ед триото, останатите деца, и Кенкерс но нема појава на други ликови. Не е ни споменато каде децата живеат кога се мисли на град или држава. Многу малку се знае за други луѓе во градот па дури и дали имаат некоја врска со главните ликови на цртаната серија. Серијата многу често се поврзува со останати работи. Речиси секоја епизода има поврзаност со различни култури, особено со некои филмови. Сите наслови на епизодите освен специјалните епизоди за празниците, се популарни поговорки и слично, со вметнато Ед, на пример „Stop, Look, and Listen“ - „Stop, Look, and Ed“. Некои се и пародии на имиња на познати филмови, на пример „For Your Eyes Only“ - „For Your Ed Only“, „The Day the Earth Stood Still“ - „The Day the Ed Stood Still“, „Ocean's Eleven“ - „O-Ed's Eleven“ и др.
Бројот на ликовите во серијата е постојан. Не се појавуваат возрасни или останати личности освен вообичаените. На училиште, триото Ед и останатите деца се единствените личности кои можат да се видат. Понекогаш, се појавуваат и возила, па може да се претпостави дека возразни возат, но сепак тие никогаш не се покажуваат. Сепак често се споменуваат родители и други блиски роднини. Дени Антонучи сака оваа цртана серија да припаѓа во секоја возрасна група. Доколку видео-рекордер е потребен во некоја епизода, би го ставиле. Во првата епизода, Дабл-ди користи компјутер кој работи на тостер за да му даде на Џони тест за лага. Но децата немаат предмети од модерна технологија како iPod, Game Boy, PDA уреди или пак мобилни телефони. На пример, телевизорот на Ролф има 4 канали, а телевизорот на Ед има антена од уши на зајак.
Најголемо задоволство во програмата, особено на Ед триото, им се џоубрејкерите (големи американски бонбони, или во превод „вилицокршачи“). Многу од епизодите се посветени на барањето на овие бонбони. Тие во цртанот се презголемени и изгледаат поголеми од главата на ликовите. На децата кои имаат во устата џоубрејкери им се познаваат големи топки на образите. Првите 4 сезони од серијата се во летниот период. Петтата сезона се одвива на училиште и тоа во есен и зима. Повеќето од епизодите започнуваат со нешто неповрзано со приказната на епизодата. Тоа е за да се изрази спонтаноста на детскиот живот.
Ликови
[уреди | уреди извор]Според едно интервју со режисерот Дени Антонучи (специјално видео во ДВД од првата сезона), сите личности во серијалот се засновани на луѓе од неговиот живот. Ед, Ед и Еди се засновани според него и неговите деца, а останатите се засновани на други деца со кои тој растел. Антонучи мисли дека е многу важно Пленк да биде во серијата, бидејќи така Џони би правел нешта што инаку никогаш не би ги направел.[4] Во друго интервју со Антонучи, тој рекол дека Ролф е цврсто заснован на него и неговите братучеди бидејќи и тој самиот бил имигрант и бил научен на поинаква култура на живеење. Децата имаат разно обоени јазици, бидејќи, како што вели Дени Антонучи, децата речиси секогаш имаат нешто во устата (бонбони, мастики) што им ги прави јазиците во различни бои.
Едовите
[уреди | уреди извор]Ед со гласот на Мет Хил е еден од Едовите чије име на англиски се пишува со едно д - Ed. Тој претставува работната сила во групата. Тој знае премногу да се смее, и е речиси постојано среќен. Неговиот мозок претставува збирка на стрипови и филмови со чудовишта, па нив често ги меша со реалноста. Ед секогаш е заштитнички настроен кон својата сестра Сара, поради што таа често манипулира со него. Една од особeнoстите на Ед, е тоа што тој воопшто не води хигиена, а на некои моменти дури е и преплашен од сапун и средства за чистење. Тој обожува тост, сос и животни, особено кокошки и зајаци.
Ед со гласот на Семјуел Винсет е еден од Едовите чије име на англиски се пишува со две д - Edd, поради што е понекогаш нарекуван Дабл-Ди. Неговото име има ист изговор како и на привот Ед, но пишувањето на името е променето за да се прави разлика меѓу двата ликови и за да се покаже важноста и статусот на секои од Едовите во нивната група. Ед е најинтелигентното дете од цело маало поради што е нарекуван „млад пронаоѓач“ и е опседнат со чистота и среденост. Никогаш не е виден без својата слична на чорап црна зимска капа, криејќи некоја тајна непозната на останатие освен за Едовите. Неговите родители го заморуваат со работа низ дома, комуницирајќи со него преку лепенки на кои ги пишуваат неговите задачи. Ед сите го сметаат за „филозофче“ и е најдобар на училиште. Мрази спорт поради мистериозен настан познат како „инцидентот народна топка“.
Еди со гласот на Тони Сампсон е самобендисан измамник и самоназначен водач на триото Ед. Тој ќе направи огромни планови само за да дојде до пари од останатите деца, па дури и ако заради тоа ги извиси своите пријатели. Неговите заработувачки се џоубрејкерс (големи американски бонбони), кои многу ги обожава па затоа сите пари ги троши на нив. Еди го мрази училиштето и нема баш најдобри оценки. Тој ја обожува својата соба во диско стил, исполнета со лавина лампа, голем кружен кревет, диско топка и грамофон.
Други ликови
[уреди | уреди извор]Џими е типичен плачко - брат или другар. Тој е детски настроен уметник кој посакува да биде славен, и најчесто поминува време со Сара, која секогаш е штитнички настроена кон него. Џими многу често има непријатности, обично во спортот и другите физички активности, и е најслаб од сите деца. Иако Џими има кукавички и деликатен карактер, тој искрено посакува да биде силен и мускулест. Може да биде и опасен ако е мотивиран, а двапати направи измами кои беа успешни, за разлика од Еди на кој скоро никогаш не му успеваат. Џими покажува колку длабоко емоционално е приврзан за Сара, кога некој ќе проба да ја тргне настрана од него. Носи и огромна протеза за да си ги поправи забите и секоја епизода тој е повреден на различни места.
Џони е типично чудно дете во маалото кој сака да биде сам, и има замислен другар. Џони има голема глава, зборува многу, и често оди на нерви на другите деца. Него не му сметаат измамничките планови на Ед, Ед и Еди, а понекогаш изгледа како да ужива во нив. Џони е секогаш искрен, лесно потпаѓа под туѓо влијание и им простува на останатите што и да направат. Тој е ретко без својот најдобар другар - штица со нацртани очи и уста со фломастер, наречен Пленк.
Кевин е мангуп во маалото. Го мрази триото Ед, особено Еди, и често ги нарекува глупаци. Кевин е агресивна личност, и е покажан како екстремно груб на некои моменти. Кевин има гаража преполна со jawbreakers, бидејќи неговиот татко работи во фабрика за такви бонбони. Кога не го вози својот велосипед, тој често се дружи со Ролф и Наз. Тој е помошник во училишната сала и надзорник во Пич Крик Џуниор Хај училиштето и обожава да игра американски фудбал.
Наз ја има улогата на типична девојка-навивачка. Модерна и привлечна, Наз најчесто се дружи со Кевин. Нејзе не и пречат Едовите освен ако нарочно ја нервираат. Сите момчиња освен Ролф и Џими се затрескани во неа. Таа кога и да помине, Едовите почнуваат да се потат, и стануваат срамежливи. Таа е главна навивачка во Пич Крик Џуниор Хај. Иако Наз обично е слатка и паметна, таа понекогаш може да биде и глупава и да игра улога на типична русокоса.
Ролф има улога на доселеник со чуден говор и обичаи. Точно не се знае од која држава доаѓа Ролф, но ако некои епизоди се гледаат повнимателно, се забележува дека потекнува од Европа, најверојатно некаде од Скандинавските земји. Тој работи во фармата на неговите мајка и татко сместена во самото гратче, и ја предводи извидничката група наречена "Урбани Ренџери" во која учествуваат Џими и Џони. Ролф често зборува за него самиот во трето лице, е син на овчар и тој е горд поради тоа. Неговите верни животни се 2 прасиња, коза наречена Виктор, најмалку 4 кокошки, и крава. Кога не работи, тој се дружи со Кевин, играјќи разни спортови. Него не му смета многу Ед триото, освен ако тие направат будала од него, па тогаш тој станува груб. Тој секогаш спомнува луѓе од неговото семејство и им ракажува приказни од неговата земја.
Сара е разгалена помала сестра на Ед, која се однесува слатко и шармантно само кога некој и служи. Сара го има Ед на кој секогаш може да се поткрепи, а најчесто нејзините обврски му ги префрла нему. Таа не трпи многу и се расправа со сите особено со Еди. Таа често го повредува оној кој ја нервира или пак го повредува Џими, па затоа Ед, Ед и Еди се плашат од неа. Скоро секогаш се дружи со Џими, а кога не, сепак е во близина на Џими и го пази да не се повреди.
Останати ликови
[уреди | уреди извор]Кенкерс сестрите. Ако има едно нешто со кое Ед, Ед и Еди и останатите деца можат да се согласат, тоа е дека сите тие ги мразат the Кенкрс. Меј, Мери, и Ли се три сестри кои живеат близу парк за приколки наречен Park 'n' Flush. Тие се број еден непријател на сите останати деца, а и сите се плашат од нив поради нивната нехигиена, нивниот менталитет и нивното однесување. Сите три Кенкрс ги сакаат Едовите, но Меј го претпочита Ед, Мери - Ед, а Ли - Еди.
Постариот брат на Еди никогаш не се појавува низ серијата, и неговото име никогаш не се открива, оставајќи ги останатите деца сами. Но низ серијата, доволно е кажано за неговиот карактер па затоа може да се смета за личност во серијата, иако никогаш не е прикажан. Еди вели дека неговиот брат бил нај-кул дете од сите во маалото. Кевин е уплашен од братот на Еди, а Ролф мисли дека тој сака да му ги украде сите кокошки. На Џони му е сеедно за братот на Еди, а Наз е затрескана во него. Џими сака да го запознае бидејќи имал големи мускули. На Сара не и е гајле за него.
Гласови
[уреди | уреди извор]- Мет Хил - Ед
- Самуел Винсет - Ед
- Тони Сампсон - Еди
- Кенан Кристенсон - Џими
- Дејвид Пол Гроув - Џони
- Катлен Бар- Кевин/Мери Кенкер
- Табита Сент Џермеин - Наз (1. сезона)
- Џен Форџи - Меј Кенкер/Наз (3. сезона)
- Erin Fitzgerald - Меј Кенкер (1, 2, 4 и 5. сезона)/Нез (2, 4 и 5. сезона )
- Peter Kelamis - Ролф
- Janyse Jaud - Сара/Ли Кенкер
Епизоди
[уреди | уреди извор]Сезона 1: 1999
[уреди | уреди извор]- 1. "The Ed-Touchables” & “Nagged to Ed" (4 јануари 1999)
- 2. "Pop Goes the Ed” & “Over Your Ed" (11 јануари 1999)
- 3. "Sir-Ed-a-Lot” & “A Pinch to Grow an Ed" (18 јануари 1999)
- 4. "Read All About Ed” & “Quick Shot Ed" (25 јануари 1999)
- 5. "An Ed Too Many" & "Ed-n-Seek" (1 февруари 1999)
- 6. "Look into My Eds" & "Tag, Yer Ed" (8 февруари 1999)
- 7. "Dawn of the Eds" & "Vert-Ed-Go" (15 февруари 1999)
- 8. "Who, What, Where, Ed" & "Keeping Up With the Eds" (22 февруари 1999)
- 9. "Fool on the Ed" & "A Boy and His Ed" (1 март 1999)
- 10. "It's Way Ed" & "Laugh Ed Laugh" (8 март 1999)
- 11. "Eds-Aggerate" & "Oath to an Ed" (15 март 1999)
- 12. "A Glass of Warm Ed" & "Flea Bitten Ed" (22 март 1999)
- 13. "Button Yer Ed" & "Avast Ye Eds" (29 март 1999)
Сезона 2: 2000
[уреди | уреди извор]- 14. "Know-It-All Ed" & "Dear Ed" (13 септември 2000)
- 15. "Knock Knock, Who's Ed" & "One Plus One Equals Ed" (20 септември 2000)
- 16. "Eeny Meeny Miney Ed" & "Ready Set Ed" (27 септември 2000)
- 17. "Hands Across Ed" & "Floss Your Ed" (4 октомври 2000)
- 18. "In Like Ed" & "Who Let the Ed in?" (11 октомври 2000)
- 19. "Rambling Ed" & "Home Cooked Eds" (18 октомври 2000)
- 20. "To Sir With Ed" & "Key to My Ed" (25 октомври 2000)
- 21. "Honour Thy Ed" & "Scrambled Ed" (1 ноември 2000)
- 22. "Urban Ed" & "Stop, Look, Ed" (8 ноември 2000)
- 23. "Rent-a-Ed" & "Shoo Ed" (15 ноември 2000)
- 24. "Ed in a Halfshell" & "Mirror Mirror on the Ed" (29 ноември 2000)
- 25. "Hot Buttered Ed" & "High Heeled Ed" (6 декември 2000)
- 26. "Fa, La, La, La, Ed" & "Cry Ed" (20 декември 2000)
Сезона 3: 2001-2002
[уреди | уреди извор]- 27. "Wish You Were Ed" & "Momma's Little Ed" (23 февруари 2001)
- 28. "Once Upon an Ed" & "For Your Ed Only" (25 мај 2001)
- 29. "It Came from Outer Ed" & "Three Squares and an Ed" (19 септември 2001)
- 30. "Dueling Eds" & "Dim Lit Ed" (23 ноември 2001)
- 31. "Will Work for Ed" & "Ed, Ed and Away" (4 јануари 2002)
- 32. "X Marks the Ed" & "From Here to Ed" (25 јануари 2002)
- 33. ""Boys Will Be Eds & "Ed or Tails?" (15 февруари 2002)
- 34. ""Gimme Gimme never Ed & "My Fair Ed" (8 март 2002)
- 35. "Rock-A-Bye Ed" & "O-Ed Eleven" (22 март 2002)
- 36. "Luck of the Ed" & "Ed, Pass It on" (21 јуни 2002)
- 37. "Brother, Can You Spare an Ed" & "The Day the Ed Stood Still" (28 јуни 2002)
- 38. "If It Smells Like an Ed" (5 јули 2002)
- 39. "Don't Rain on My Ed" & "Once Bitten, Twice Ed" (12 јули 2002)
- 40. "An Ed in the Bush" & "See No Ed" (27 септември 2002)
- 41. "Is There an Ed in the House?" & "An Ed is born" (1 ноември 2002)
- 42. "One Size Fits Ed" & "Pain in the Ed" (15 ноември 2002)
Сезона 4: 2003-2004
[уреди | уреди извор]- 43. "Ed Overboard" & "One of Those Eds" (24 август 2003)
- 44. "They Call Him Mr. Ed" & "For the Ed, By the Ed" (10 ноември 2003)
- 45. "Little Ed Blue" & "A Twist of Ed" (17 ноември 2003)
- 46. "Your Ed Here" & "The Good Ole Ed" (23 јануари 2004)
- 47. "Thick as an Ed" & "Sorry, Wrong Ed" (30 јануари 2004)
- 48. "Robbin' Ed" & " A Case of Ed" (6 февруари 2004)
- 49. "Run for Your Ed" & "Hand Me Down Ed" (13 февруари 2004)
- 50. "Stiff Upper Ed" & "Here's Mud in Your Ed" (20 февруари 2004)
- 51. "Stuck in the Ed" & "Postcards from the Ed" (27 февруари 2004)
- 52. "Take This Ed and Shove It" (5 ноември 2004)
Сезона 5: 2005-2008
[уреди | уреди извор]- 53. "Mission Ed-Possible" & "Every Which Way But Ed" (4 ноември 2005)
- 54. "Boom Boom Out Goes the Ed" & "Cleanliness is Next to Edness" (11 ноември 2005)
- 55. "Out With the Old, In With the Ed" (18 ноември 2005)
- 56. "I am Curious Ed" & "No Speak Da Ed" (25 ноември 2005)
- 57. "Cool Hand Ed" & "Too Smart for His Own Ed" (31 март 2006)
- 58. "Who's Minding the Ed?" & "Pick an Ed" (28 јуни 2006)
- 59. "Truth or Ed" & "This Won't Hurt an Ed" (3 јули 2006)
- 60. "Tinker Ed" & "The Good, the Bad, and the Ed" (14 август 2006)
- 61. "Tight End Ed" & "Tween a Rock & an Ed Place" (28 август 2006)
- 62. "All Eds Are Off" & "Smile For the Ed" UK:(7 ноември 2006)
- 63. "A Town Called Ed" & "Run Ed, Run!" (20 април 2007)
- 64. "A Fistful of Ed" (28 април 2007)
- 65. "May I Have This Ed?" & "Look Before You Ed" (29 јуни 2008)
Специјали епизоди
[уреди | уреди извор]- "Ed, Edd n Eddy's Jingle Jingle Jangle" (3 декември 2004)
- "Ed, Edd n Eddy's Hanky Panky Hullabaloo" (11 февруари 2005)
- "Ed, Edd n Eddy's Boo Haw Haw" (28 октомври 2005)
- "The Eds Are Coming" (11 мај 2007)
ДВД Изданија
[уреди | уреди извор]Компилации на епизоди
[уреди | уреди извор]ДВД омот | ДВД име | Дата на испуштање | Бр. епизоди | Додатни информации |
---|---|---|---|---|
Податотека:Edifying Ed-ventures.jpg | Edifying Ed-Ventures | 10 мај 2005 | 6 | Епизоди: "Sir Ed-A-Lot", "Who, What, Where, Ed", "Avast Ye Eds", "Know-It-All Ed", "Mirror, Mirror, on the Ed", "Hot-Buttered Ed",
Бонус вклучува "Клуб Ед: Правилата и Регулациите", "Мојот најдобар пријател Пленк" (музички спот), "Plank's Perspective" (опис на сите ликови не вклучувајќи ја Наз), и епизодата од серијата The Grim Adventures of Billy & Mandy - "Nursery Crimes" |
Податотека:Fools' Par-Ed-Ise.jpg | Fools' Par-Ed-Ise | 21 март 2006 | 6 | Епизоди: "If It Smells Like an Ed", "Take This Ed and Shove It", "One Size Fits Ed", "A Case of Ed", "Here's Mud in Your Ed", "Fool on the Ed",
Бонус вклучува обиколка низ студиото во "The Plank Family Players", и поглед позади сцените при правењето на видеоиграта Ed, Edd n Eddy: The Mis-Edventures. |
Сезонски изданија
[уреди | уреди извор]ДВД омот | ДВД име | Дата на испуштање | Бр. епизоди | Додатни информации |
---|---|---|---|---|
Комплетната Прва Сезона | 10 октомври 2006 | 13 | Бонус вклучува интервју со творецот, како да се направи Ед, Ед и Еди цртан, како да се нацрта Еди и Картун Нетворк комерцијална реклама вклучувајќи ги Џими и Пленк. | |
Комплетната Втора Сезона | 24 април 2007 | 13 | Бонус вклучува "Позади Едовите", музички спот "The Incredible Shrinking Day" и како да се нацрта Ед. |
Видео игри
[уреди | уреди извор]Постојат три видеоигри засновани на Ед, Ед и Еди:
- Ed, Edd n Eddy: Jawbreakers! e издадена на 15 септември 2002,[5] за безжичниот уред за играње - GameBoy Advance
- The Mis-Edventures е издадена во 2005 година за X-Box, Nintendo GameCube, Playstation 2, GameBoy Advance и за на Персонален Компјутер.
- Ed, Edd n Eddy: Scam of the Century е издадена на 26 октомври 2007 за конзолата Nintendo DS,.
- Исто така имаат учествувано и во игра наречена Cartoon Network: Block Party, каде Еди и Сара се можни ликови за играње.
- Ед, Ед, Еди и Џони имаат учествувано и во видеоигра наречена Cartoon Network Speedway како можни ликови за играње.
- Претстојната игра на Картун Нетворк, наречена FusionFall ќе ги има сите три Едови како можни ликови за играње.
Други дела
[уреди | уреди извор]- Ликови слични на Едовите се имаат појавено во Eddie Monster, епизода од Foster's Home for Imaginary Friends.
- Се имаат појавено серии од 2-минутни кратки цртани наречени Ед, Ед и Едурардо во која Едуардо од Foster's се појави во Ед, Ед и Еди епизода. Овие кратки цртанчиња започнаа да се прикажуваат на 11 јули 2006 на Картун Нетворк.
- Стилизирани верзии на Ед, Ед, Еди и Сара учествуваа во "The Incredible Shrinking Day", кратко видео кое беше испуштено на Картун Нетворк во 2002 и 2003 година. Сара користи напивка за да ги смали Едовите до големина на мали кукли па ги става во нејзината куќа за барбики и си игра со нив.
- Пленк учествува во слично видео наречено "Мојот најдобар пријател Пленк" кое беше испуштено во 2002.
- Маратон наречен Best Day Edder испуштен е на 27 и 28 април 2007. Секоја епизода беше прикажана хронички, завршвајќи со дотогаш неиспуштената последна епизода од Сезона 5.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Matt, Shumway; Lamont Wayne (June 1999). „Ed, Edd n Eddy: A Unique Approach“. Animation World Magazine. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ Briggs, Terence (February 1999). „Ed, Edd n Eddy: Caught in a Circle“. Animation World Magazine. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ „Animation By Mistake: Chatting with Danny Antonucci“. Архивирано од изворникот на 2008-03-02. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ Season 1 DVD: Interview with the Creator
- ↑ „Ed, Edd n Eddy: Jawbreakers! for Game Boy Advance“. Архивирано од изворникот на 2010-02-14. Посетено на 2009-06-29.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјалнаа страница Архивирано на 14 јули 2018 г.
- Неофицијалната википедија на програмата
- Ед, Ед и Еди — Семрежна филмска база на податоци
- Ед, Ед и Еди на AllMovie
- Ед, Ед и Еди Архивирано на 21 април 2009 г. на TV.com