Протеза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дирекна контрола на движењата на протетска рака.

Во медицината, протеза (од старогрчки πρόσθεσις, prosthesis што значи „додаток“) е вештачки уред кој заменува дел од телото што недостига, кој често бил изгубен од траума, болест или конгенитални услови. Протезата е наменета за да се вратат нормалните функции кои недостасуваат на дел од телото.[1] Протетската рехабилитација за ампутираниот дел првенствено е координирана од тим на здравствени професионалци, вклучувајќи и психијатри, хирурзи, физиотерапевти и професионални терапевти. Протезите најчесто се создадени со CAD (Компјутерско-Помошен-Дизајн), софтверски интерфејс кој им помага на креаторите да го визуелизираат создавањето во 3D форма.[2] Но, исто така тие можат да бидат дизајнирани рачно.

Видови[уреди | уреди извор]

Протеза се гради и дизајнира според изгледот и потребите на корисникот. Постојат протези и за градите, кои можат да се и само за брадавици. Постојат протетски пениси за да се помогне при еректилна дисфункција

Екстремитетни протези[уреди | уреди извор]

Војник од САД со две протетски нозе го води маршот.

Протези за раце се користат на различни ампутации на: рамо, лакт, дланка, или само прсти.

Протетските раце можат да се категоризираат во три главни категории: пасивни протези, протези што работат со помош на телото и надворешно поврзани протези (миоелектронски). Пасивните протези може да се користат за козметичка намена, а некогаш како пасивни алатки, главно се користат за одредени активности. Пасивната протеза може да биде статична, што значи уредот нема подвижни делови, или може да биде променливи, односно нејзината конфигурација може да се промени. И покрај отсуството на активни движења, пасивни протези се многу корисни во бимануални задачи кои бараат фиксација или поддршка на објектот. Според познати податоци една третина од ампутирани луѓе користат пасивни протетски раце. Протези кои работат со помош на тело работат со помош на кабел на спротивното рамо од оштетената рака. Третата категорија на протетски раце се миоелектронски раце. Овие работат со сензори, кои преку електроди, пренесуваат од горниот дел на раката да се движи долниот.

Протези за нозе се користат за ампутации на: цела нога, натколено, потколено, за стапало или само за прст. Но сепак главните две категории се надколенова и подколенова протеза.

Надколеновите протези се вештачки нозе кои ја заменуваат ногата што недостасува од над коленото. Луѓето со ваква ампутација (и протеза) имаат проблеми повторно да се движат нормално, и мораат повеќе енергија да трошат за да одат. Ова создава компликации во движењето, затоа што немаат колено. Во поновите и подобрените дизајни, има многу делови кои помагаат на корисникот да има подобра контрола.

Подколеновите протези се вештачки нозе кои заменуват дел од ногата под коленото. Тие што имаат ваква ампутација (и протеза) често пати им е полесно повторно да се движат нормално, главно затоа што сè уште имаат колено, кое им овозможува полесно да се движат.

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]