Кукла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Европска кукла од 1870 година

 Кукла е модел на човечко суштество, често се користи како играчка за деца. Куклите традиционално се користат во магија и верски обреди во целиот свет, и традиционалните кукли изработени од материјали како што се глина и дрво се наоѓаат во Америка, Азија, Африка и Европа. Најраните документирани кукли се вратени на древните цивилизации на Египет, Грција и Рим. Тие се направени како сурови,рудиментирани играчки, како и елаборирање на уметноста. Модерната кукла своите корени ги има од Германија, од 15-ти век. Со индустријализацијата и нови материјали како што се порцелан и пластика, масовно се произведени кукли. Во текот на 20-от век, куклите  станаа се повеќе популарни како колекционерски предмети.

Историјата, видови и материјали[уреди | уреди извор]

Раната историја и традиционалните кукли[уреди | уреди извор]

Типична египетска кукла од 2080 -1990 п.н.е.

Најраните кукли се направени од достапните материјали, како што се глина, камен, дрво, коска, слонова коска, кожа, или восок. Археолошки докази сведочат дека  куклите  се  основни  кандидати за најстара играчка. Дрвени гребло кукли биле пронајдени во Египетските гробници кои датираат од почетокот на 21-от век пред нашата ера.[1] Кукли со подвижни екстремитети и кои можат да се пресоблечат  датираат од најмалку 200  П.Н.Е. Археолозите откриле грчки кукли направени од глина и артикулирани на колковите и рамената.[2] Партал кукли и препарирани животни веројатно биле исто така популарни, но не е познато дали вакви примери   преживеале до ден денешен. Приказни од античка Грција околу 100 АД покажуваат дека кукли биле искористени од страна на малите девојчиња како играчки. Во стариот Рим, кукли биле  направени од глина, дрво или слонова коска. Куклите  се наоѓале  во гробовите на римските деца.Како и на денешните деца, на помладите членови на римската цивилизација куклите им биле облечени по најновата мода. Во Грција и во Рим,  за момчињата било вообичаено да ги посветат нивните играчки на боговите кога ке стигнат во пубертет,а за девојчињата да ги посветат своите играчки на божиците  кога  ке се омажат.[3] Партал кукли се традиционално домашно направени од резервни парчиња на ткаенина. Римска партал кукла што била пронајдена датира од 300 п.н.е.[4]

Традиционални африкански акуаба кукли

Традиционалните кукли, понекогаш се користат како играчки за деца, но тие исто така може да имаат духовни, магични и ритуални вредности. Нема дефинирана линија помеѓу духовните  кукли и играчки. Во некои култури куклите, кои биле користени во ритуали биле потоа дадени на децата. Тие биле исто така  користени за образование на децата, и како носители на културното наследство. Во другите култури куклите се сметаат за премногу облеани со магични сили и не им се даваат на децата да си играат со нив.[5]

Африканските кукли се користат за подучување  и за забава како и за ритуални цели. Нивната форма и облека варираат според регионот и обичајите. Куклите често мајката ги предава на ќерката. Акуабасе дрвени кукли за ритуал на плодноста, од Гана и околните области. Најпознатите  акуаба кукли се  оние на народот Ашанти, чии кукли  имаат големи глави налик на диск. Другите племиња во регионот имаат свој специфичен стил на акуаба кукли.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]