Depeche Mode

Од Википедија — слободната енциклопедија
Депеш Моуд
Депеш Моуд во 2006 година
Животописни податоци
ПотеклоБазилдон, Есекс, Англија
ЖанровиАлтернатив денс
Њу Вејв
Синтпоп
Период на активност1980–сегашност
ИздавачиМјут Рекордс
ЕМИ
СоработнициЈазу, Еражер, Рекоил
Мреж. местоdepechemode.com
Членови
Дејвид Гахан
Мартин Гор
Ендру Флечер
Поранешни членови
Винс Кларк
Алан Вајлдер

Депеш Моуд (се изговара /dɛˈpɛʃ/, de-PESH) се англиска музичка група за електронска музика формирани во 1980 година во Базилдон, Есекс. Првичниот состав го сочинуваа Дејв Гахан (водечки вокал), Мартин Гор (синтисајзер,гитара,вокал,главен текстописец по 1981 година) и Винс Кларк (синтисајзер,главен текстописец во периодот 1980-81 година).Винс Кларк ја напушти групата по издавањето на нивниот деби албум во 1981 година, Спик енд Спел,и беше заменет од страна на Алан Вајлдер (синтисајзер,тапани) а Гор го презеде пишувањето текстови.Вајлдер ја напушти групата во 1995 година и оттогаш Гахан,Гор и Флечер продолжија како трио. Депеш Моуд имаа 48 песни на британската топ список на синглови и број 1 албуми во Британија,САД и низ Европа.Според ЕМИ,Депеш Моуд продале над 100 милиони албуми и синглови низ светот,правејќи ги најуспешната електронска група во музичката историја.Магазинот Кју ги нарече Депеш Моуд „Најпопуларната електронска музичка група која некогаш постоела во светот“

Историја[уреди | уреди извор]

Формирање и деби албум (1977–1981)[уреди | уреди извор]

Потеклото на Депеш Моуд датира од 1977 година,кога соучениците Винс Кларк и Ендру Флечер формираа група под влијание на Д Кјур, наречен Ноу Роменс ин Чајна, со Кларк како вокалист и гитарист,а Флечер басист. Во 1979 година,Кларк настапуваше во лажен Ултравокс бенд,План,со пријателите Роберт Марлоу и Пол Ленгвит.Во 1978-79 година,Мартин Гор свиреше гитара во акустичен дует Норман енд д Вормс со школскиот другар Филип Бардет на вокали.Во 1979 година,Марлоу,Гор и пријателот Пол Редмонд формираа група наречена Френч Лук со Марлоу на клавијатури и вокали,Гор на гитара и Редмонд на клавијатури.Во март 1980 година,Кларк,Гор и Флечер основаа бенд наречен Композишн оф Саунд,со Кларк на гитара и вокали,Гор на клавијатури и Флечер на бас гитара. Набргу по формирањето на Композишн оф Саунд,Кларк и Флечер се префрлија на синтисајзери,работејќи чудни работи вклучувајќи столарство за да можат да ги купат или да ги позајмат од пријателите.Дејв Гахан се приклучи на групата во 1980 година откако Кларк го слушна како пее во една локална извидничка колиба,изведувајќи ја песната „Хироус“ од Дејвид Боуви,и така се роди Депеш Моуд.Кога го објаснуваше изборот за ново име на групата (преземено од истоимено француско модно списание) Мартин Гор рече:„Значењето е забрзана мода.Ми се допаѓа како звучи.Гор се сеќава дека првиот пат да настапуваат како Депеш Моуд било на училишна свирка во мај 1980 година.Групата го имаше своето студиско деби во 1980 година на Сам Бизар Албум со песната „Фотографик“, која подоцна беше преснимена за нивниот деби албум Спик енд Спел. Додека настапуваа на свирка во Бриџ Хаус во Кенинг Таун, Даниел Милер се приближи на групата (електронски музичар и основач на Мјут Рекордс),кој беше заинтересиран за нив да снимаат песна за неговата музичка куќа во развој.Резултатот од овој вербален договор беше нивниот прв сингл „Дриминг оф Ми“,снимен во декември 1980 година а издаден во февруари 1981 година,достигнувајќи го 57-мото место на Британските топ листи.Охрабрени од ова,групата го сними својот втор сингл „Њу Лајф“, кој се искачи на број 11 на Британските топ листи. Следнјиот сингл беше „Џаст кент гет инаф“, ова неуморно весело парче на синтпоп стана првиот топ десет хит во Британија и останува една од нивните најпознати песни.Исто така беше првата песна на Депеш Моуд за која се сними спот и е единствениот видео запис со Винс Кларк. Деби албумот на Депеш Моуд,Спик енд Спел,беше издаден во ноември 1981 година и влезе во топ десет списокот на албуми во Британија.Измешани беа критичките оцени – Мелоди Мејкер го опиша како „одличен албум... токму таков како што бил потребен за да се придобие нова публика и да ги задоволат обожавателите не кои едноставно не им е доволно“,додека Ролинг Стоун беше покритичен,нарекувајќи го албумот „пердув со родителски надзор“.

Кларк си заминува,Вајлдер се приклучува (1981–1982)[уреди | уреди извор]

За време на турнеите и промовирањето на Спик енд Спел,Кларк почна скришно да го нагласува своето неспокојство за насоката во која се двиши групата.Подоцна го изрази своето незадоволство,велејќи: „никогаш немаше време да се направи нешто“.Во ноември 1981 година,Кларк јавно изјави дека ги напушта Депеш Моуд.Набргу потоа,се приклучи на блуз пејачката Алисон Мојет и го формираа Јазу (Јаз во САД) а подоцна,дуетот Еражер со Енди Бел.Првичните разговори за Кларк да пишува песни за Депеш Моуд,не доведоа до ништо (Кларк им ја понуди на останаите членови песната „Онли Ју“, но тие одбија. Подоцна истата стана топ 3 хит за Јазу во Британија). Гор,кој ја напиша „Тора! Тора! Тора!“ и инструменталната „Биг Маф“ за Спик енд Спел,беше принуден да стане новиот текстописец за групата. Кон крајот на 1981 година,групата објави анонимен оглас во Мелоди Мејкер барајќи нов музичар.Алан Вајлдер,22 годишен клавијатурист од Западен Лондон,одговори на огласот и по две аудиции беше ангажиран во почетокот на 1982 година најпрво на пробна основа како член за турнеи.Во јануари 1982 година,групата ја издаде песната „Си Ју“, нивниот прв сингл без Кларк,кој успеа да ги надмине песните напишани од Кларк на Британските топ листи,достигнувајќи ја 6-тата позиција.На турнејата која следеше по издавањето на синглот,групата ги имаше своите први настапи во Северна Америка.Уште два сингла „Мининг оф Лав„ и „Лив ин Сајленс“ беа издадени пред вториот студиски албум на групата.Депеш Моуд започнаа да работат на својот втор албум во јули 1982 година.Даниел Милер го информира Вајлдер дека не е потребен за снимањето на албумот,бидејќи групата сакаше да докаже дека можат да успеат без Винс Кларк.А Броукен Фрејм беше издадена тој септември а наредниот месец групата тргна на својата втора турнеја во 1982 година.Сингл кој не се наоѓаше на албум,наречен „Гет д Баланс Рајт“, излезе во јануари 1983 година,и беше првата песна на Депеш Моуд снимена со Вајлдер.

Констракшн Тајм Агејн (1983)[уреди | уреди извор]

За својот трет албум Констракшн Тајм Агејн,Депеш Моуд работеа со продуцентот Герет Џонс,во Гарден Студиос на Џон Фокс и во Ханза Студиос во Западен Берлин (каде што се продуцираше голем дел од триологијата на антологиските електронски албуми на Дејвид Боуви заедно со Брајан Ено). На албумот се гледаше драматична промена во звукот на групата,должејќи се на воведувањето на Синклавир и Е-му Емулатор семплери од страна на Вајлдер.Ставајќи ги звуците од секојдневните предмети,бендот создаде електричен звук под индустриско влијание,со сличности на групите како Арт оф Нојс и Ајнштурценде Нојбаутен,втората подоцна соработуваше со музичката куќа Мјут. Заедно со музиката,пишувањето песни на Гор исто така брзо еволуираше,фокусирајќи се повеќе на политичките и општествените прашања.Добар пример за новиот звук беше првиот сингл од албумот,наречен „Евритинг Каунтс“, коментар за видливата алчност на мултинационалните корпорации. Песната стигна до број 6 во Британија,исто така достигна топ 30 во Ирска,Јужна Африка,Швајцарија,Шведска и Западна Германија.Вајлдер исто така придонесе со две песни за албумот,„Лендскејп ис чејнџинг“ и „Ту Минит Ворнинг“. Во септември 1983 година,со цел да се промовира албумот Констракшн Тајм Агејн,групата тргна на турнеја низ Европа наречена Турнеја Констракшн Тајм Агејн.

Сам Грејт Риворд (1984)[уреди | уреди извор]

Во своите рани години Депеш Моуд стекнаа успех само во Европа и Австралија,сепак ова се смени во март 1984 година кога го издадоа синглот „Пипол ар Пипол“.Песната достигна број 2 во Ирска,број 4 во Британија и Швајцарија и број 1 во Западна Германија,каде што беше искористена за телевизискиот пренос на Западна Германија на Олимписките игри во 1984 година.Доцна го достигна местото број 13 на Американските топ листи кон средината на 1985 година.Оттогаш песната стана химна за Геј заедницата и редовно се свири на геј парадите и фестивалите за геј гордоста.Сајар,издавачката куќа за групата од Северна Америка,издаде компилација по истото име вклучувајќи песни од А Броукен Фрејм и Констракшн Тајм Агејн како и неколку б-страни. Во септември 1984 година излезе албумот Сам Грејт Риворд.Мелоди Мејкер тврдеше дека албумот направил еден вид на: „седи овде и гледај што се случува овде,токму пред твојот нос“.Наспроти политичките субјекти и оние за животна средина кои беа цел на претходниот албум,песните на Сам Грејт Риворд беа поврзани со полични теми како на пример полова политика („Мастер енд Сервант“), возрасни врски („Лај ту Ми“), и самостојна божествена правда („Бласфимиос Руморс“).Исто така беше вклучена баладата на Мартин Гор („Самбади“) – такви песни се наоѓаа и на наредните албуми.„Самбади“ беше издадена како двојна а-страна со „Бласфимиос Руморс“ и беше прва песна со Гор како водечки вокал.Сам Грејт Риворд беше првиот албум на Депеш Моуд кој успеал да влезе на Американскиот список на албуми,а достигна топ 10 во неколку земји во Европа. Светот во кој живееме и Во живо од Хамбург беше првото видео издание за групата.Скоро е целосен филм од концерт од нивната Турнеја Сам Грејт Риворд,во хамбург,Германија Во јули 1985 година,групата ги имаше своите први концерти зад Железната Завеса, во Будимпешта и Варшава. Во октомври 1985 година,Мјут Рекордс издаде компилација,Синглс 81-85,која ги вклучуваше двата сингла кои не се наоѓаа на албуми:„Шејк д Дисиз“ и „Итс Колд а Харт“. За време на овој период во некои кругови,групата ја пврзуваа со готската подкултура,која започна во Британија во доцните 70-ти години,а сега полека стекнуваше популарност во САД. Таму,музиката на групата најпрво доби на значење на колеџ радиото и станиците за модерен рок како КРОК во Лос Анџелес,(„Квејк“) во Сан Франциско и ВЛИР на Лонг Ајленд,Њујорк,и оттука тие најпрво добија алтернативна публика која беше лишена од правото на глас со доминацијата на „софт-рок и диско пекол“ на радио. Овој поглед на бендот беше сосема спротивен од оној во Европа,и покрај зголемената присутност на мрачен и сериозен тон во нивните песни.Во Германија и во други земји во Европа,Депеш Моуд ги сметаа како идоли за тинејџери и редовно се наоѓаа во списанијата за тинејџери.

Блек Селебрејшн (1986)[уреди | уреди извор]

Музичкиот стил на Депеш Моуд повторно се смени во 1986 година со нивниот петнаесетти сингл „Стрипд“, и албумот „Блек Селебрејшн“. Задржувајќи ги своите често имагинативни семплови и отфрлајќи го звукот на „индустријал-поп“ кој ги карактеризираше нивните два претходни албуми,бендот воведе злокобен,високо мистичен и испреплетен звук.Стиховите на Гор исто така добија помрачен тон и станаа уште попесимистички,иако песната „Њу Дрес“ ќе го одбележи последниот пат кога се обидел со вид на јавно општествено коментирање кое беше карактеристично за претходните два албума на групата. Музичкиот спот за песната „А Куешчн оф Тајм“ беше прв режиран од Антон Корбијн,започнувајќи соработка која трае до денешен ден.Корбијн режираше уште 19 спотови на групата (последниот беше за „Сафар Вел“ во 2006 година).Тој исто така снимаше некои нивни изведби во живо и ја дизајнираше сцената и кориците за албуми и синглови.

Мјузик фор д Масес и 101 (1987–1988)[уреди | уреди извор]

На Мјузик фор д Масес од 1987 година,се појавија уште измени во звукот и методите на работа на бендот. За првпат продуцент кој не е поврзан со Мјут,Дејвид Бескомб,беше повикан да помогне при сесиите за снимање (иако,епоред Алан Вајлдер,неговата улога се покажала на крај како проектант). Во правењето на албумот бендот крајно одбегнуваше семплови со цел да се експериментира повеќе со синтисајзери.Додека достигнувањето на топ листите со сингловите „Стрејнџлав“, „Невер Лет Ми Даун Агејн“ и „Бихајнд д Вил“ се покажа како разочарувачко во Британија,тие се покажаа добро во земји како Канада,Бразил,Западна Германија,Јужна Африка,Шведска и Швајцарија,често достигнувајќи топ 10.Рекорд Мирор го опиша Мјузик фор д Масес како „најсовршен и секси албум на Депеш Моуд досега“ и се проби на Американскиот пазар,нешто што групата не успеа да го постигне со своите претходни албуми. Турнејата Мјузик фор д Масес следеше по издавањето на албумот.На 7 март 1988 тие настапија на неофицијална свирка (бидејќи не беше објавено официјално дека Депеш Моуд е бендот што настапува таа вечер) во Вернер Зееленбиндер-Хале,Источен Берлин. Во тоа време комунистичкиот режим беше сè уште на власт а Депеш Моуд беа меѓу ретките западни бендови кои некогаш настапувале во поранешна Источна Германија.Околу тој период,тие исто така одржаа концерти во Будимпешта и Прага (1988 година), во тогаш сè уште комунистичките Унгарија и Чешката Република,соодветно. Светската турнеја заврши на 18 јуни 1988 година со концерт во Пасадена Роуз Баул со посетеност од 60.453 луѓе (највисоко во осум години на собиралиштето).Турнејата беше пробив за бендот и огромен успех во САД.Беше документиран во 101 – концертен филм од Д. А. Пенбејкер и придружниот саундтрак албум. Филмот е значаен за приказот на интеракцијата со обожавателите.Алан Вајлдер има заслуга за името;изведбата беше 101-ва по ред и последен настап на турнејата.

Вајолејтор (1989–1992)[уреди | уреди извор]

Кон средината на 1989 година,групата започна со снимање во Милано со продуцентот Флад и проектантот Франсоа Кеворкиан.Првичниот резултат од оваа сесија беше синглот „Персонал Џизас“.Пред неговото издавање,маркетиншка кампања започна со реклами поставени во личните колумни во Британските регионални весници со зборовите „Лично твој Исус“.Подоцна,рекламите вклучуваа телефонски број на кој луѓето можеа да се јават за да ја слушнат песната.Возбудата која резултираше помогна синглот да се истурка до 13-тата позиција на Британските топ листи,станувајќи еден од нивните најпродавани синглови досега;во САД,беше нивниот прв златен сингл и нивен прв Топ 40 хит уште од времето на „Пипол ар Пипол“,на крај станувајќи најпродаваниот 12 инчен сингл на Ворнер Брос. Рекордс во историјата до тој момент. Издадена во јануари 1990 година, „Инџој д Сајленс“ стана еден од најуспешните синглови на Депеш Моуд досега,достигнувајќи ја шестата позиција во Британија.Неколку месеци подоцна стана најголем хит на Депеш Моуд во САД,достигнувајќи ја осмата позиција и добивајќи со оваа песна втор златен сингл.Ја доби наградата за „Најдобар Британски сингл“ на Брит Авордс во 1991 година. За да го промовираат својот нов албум Вајолејтор,бендот даваше автограми во Верхаус Ентертејнмент во Лос Анџелес.Настанот привлече приближно 20.000 обожаватели и се претвори речиси во метеж. Неколкумина од присутните беа повредени од притискањето кон излогот на продавницата од страна на гужвата.Како извинување за обожавателите кои беа повредени,групата издаде касета во ограничено издание за обожавателите кои живеат во Лос Анџелес,која беше дитрибуирана преку радио станицата КРОК (спонзор на настанот во Верхаус).Вајолејтор достигна Топ 10 во Британија и САД.Вајолејтор беше првиот албум на групата кој влегол во Топ 10 на Билборд 200 листата-достигнувајќи го местото број 7 и задржувајќи се 74 недели на листата.Исто така беше сертификуван како тројно-платинест албум во Америка,продавајќи се во над 4,5 милиони копии таму.Останува да биде најпродаван албум на групата во светот. Беа издадени уште два сингла од албумот : „Полиси оф Трут“ и „Ворлд ин Мај Ајс“ исто така пласирајќи се на листите во САД. Светската Турнеја Валолејшн обележи уште една важен момент во популарноста на Депеш Моуд и на неа групата настапи на неколку концерти на стадиони.За 4 часа се продадоа 42.000 влезници за настап на стадионот на „Џиновите“ а 48.000 за половина час од нивното пуштање во пробажба на стадионот на „Доџерс“. Во 1991 година,прилогот на Депеш Моуд, „Врата на смртта“ беше издаден на придружниот албум од Ворнер Брос., До крајот на светот:оригинален саундтрак за филмот До крајот на светот.

Сонгс оф Фејт енд Дивоушн и заминувањето на Вајлдер (1993–1995)[уреди | уреди извор]

Членовите на Депеш Моуд се рекласифицираа во Мадрид во 1992 година,Дејв Гахан се заинтересира за новата гранџ сцена која се шири во САД и беше под влијание на Џејнс Адикшн и Нирвана.Во 1993 година,заедно со продуцентот Флад,тие експериментираа на албумот Сонгс оф Фејт енд Дивоушн со поструктуирани аранжмани,засновани како на електрични гитари со тешка дисторзија и акустични тапани (на кои Алан Вајлдер свиреше,кој го имаше своето деби како студиски тапанар на песната „Клин“ од Вајолејтор) така и на синтисајзери. Гудачки инструменти,гајди и женски госпел вокали беа останатите нови додатоци во звукот на бендот.Албумот дебитираше на местото број еден и во Британија и во САД,само шестите Британски артисти кои постигнале вакво нешто досега.Првиот сингл од албумот беше „Ај Фил Ју“ со гранџ влијанија.Госпел влијанијата се најзабележителни на третиот сингл од албумот, „Кондемнејшн“. Следеше светската турнеја Дивоушнал беше докоментирана преку концертен филм со истото име.Филмот беше режиран од Антон Корбијн а во 1995 година групата ја доби својата прва номинација за наградата Греми.Вториот албум во живо на групата, Сонгс оф Фејт енд Дивоушн, излезе во декември 1993 година. Турнејата продолжи во 1994 година со Турнејата Егзотик,која започна во февруари 1994 година во Јужна Африка а заврши во април во Мексико.Последната фаза од турнејата,состоејќи се од повеќе настапи во Северна Америка,следеше кратко потоа и траеше до јули.Како целина,Турнејата Дивоушнал до денес е најдолгата и географски разновидна турнеја на Депеш Моуд,опфаќајќи 14 месеци и 159 посебни настапи.Магазинот Кју ја постави Турнејата Дивоушнал од 1993 година како „Најразвратната Рокенрол Турнеја На Сите Времиња“. Зависноста од хероин на Дејв Гахан почна да влијае на неговото однесување,правејќи го настран и повлечен.Мартин Гор добиваше напади а Енди Флечер одби да учествува во втората половина од Турнејата Егзотик поради „ментална нестабилност“.За време на тој период,тој беше заменет на сцената од Дерил Бамонте,кој работеше со групата како личен асистент многу години. Во јуни 1995 година,Алан Вајлдер најави дека ги напушта Депеш Моуд,објаснувајќи, “ Откако се приклучив на групата во 1982 година,постојано се стремев да дадам целосна енергија,ентузијазам и посветеност за зголемување на успехот на групата и без оглед на постојаната нестабилност во поделбата на работата,го нудев тоа со волја.За несреќа,во групата,ова ниво на придонес никогаш не ги доби почитта и признанието кое го оправдува. ” Тој продолжи да работи на својот личен проект Рекоил,издавајќи четврти албум (Ансаунд Методс) во 1997 година.По заминувањето на Вајлдер,многумина не веруваа дека Депеш Моуд повторно ќе снимаат некогаш.Менталната состојба на Гахан и навиката за дрога станаа главен извор на грижа,со речиси фатално предозирање во хотел во Лос Анџелес.

Ултра (1997–2000)[уреди | уреди извор]

И покрај зголемените сериозни проблеми на гахан,Гор постојано се обидуваше во периодот од 1995 и 1996 година да го собере бендот за снимање.Сепак,Гахан ретко се појавуваше на закажаните сесии,и кога ќе се појавеше,беа потребни недели за да се снимаат неколку вокали.Една шестнеделна сесија во Електрик Лејди во Њујорк даде само еден искористлив вокал (за „Систер оф Најт“), а дури и тоа беше составено од повеќе одделни обиди.Гор беше принуден да размислува за распаѓање на групата,и да ги издаде напишаните песни како соло албум.Кон средината на 1996 година,Гахан под наредба на судот започна со програма за рехабилитација од дрога во борба против неговата зависност од хероин по речиси фаталното предозирање.Без Гахан,кој беше на рехабилитација во 1996 година,Депеш Моуд имаа сесии за снимање со продуцентот Тим Сименон.Албумот Ултра беше издаден во април 1997 година,пред неговото издавање излегоа два сингла, „Барел оф а Ган“ и „Итс Ноу Гуд“. Албумот дебитираше на првата позиција во Британија и на меттата позиција во САД.Групата не направи турнеја за овој албум но како дел од промоцијата за неговото издавање,тие одржаа два кратки концерта во Лондон и Лос Анџелес наречени Ултра Забави.Ултра создаде уште два сингла, „Хоум“ и „Јузлес“. Втора компилација на песни Д Синглс 86-98 излезе во 1998 година,на која и претходеше синглот „Онли Вен Ај Луз Мајселф“,кој беше снимен за време на сесиите за Ултра.Во април 1998 година Депеш Моуд одржаа прес-конференција во Хијат Хотелот во Келн за да ја најават турнејата Д Синглс.Ова беше прва турнеја на која настапуваа двајца музичари за поддршка на местото на Алан Вајлдер-австрискиот тапанар Кристијан Ајгнер и британскиот клавијатурист Питер Гордено.

Ексајтер (2001–2004)[уреди | уреди извор]

Турнејата Ексајтер концерт во Оберхаузен, октомври 2001 година

Турнејата Ексајтер концерт во Оберхаузен,октомври 2001 година Во 2001 година,Депеш Моуд го издадоа Ексајтер,кој беше продуциран од Марк Бел (од пионерската техно група ЛФО).Бел воведе минималистички,дигитален звук на поголемиот дел на албумот под влијание на ИДМ и дефектот. Во 2001 и 2002 година беа издадени сингловите: „Дрим Он“ , „Ај Фил Лавд“ , „Фрилав“ и „Гуднајт Лаверс“. Критичките оцени за албумот беа измешани.Иако доби позотовни критики од некои списанија (НМЕ,Ролинг Стоун и ЛА Викли), други (вклучувајќи ги Кју магазинот,ПопМатерс, и Пичфорк Медиа) го исмејуваа дека е недоволно продуциран,глупав и неинтересен. Во март 2001 година Депеш Моуд одржаа прес-конференција во Хотелот Валентино во Хамбург за да ја најават турнејата Ексајтер.Вкупно на турнејата имаше 84 настапи за над 1,5 милиони обожаватели во 24 држави. Концертите одржани во Париз во Пале Омниспорт де Пари-Берси беа снимени и подоцна издадени во мај 2002 година како ДВД во живо насловено Една Ноќ во Париз. Во октомври 2002 година групата ја доби својата прва награда од Кју Магазинот,„Иновејшн Аворд“. Во 2003 година Дејв Гахан го издаде својот прв соло албум,Пејпер Монстерс,и тргна на турнеја за промоција на албумот.Исто така во 2003 година излезе и вториот соло албум на Мартин Гор,Каунтерфајт.Ендру Флечер исто така основаше своја издавачка куќа,Тост Хаваи, специјализирана за промовирање на електронска музика. Нов албум компилација на ремикси Ремиксес 81-04 беше издаден во 2004 година,вклучувајќи нови и необјавени миксови од песните на групата од 1981 до 2004 година. Нова верзија на „Инџој д Сајленс“, преработена од Мајк Шинода, насловена „Инџој д Сајленс 04“ беше издадена како сингл и го достигна местото број 7 на топ листите во Британија.

Плеинг ди Ејнџел (2005–2008)[уреди | уреди извор]

Турнеја на Ангелот концерт во Бремен, јуни 2006 година

Турнеја на Ангелот концерт во Бремен,јуни 2006 година Во октомври 2005 година,групата го издаде својот 11-ти студиски албум Плеинг ди Ејнџел.Продуцуран од Бен Хилиер,албумот достигна број 1 во 18 држави и го вклучуваше хит синглот „Прешас“.Ова е првиот албум на кој има стихови напишани од Гахан,и доследно,првиот албум уште од Сам Грејт Риворд од 1984 година,на кој има песни кои не се напишани од Гор. „Сафар Вел“ беше првиот сингл од заминувањето на Кларк кој не е напишан од Гор (стиховите се на Гахан,музиката на Филпот/Ајгнер).Последниот сингл од албумот беше „Џон д Ревелејтор“, брза електронска песна со религиозна тема,придружена од „Лилиан“, сочна песна која беше хит во многу клубови низ светот. За да го промовираат Плеинг ди Ејнџел бендот ја започна Турнејата на Ангелот,концертна турнеја во Европа и Северна Америка кој започна во ноември 2005 година и траеше девет месеци. За време на последните две фази од турнејата,Депеш Моуд предводеа многу фестивали вклучувајќи ги: Фестивалот на Музика и Уметност во долината Коачела и O2 Безжичниот Фестивал. Вкупно,групата свиреше пред 2,8 милиони луѓе во 31 држава а турнејата беше една од оние со најголема заработка и најдобри оцени од 2005/06 година. Говорејќи за турнејата,Гахан ја пофали како „веројатно најинтересните,наградени настапи во живо кои некогаш сме ги направиле.Новиот материјал едноставно чекаше да биде изведен во живо.Си доби свој живот.Со енергијата од толпата,едноставно оживеа“. Два настапи во Фила Форум во Милано беа снимени и уредени во концертен филм кој излезе на ДВД како Турнеја на Ангелот:во живо во Милано. Во ноември 2006 година излезе компилација „најдоброто од“,насловена Најдоброто Од,Прв Дел вклучувајќи нова песна „Мартајр“, дел од сесиите за Плеинг ди Ејнџел.Подоцна во тој месец Депеш Моуд ја добија наградата за најдобра група на Ем-Ти-Ви Европските Музички Награди. Во декември 2006 година,ајТјунс го издаде Депеш Моуд во Целост како нивен четврт бокс-сет (следејќи ги Ју Ту во Целост во 2004 година, Стиви Вондер во Целост во 2005 година, и Боб Дилан:Колекција во раната 2006 година).

Саундс оф ди Јуниверс (2009–2010)[уреди | уреди извор]

Во август 2007 година,за време на промовирањето на вториот соло албум на Дејв Гахан, Аурглас, беше најавено дека Депеш Моуд се враќаат во студио на почетокот на 2008 година да работат на нов албум.

Во мај 2008 година,групата се врати во студио со продуцентот Бен Хилиер да работи на неколку песни кои Мартин Гор ги снимил во демо верзија во своето домашно студио во Санта Барбара,Калифорнија.Подоцна таа година беше најавено дека Депеш Моуд ја прекинуваат својата долгогодишна соработка со музичката куќа од САД,Ворнер Мјузик,и дека ќе потпишат со ЕМИ Мјузик.

Турнеја на универзумот концерт во лондонската О2 арена,декември 2009 година На 15 јануари 2009 година,официјалното мрежно место на групата објави дека 12-тиот студиски албум на групата ќе биде наречен Саундс оф ди Јуниверс.Албумот излезе во април 2009 година,исто така беше достапен преку ајТјунс Пас,каде што купувачот ги добиваше посебните траки во неделите коишто водеа до официјалното излегување на албумот.Енди Флечер вели дека идејата за нивниот ајТјунс Пас е комбинација од бендот и од ајТјунс: „Мислам дека дигиталните и музичките компании почнуваат да работат заедно.Тие беа многу мрзливи во првите 10 години кога се појави симнувањето.Сега тие соработуваат повеќе и излегуваат со интересни идеи заобожавателите да купуваат производи“. Албумот беше број 1 во 21 држава.Критичките оцени беа главно позитивни и беше номиниран за Греми награда во категоријата „Најдобар Алтернативен Албум“.

Ронг“ беше првиот сингл од албумот,издаден во дигитална верзија во февруари 2009 година.Следни синглови беа „Пис“ и „Фреџајл Тенжн / Хоул ту Фид“. Понатаму, „Перфект“ излезе само како промотивна (некомерцијална) песна во САД. Депеш Моуд настапија на „Џими Кимел Лајв!“ на Булеварот Холивуд во Лос Анџелес,Калифорнија на 23 април 2009 година,привлекувајќи повеќе од 12.000 обожаватели,која што беше најбројна публика во шоуто од премиерата во 2003 година.

Во мај 2009 година групата започна концертна турнеја за промоција на албумот – наречена Турнеја на Универзумот,која што беше најавена на прес-конференција во октомври 2008 година на Олимпискот Стадион во Берлин. Имаше настап за загревање во Луксембург а официјално започна на 10 мај во Тел Авив.Првата фаза од турнејата беше прекината кога Дејв Гахан доби гастроентерит.За време на лекувањето лекарите пронајдоаи отстранија низок степен на тумор од бешиката на пејачот.Болеста на Гахан предизвика откажување на 16 концерти,но неколку од настапите беа презакажани за 2010 година. Бендот го предводеше фестивалот Лолапалуца за време на настапите во Северна Америка. Турнејата исто така ја однесе групата во Јужна Америка за првпат по Турнејата Егзотик. За време на последната фаза на турнејата во Европа,групата настапи во Ројал Алберт Хол во Лондон во поддршка на Фондацијата за Помош на Детски Рак,каде поранешниот член Алан Вајлдер му се придружи на Мартин Гор на сцената за изведба на „Самбади“. Вкупно групата настапи пред повеќе од 2,7 милиони луѓе во 40 држави а турнејата беше една од најпрофитабилните во 2009 година. Во март 2010 година,Депеш Моуд ја доби наградата за „Најдобра Меѓународна Група – Рок / Поп“ на ЕЦХО Авордс во Германија.