Бабушки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Разделени бабушки
Руски политичари во форма на бабушки

Бабушки (бабушка на руски значи баба) (руски: Матрёшка) - Матрјошка, хип. од името Матрёна - Матрјона, на руски матријархат) е руска дрвена играчка која се состои од кукли кои се разделуваат, и внатре се наоѓаат сè помали кукли. Матрјошка е со поправилен израз, бидејќи фигуричката претставува мајка, а не баба. Обично се вклопени барем 6 кукли. Секогаш се изработуваат во цилиндрична форма. Куклите немаат раце, туку тие се само насликани. Традиционално на куклите се сликаат прикази на жени во разнобојна народна носија, но можат да се прикажуваат и мажи. Теми се разновидни; тоа можат да бидат и ликови од народните сказни, се до прикажување на современи политичари. Матрјошките се еден од најпопуларните сувенири во Русија.

Постојат теории дека се систем од кукли-матрјошки Русите го превзеле од Јапонија по Руско-јапонската војна.

Први примероци на руски матрјошки се појавиле во 1890. Се припишуваат на дрводелецот В. П. Звјоздочкин и професионалниот уметникт Сергеј Васиљевич Маљутин. Матрјошки се прикажани 1900 на Светската изложба во Париз, каде сеу наградени со бронзен медал. Набрзо , овие кукли почнале да се изработуваат низ цела Русија. Матрјошки се изработени прилично квалитетно, со рачна работа, со боење и лакирање на дрво. Постојат и матрјошки кои не се лакирани и обоени - дрворезбарени.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]