Долни Подлог
Долни Подлог | |
Координати 41°53′10″N 22°22′01″E / 41.88611° СГШ; 22.36694° ИГД | |
Општина | Кочани |
Население | 476 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Шифра на КО | 13013 |
Надм. вис. | 309 м м |
Долни Подлог на општинската карта Атарот на Долни Подлог во рамките на општината | |
Долни Подлог на Ризницата |
Долни Подлог — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, недалеку од текот на Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 312 метри. Од градот Кочани, населбата е оддалечена 4,5 километри, а од патот Кочани - Штип, 2,5 километри.
Историја
Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долни Подлог живееле 182 жители, од кои 100 Турци, 70 Македонци и 12 Роми.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долни Подлог имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Во 2002 година во селото имало 151 домаќинство и 476 жители, од кои 475 Македонци и 1 останат.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 182[2] | 80[3] | 310 | 394 | 514 | 513 | 494 | 480 | 477 | 476 |
Родови
Долни Подлог е македонско село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
- Јаќимови (3 к.), Костови (2 к.) и Мишкови (1 к.) ова се единствените три рода кои живеат во селото од турско време. Првите се доселени од Облешево, а подалечно потекло од Кратовско. Вторите се од селото Уларци. А третите од селото Нивичани.
- Дедо-Савеви (5 к.), Дедо Данилови (3 к.), Данилови (3 к.) и Јаневи (2 к.) доселени се од селото Пантелеј, и таму се доселени однекаде.
- Митеви или Велкови (1 к.) и Доневи (1 к.) доселени се од селото Нивичани
- Гуцови (2 к.), Ѓоргијови (2 к.) и Златкови (1 к.) доселени се од селото Бели
- Димишковци (3 к.) доселени се од селото Облешево.
- Депови (3 к.) доселени се од селото Тркање.
- Баба-Марини (1 к.) доселени се од селото Лешки.
- Шталкови (3 к.) и Јорданови (1 к.) доселени се од селото Шталковица кај Пробиштип.
- Арсови (4 к.), Димитриови (3 к.), Велкови (3 к.), Веселинови (2 к.), Цветкови (2 к.), Карафилоски (8 к.), Баба-Марини (3 к.) и Соколови (3 к.) доселени се од селото Небојани.
- Карови (2 к.) и Митреви (2 к.) доселени се од селото Полаки.
- Спасенини (1 к.) и Стојилкови (1 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
- Серафимови (2 к.) доселени се од селото Чурилак на Осогово.
- Паланчани (2 к.) доселени се од селото Псача кај Крива Паланка.
- Азурови (2 к.) доселени се во 1948 година од селото Зрново кај Драма во Егејска Македонија.
- Молеровиќи (3 к.) они се Срби по потекло. Доселени се како колонисти од околината на Г. Милановац. Во 1941 година биле иселени во Србија, но се вратиле назад во 1946 година.
- Стојанкини (1 к.) и Саздови (1 к.) они се Роми по потекло. Доселени се од селото Врбица во 1946 година. Брачни врски одржуваат со православните Роми од селото Мојанци.[6]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 865 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 355 гласачи.[8]
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
|