Јајце со подвижни минијатури (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јајце со подвижни минијатури
Година на изработка1896
НарачателНикола II
ПримателАлександра Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Музеј на современа уметност во Вирџинија
Година на стекнување1947
Дизајн и материјали
МастерМихаил Перхин
Употребен материјалзлато, кварц, смарагди, дијаманти, емајл
Висина248 мм
Ширина98 мм
ИзненадувањеСо притискање на смарагдот на врвот се отвораат минијатурни слики внатре во јајцето

Јајце со подвижни минијатури — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направено под водство на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство во 1896 година. Било создадено за царицата Александра Фјодоровна. Моментално јајцето се наоѓа во Музејот на современа уметност во Вирџинија.[1]

Дизајн[уреди | уреди извор]

Јајцето било создадено од Михаил Перхин, вработен во работилницата Фаберже, додека минијатурите биле дело на Јоханес Ценграф.[1] Високо е околу 248 мм на својот постамент со пречник од 98 мм.[2] Надворешната покривка е од кварц опкружена со зелено емајлирано злато надополнето со дијаманти. На врвот на јајцето е 27 каратен сибирски смарагд надополнет од зелено емајлирано злато. Овој смарагд во кабошон стил е еден од најголемите скапоцени камења кои Фаберже ги користел во било кое од царските јајца.[3] Основата на јајцето е на подножје од кварц. Основата се состои од обоено емајлирано злато обиколено двапати со избрусени дијаманти како рози. Има монограми на царицата.

Изненадување[уреди | уреди извор]

Во ова јајце постојат дванаесет минијатурни слики. Сликите се различни дворци значајни за царицата. Секое место има специјална место за Никола и Александра во нивните први денови.

Кога ќе се притисне големиот смарагд на врвот се вклучува механизам кој ги ротира минијатурните слики во јајцето. Кука оди надолу и ги повлекува врамените слики како страници од книга, па така само две слики може целосно да се видат во исто време.[1] Секоја минијатура е врамена во злато со смарагд на врвот.

Местата на сликите се:

  • Нов дворец Дармштат: Дворецот каде што е родена принцезата.
  • Кранихштајн, Хесен: Омилената летна резиденцијата во младоста на принцецата.
  • Замок Балморал, Шкотска: Одредиште за одмор во детството на бабата на Александра, кралицата Викторија.
  • Тврдина Кобург: Дворецот каде Никола и Александра се вериле при свадбата на братот на Александра, Ернст Лудвиг со Викторија Мелита во 1894 година.
  • Замок Волфсгартен, Хесен: Замок за ловење на семејството на Александра.
  • Замок Виндзор, близу Лондон: Резиденцијата на кралицата Викторија каде Александра одела како дете.
  • Дворец Каткарт, Харогејт: Интернат каде Александра ги посетувала бањите во Харогејт.
  • Замок Розенау, Кобург: Место кое Никола и Александра го посетиле еден ден по нивната веридба.
  • Куќа Озборн: Место каде Никола ја посетил Александра додека биле верени.
  • Зимскиот дворе, Санкт Петербург: Местото на свадбата на Никола и Александра.
  • Дворец Аничков, Санкт Петербург: Резиденција на Марија Фјодоровна, каде Александра ја поминала првата година во Русија.
  • Дворец Александар, Царско Село, близу Санкт Петербург: омилената зимска резиденција на семејството.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Јајцето било подарено од Никола II на Александра Фјодоровна на 24 март 1896 година.[1]

Во 1909 година, јајцето било сместено во Зимскиот дворец. Јајцето било одземено од Привремената руска влада и преместено во Оружениот замок во Кремљ во Москва заедно со околу 40 други јајца. Во 1930 година, ова јајце било едно од десетте продадени на Галерии Хамер од Њујорк за 8.000 рубљи или околу 4.000 американски долари. Во 1945 година јајцето било последно од петте царски велигденски јајца купени од Лилијан Томас Прат, жена на извршниот директор на Џенерал Моторс, Џон Ли Прат. По смртта на Лилијан Томас Прат во 1947 година, јајцето било подарено на Музејот на современа уметност во Ричмонд, Вирџинија.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Дејвид Парк Кари (1995). „Faberge“. Virginia Museum of Fine Arts. Отсутно или празно |url= (help)
  2. Lowes, Will; McCanless, Christel Ludewig (2001). Fabergé Eggs A Retrospective Encyclopedia. Scarecrow Press Inc. стр. 47. ISBN 0-8108-3946-6.
  3. Lowes 2001, pg. 47
  4. Lowes 2001, pgs. 47-48

Надворешни врски[уреди | уреди извор]