Прејди на содржината

Азовски спомен (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Азовски спомен
Јајцето Азовски спомен
Година на изработка1891
НарачателАлександар III, подарена на Марија Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Оружен дворец, Москва
Дизајн и материјали
МастерМихаел Перхин и Јуриј Николај
Употребен материјалрубин, дијаманти, злато, платина, берил
Висина9,3 см
Изненадувањекопија на крстосувачот „Памјат Азова“

Азовски спомен — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство. Било изработено и доставено на тогашниот цар на Русија, Александар III, кој го подарил на својата сопруга Марија Фјодоровна на Велигден. Моментално се наоѓа во музејот на Оружениот дворец во Москва.

Изрезбано од големо делче на хелиотроп јаспис, познат и како крвав камен, јајцето „Азовски спомен“ е изработено во стил на Луј XV со слоеви злато во стил на рококо со брилијанти и златни цвеќиња. Широката златна положба е пополнето со рубин и два дијаманта. Внатрешноста на јајцето е исполнето со зелено кадифе.

Изненадување

[уреди | уреди извор]

Изненадувањето содржи минијатурна копија на крстосувачот на царската морнарица Памјат Азова („Азовски спомен“, изработена во црвено и жолто злато и платина со мали дијаманти за прозорците, поставено на берил, кое ја претставува водата. Името „Азов“ се појавува на крмата на бродот. Копијата на бродот може да се биде отстранета од јајцето благодарение на јамката.

Историја

[уреди | уреди извор]

Јајцето го отсликува патувањето на цесаревичот Никола и Големиот војвода Георгиј Александрович со „Памјат Азова“ до Далечниот Исток во 1890 година. Патувањето било по препорака на нивните родители за да ги прошири изгледот на иднината на царот и неговиот брат. Во тоа време, Големиот војвода Георгиј страдал од туберкулоза, а патувањето само ја влошила. Цесаревичот Николај бил исто така жртва на обид на убиство при посетата на Јапонија и доживеал сериозна повреда на главата. Иако, царицата го добила јајцето пред овие настани, никогаш не го сакала.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]