Момини солзи (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Момини солзи
Година на изработка1898
НарачателНикола III, подарен на Александра Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Виктор Векселберг
Фабержеов музеј
Година на стекнување2004
Дизајн и материјали
МастерМихаел Перхин
Употребен материјалзлато, дијамант, емајл, рубини, бисери
Висина15,1 см (затворено)
19,9 см (отворено)
Изненадувањепортрети на Никола II и големите војвотки Олга и Татјана

Момини солзи — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство. Било изработено и доставено во 1898 година од ателјистот на Фаберже, Михаел Перхин. Тоа е едно од двете јајца во југендстил (другото е Темјанушки). Јајцето било направено во чест на царицата Александра Фјодоровна.

Моментално е поседувано од еден од руските олигарси, Виктор Векселберг, а е чувано во Фабержеовиот музеј во Санкт Петербург, Русија.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Јајцето е покриено со бисери и на врвот има розов емајл. Јајцето има постолје од зелено-златни ливчиња со обработени дијаманти. Златните момини солзи имаат зелени емајлирани ливчиња и цвеќиња направени од злато нафрлени со рубини, бисери и дијаманти.[1]

Изненадување[уреди | уреди извор]

Изненадувањето на ова јајце е подигнато над јајцето со вртење на копче од златен бисер. Кога целосно ќе се крене, видливи се три портрети под царската круна поставена со рубин: царот Никола II и неговите две најстари ќерки, големата војвотка Олга и големата војвотка Татјана, насликани на слонова коска од Јоханес Ценграф. Портретите се врамени во розови дијаманти и поткрепени со златни панели на кои е впишан датумот 31 јули 1898 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Mieks Fabergé Eggs“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]