Прејди на содржината

Бонбониера (Фабержеово јајце)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бонбониера
Година на изработка1903
НарачателАлександар Келх
ПримателВарвара Келх - Базанова
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Имот на починатиот Кери Пакер, Австралија
Дизајн и материјали
МастерМихаил Перхин
Употребен материјалзлато, дијаманти, халкедон, бисери, проѕирен бел емајл, кадифе
Висина12.7 мм
ИзненадувањеПриврзок внатре во второто јајце

Јајцето Бонбониера е едно од фабержеовите јајца создадено во работилницата на Петер Карл Фаберже за богатиот руски индустријалец Александар Келх кој и го подарил на својата сопруга како велигденски подарок во 1903 година. Бидејќи не бил подарок од руски император кон неговата императорка, не се смета за "императорско" фабержеово јајце, туку, во овој случај, се нарекува едно од седумте "келхови" јајца. Тоа е шесто јајце во оваа низа.[1] Bonbonnière (бонбониера) е кутија за слатки (букв. носач на бонбони) на француски.

Изработено е од злато, дијаманти, халкедон, бисери, проѕирен бел емајл, кадифе. Минијатурната кутија со изненадување внатре во главната кутија/јајце е изработена од ахат и украсена е со камења од исечен брилијант и кабохонов рубин. Во внатрешноста има приврзок од злато и емајл.[2]

  1. Rice, Christopher; Rice, Melanie (1 мај 2013). DK Eyewitness Travel Guide: St. Petersburg. DK. стр. 82. ISBN 978-1-4654-1268-3.
  2. „Bonbonniere egg Faberge 1903“. Faberge-eggs.info. 20 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 2021-05-08. Посетено на 19 април 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]